Јан 30, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски со отчет пред граѓаните

Градоначалникот Јован Стојаноски со отчет пред граѓаните по изминати 100 дена од неговото назначување на оваа функција. Тој рече дека и отчетот е дел од ветувањата кои ги дал за време на кампањата дека ќе работи транспарентно, а охриѓани ќе бидат информирани за се она што се случува во општината. Градоначалникот кажа дека иако времето е кратко, а и периодот во кој беше назначен бил турбулентен заедно со неговиот тим успеале да реализираат некои проекти од суштинско значење за градот. Листата на проекти на општина Охрид за 2018 година е следна: Во лошо време беа изборите, донесувањето на бу…

Јан 29, 2018

Училишните и надзорните одбори во охридските образовни установи тема за политчко препукување во градскиот совет

Советниците од Вмро Дпмне и денес ја напуштија седницата на Советот. Дојдоа и заминаа по првата точка од дневниот ред упатувајќи обвинувања по предлог одлуките за разрешување и именување на членови во надзорниот одбор во градинката и во училишните одбори на општинските училишта. „ Именувањето во училишните одбори и надзорниот е незаконски. Постојат луѓе на кои не им е истечен мандатот, а се менуваат. Целта е назначување на Управни одбори по мерка на локалната власт.Врз основа на тоа управните одбори ќе одлучува в.д. директори да станат официјални директори на училиштата“, рече Кирил Пецако…

Сеп 4, 2021

Воска Спорт одигра нерешено со прволигашот Пелистер

2:2 е резултатот од денешната пријателска средба на Воска Спорт и Пелистер. Натпреварот се играше на стадионот „Грашница“. Тоа беше уште еден доста интересен меч на моменталниот лидер на табелата на Втората македонска фудбалска лига и прволигашот од Битола. Првото полувреме заврши без голови, а во вториот дел од натпреварот гостите поведоа со голот на Сулејмани. Но, вистински пресврт направија Благојче Истатов и Мергим Дани кои постигнаа по еден гол за тимот на Воска Спорт. Во последните секунди од мечот, Борче Маневски постигна гол за конечни 2:2 и ги спаси Пелистерци од пораз. Во т…

Јан 29, 2018

Повлечена точката за Предлог – одлуката за утврдување на висината на надоместокот за поставување урбана опрема

На денешната седница на советот на општина Охрид Предлог, одлуката за утврдување на висината на надоместокот за поставување урбана опрема беше повлечена. Градоначалникот Јован Стојаноски смета дека сосема една ваква постапка е коректна и легитимна посебно кога реагираат граѓаните или сите оние кои се засегнати од одлуката. Тој појасни дека поскапувањето се однесувало во само во делот за поставување маси и столици и утврдувањето на периодот за којшто може да се поставуваат истите. „За некој ден ќе закажиме средба со угостителскиот еснаф и отворено од наша и нивна страна ќе ги просикутираме …

Јан 29, 2018

За седум автентични дрва во Охрид ќе почне постапка за споменици на природата

За седум автентични дрва во различни делови на Охрид ќе отпочне постапка за добивање правен статус споменици на природата. Станува збор за долгогодишна борба, најстариот чинар на плоштадот Македонија, потоа чинарите кај домот на пензионери, Црвен крст, мини маркет, Воска , Кошишта и кочеџикот во дворот на црквата Богородица Перивлепта да бидат заштитени како природно и културно наследство. Со усвојување на предлог одлуката, охридските советници дадоа зелено светло за постапка за добивање на статус на правна заштита. Во иднина, дрвата ќе бидат обележани во урбанистичкиот план и не ќе може ле…

Јан 29, 2018

Пецаков: Нема ништо од големите ветувања на градоначалникот Јован Стојаноски

Нема ништо од големите ветувања на градоначалникот Јован Стојаноски, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на партијата Кирил Пецаков истакна дека во изминативе 100 дена од мандатот на градоначалникот Јован Стојаноски и Локалната власт на СДСМ, виделе само хаос, неспособност и понжување. „Ништо не направи, општинските служби ги остави ништо да не работат, имаме само една недовршена патека во дворот на општината, имаше средба со лице за кое што јавноста ја излажа дека е шеик. Политичките и непринципиелни одлуки и овој пат не го заобиколија Охрид“. Пец…

Јан 29, 2018

Локалната објави распоред за собири на граѓани во УЗ за 2018

Собирот на граѓани ќе се одржи на 05.02.2018 година со почеток во 18,00 часот, во зградата на општина Охрид сала 1,  за жители на урбана заедница 1“ Стар Град“, Собирот на граѓани ќе се одржи на 05.02.2018 година со почеток во 19,30 часот, во зградата на општина Охрид сала 1 за жители на урбана заедница 2 “Центар“, Собирот на граѓани ќе се одржи на 06.02.2018 година со почеток во 18,00 часот,  во просторија во зградата на ОУ “ Св.Климент Охридски “ -Даљан  за жители на урбана заедница 4 “Воска“, Собирот на граѓани ќе се одржи на 06.02.2018 година со почеток во 19,30 часот, во зградата на …

Јан 27, 2018

Србите денеска го слават празникот Св Сава

Со сечење на славската погача, пченица и молитва, денес традиционално припадниците на српската заедница го одбележаа христијанскиот празник Св Сава. Ова е еден од најголемите празници кој го прославуваат србите каде и да се, вели претседателот на српското здружение „Коштана“, Среќко Стојановиќ. „Ние се собираме тука во организација на нашето друштво, сите Срби учествуваме во организацијата, а сите останати ни се гости на славата. Традиционално како што е православието кршиме колач, пченица, а на масата се` што дал господ“ Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои околу 320…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top