Доделени се стипендиите кои општината им ги дава на основците и средношколците. За основците се доделени 40 стипендии и 40 за средношколците во висина од 1500ден. По 15 стипендии и за основците и за средношколците се за талентирани ученици и по 25 се за ученици од социјално ранливи категории.
Овие стипендии се во износ од 1500ден. И денес заврши целата формалност околу доделувањето и тие ќе им бидат распределени на учениците, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локаланата самоуправа.
Денес е објавен конкурсот и за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државн…
Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.На 18.01.2020 (вторник) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење…
Во Охрид нема зголемен број на заболени од грип. Од 40тата недела во 2017 заклучно со 52та недела пријавени се само 38 заболени. 32ца од нив се на возраст од 15 до 64 год. Тие се само клинички дијагностицирани, а лабораториски не се потврдени и не е изолиран типот на вирусот на грип. Според овие податоци во овој период од годината за разлика од лани за 97,4% има помалку заболени. И во Струга и Дебар многу е мала бројката на заболени од грип. Епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека навремено се превземаат сите мерки за да не дојде до епидемија од ова заболување.
Очекуваме…
Шаховскиот клуб „Ласкер“ Охрид годинава заокружува 10 години постоење. Јубилејот ќе го одбележи вечерва во дворот на ОУ „Братство Единство“ со играње шах на отворено.
Клубот започна да функционира во 2011 година како секција во склоп на Здружение на математичари. Таа прва шаховска школа ја формира Борис Лушески како претседател на Здружение на математичари заедно со шахистот Методи Ангелковски. Именуван е по Емануел Ласкер, германски математичар со најдолг стаж како светски првак во шах.
Растејќи од 2016-та година на предлог на генералниот секретар на шаховска федерација да се формира к…
Купишта градежен шут секојдневно осамнуваат покрај патот кој води до Велестово. Охриѓани и сопствениците на недвижнини во Охрид кои градат или реновираат и понатака продолжуваат со старите навики и од шутот се ослободуваат растоварајќи го покрај патиштата. Овој пат на удар е НП над бензиската пумпа Билјанини извори како најблиска дестинација за да се ослободат од шутот. Од ЈП „Охридски Комуналец“ се согласуваат дека ова е сериозен проблем за градот. Напоменуваат дека со одлука е забрането одлагање на градежен шут на Мауцкер, а граѓаните, до изнаоѓање на нова локација, треба да го одлагаат …
За една недела охридските пожарникари изгасиле 5 пожари. Од нив 4 интервенции биле гасење на оџаци, а се гасел и еден запален контејнер. Од кога почна грејната сезона од 15 октомври до денес, пожарникарите интервенирале на гасење на 26 оџаци претежно во градските населби, информира Горан Маркоски заменик командир на охридската територијалната противпожарна единица. Од оваа бројка 19 оџаци гореле на индивидуални куќи, а останите биле во колективни згради.
„Споредено со лани во грејната сезона ова е податок кој охарбрува. Се бележи намалување на интервенциите. Веројатно нашите апели до граѓа…
Хотелиерите задоволни како изминаа новогодишните и божиќните празници. Нивните капацитети биле исполнети и до 90%. Гости имало најчесто од соседните држави, а најбројни и овојпат биле оние од Србија.
Минатава нова година, почнувајќи од 24ти декември кога почнаа да доаѓаат гости за католички божиќ во Охрид навистина можеше да се забележи една поголема раздвиженост, посебно за новогодишните празници па и за православниов божиќ па хотелите беа многу добро исполнети, но не можеме да кажеме дека се работи за некаква зимска туристичка сезона, вели Крсте Блажески-претседателот на ХОТАМ.
Блажески…
Охридските храмови по повод Божик, Христовото рождество беа преполни со верници. Црквата Св Никола во населбата Долна Влашка маала беше исполнета со голем број верници кои присуствуваа на божествената литургија. Граѓаните кои со молитва и пост во изминатите шест недели се подготвува за овој голем христијански празник, ја примија светата причест. Меѓу возрасните, голeм беше и бројот на дечиња од различни возрасти кои присувуваа на литургијата и исто така се причестија, а при тоа добија и новогодишни пакатечиња.
Отец Сашо Ристески, парохиски свештеник од овој храм за ТВМ изјави дека пакетчињ…