Излезе од печат монографијата „Епиграфски споменици од Плаошник-Охрид“ од авторките Славица Бабамова и Калина Кузман – Додевска, во издание на НУ Завод и Музеј – Охрид.
Во оваа богато илустрирана публикација се обработени вкупно 128 епиграфски споменици кои се откриени со долгогодишните археолошки истражувања на локалитетот Плаошник, а дополнителни 13 споменици кои се откриени на други локации во Охрид (Горна порта, Самуилова тврдина и тн.) се вклучени во монографијата за да се добие целосната слика за епиграфските споменици од античкиот Лихнид.
Со марш низ улиците на Охрид на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта во Охрид им се даде подршка на заболени од ретки болести и воедно се одбележа Денот на ретките болести кој секогаш е на крајот на февруари. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот на неговото одбележување во 2008 година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана вистински глобален феномен, со учество од 94 земји од целиот свет во 2017 година….
Општина Охрид стана членка на меѓународната мрежа ЦИВИНЕТ Словенија-Хрватска-Југоисточна Европа. Тоа е мрежа на градови и други субјекти кои на подрачјето на Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија се бави со одржливо планирање и управување на мобилноста (сообраќајот) во градовите. Целта на мрежата е пренос на знаења и добра практика и осмислување на заеднички проекти со кои ќе се финансираат идните активности за одржлив сообраќај и подобра мобилност.
Претставници на Општина Охрид присуствуваа на 5-тото Собрание на мрежата кое се одржа во Крушев…
Во Охрид ноќните температури на воздухот се спуштаат под нулата.Од министерството за труд и социјална политика има препорака до сите центри за социјална работа да ги згрижуваат бездомните лица во прифатилишта.
Дали во нашиот град постојат услови за згрижување на лица без кров на главата или кои живеат во домови под нормални стандарди за живеење се обративме во охридскиот центар за социјални работи. Директорот на центарот не информираше дека во Охрид имаат евидентирано само едно бездомно лице. Кажаа дека нивниот центар не располага со објект каде што би го сместиле ова лице. Се обративме и…
Ј.П.„Охридски Комуналец„ не ги заборави нашите најмали сограѓанчиња. Дежурните служби од раните утрински часови ги расчистија влезовите и пристапните патеки до сите објекти на детската установа ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ .
Патеките се посипани со абразивни средства за да им обезбедиме на дечињата безбеден пристап доградинките.
Абразивни средства се нанесени на тротоарите и пешачките патеки во поширокото градско подрачје.
Снегот не ги изненади екипите на ЈП “Охридски Комуналец„. Директорот Љупчо Грданоски вели дека екипите од ова претпријатие во изминативе два дена 24 часа се на терен и го чистат снегот кој наврна. Патиштата се посипени со околу 100 кубици песок и ризла. Освен што се чистени улиците во централното градско подрачје интервенирано е и во околните села, а снегот се чистел и од тротоарите.
Отсечени места нема, но според категоријата на улиците најпрво реагиравме во стариот дел од градот и во населбата „Гоце Делчев“ бидејќи според местоположбата таму е и најкритично бидејќи улиците се многу стрмн…
Единицата за спасување на планина и непристапни терени на ОО ЦК е подготвена за интервенции. Волонтерите ќе одговорат на потребите од сограѓаните кои во овие зимски денови ќе се јават во нивниот центар и ќе побараат помош. Од денешната координација помеѓу Црвен крст и Центарот за управување со кризи било утврдено дека во моментов нема одсечени села во околината и жители во ризик, информира Сашо Точков.
„ До нас не се пристигнати никакви барања нити јавувања од ЦУК за дејствување на нашата единица за спасување на планина и непристапни терени или за она што го објавивме од денес волонтерите …
Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа за решавање на проблемите во сообраќајот и за воведување смс систем на паркинзите во градов. Планирано е поставување рампи во стариот дел на градот на двата негови влеза со што ќе се регулира сообраќајот во летниот период.
Овај пат Локланата ќе се потруди да понуди издржливо решение кое во најголем дел ќе одговори на она што значи предизвик за зголемениот сообраќај и зголемениот број возила во текот на летниот период. Во тек се анализи што нам како на локална ќе ни биде попрактично и финансиски поисплатливо, вели Томе Џамтоски, портпарол на Ло…