Мар 2, 2018

Планинарски акции организирани на Фејcбук

Во последно време се почесто се организираат планинарски тури кои не ги исполнуваат критериумите ниту на туристички, ниту на спортски тури, вели Антонио Додевски, генерален секретар на македонската асоцијација на интернационални водичи на планина. Учесниците на овие тури многупати се без никакво претходно искуство во планинарството, ниту пак имаат некаква физичка подготовка, а и опремата која ја носат со себе најчесто не соодветствува со потребите на една ваква планинарска тура. Со тоа се зголемуваат ризиците и опасностите по безбедноста на членовите на групата па едно вакво доживување може…

Мар 2, 2018

СОНК на средба со министерката за образование

Состојбите околу социјалниот дијалог и партнерство, состојбите околу зачестените отпуштања од работа на синдикалните функционери и отпуштања во дејностите на детска заштита,во основното и средното образование, се се полоши, обвинуваат од СОНК. Преставници од овој синдикат во текот на вчерашниот ден имале работна средба со Министерката за образование и наука, Рената Дескоска на која се дискутирало за голем број прашања во делот на претходно изнесените ставови. Социјалниот дијалог и партнерство во последно време е на најниско ниво, реформи во образованието се прават без почитување на репрезе…

Фев 16, 2022

,,ПАРИ” ОТКРИВА: Поразителен раст на бројот на затворени фирми лани-близу 7.000

Драстичен раст на бројот на затворени компании минатата година. Податоците говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании или поточно 6.993 фирми ставиле клуч на врата. Во однос на 2020-тата година бројките покажуваат зголемување на бројот на згаснати фирми за дури 782 (во 2020-тата не преживеале 6.211 компании), обелоденуваат податоците од реномираната бизнис платформа БизнисМрежа.мк. Од друга страна, анализата на ,,ПАРИ” покажува дека самите економски показатели за 2021 година се поповолни отколку за 2020 година. Имено, 2020 година е завршена со пад на бр…

Мар 2, 2018

Охрид меѓу водечките градови во земјава по број на случаи на семејно насилство

Охрид меѓу водечките градови во земјава по број на случаи на семејно насилство. Последниве 4 години има тенденција на зголемување на семејното насилство и според податоците на Центарот за социјална работа, само изминатата година, над 200 жртви го пријавиле истото. Експертите по оваа проблематика сметаат дека тоа се должи на се поголемата развиеност на свеста на жената односно жртвата да го пријави насилството. Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трибина на тема. „Семејно насилство и насилство врз жената“. Претседателката на Советот, Живка Ангелоска истакна дека трибината имала две …

Сеп 7, 2021

Сончево време со температура до 24 степени во Охрид

Времето денеска во Охрид сончево со умерена облачност попладне. UV индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени. Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда кон крајот на денот и во четврток, информираат од УХМР.

Мар 2, 2018

Концерт на Каролина Гочева на 9-ти март во Охрид

Во организација на FEEL Продукција, наскоро во Охрид ќе се одржи охридска промоција на новиот албум на неповторливата Каролина Гочева „Извор“.- Дојдете и слушнете ги песните од последниот албум на Каролина во живо, а сите заедно ќе се потсетиме и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“. Повторно повелете „СИТЕ ВО ОХРИД“, да се забавуваме со квалитетна музика и артисти. Ќе имаме еден фантастичен 8-мо мартовски викенд во нашиот прекрасен Охрид, порачуваат од FEEL Продукција.Концертот ќе се одржи во петок, 9-ти март, во Спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 21:00 часот…

Мар 1, 2018

Обесштетувањето од земјотресите заглавено во владината комисија

Домовите на 15 охридски семејства не се за живеење поради сериозни оштетувања од земјотресот со јачина од 5.1 степен според рихтер кој го погоди Охрид лани на 3 јули. Овие и уште околу 800 други граѓани кои поднесле барања до Локалната комисија за проценка на штети, сеуште чекаат од државата да ги обесштети. „Има граѓани кои поради оштетувањата на објектите буквално нема каде да живеат па моментално се наоѓаат кај роднини и пријатели.“ вели Раде Велјаноски, претседател на општинската комисија за проценка на штети.Од земјотресите кои го погодија охридскиот регион лани летото беше утврдена шт…

Мар 1, 2018

ОК Вмро Дпмне обвинува: Градоначалникот Јован Стојаноски вработува партиски кадри

Градоначалникот Јован Стојаноски го затскрива полнењето на администрацијата со партиски подобни кадри, обвинија денсе на прес конференција од ОК на Вмро Дпмне. „ Општина Охрид распишала оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за привремени вработувања за потребите на Општината. Според објавата на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 7.564.005 денари без ДДВ во период од една година. Класичен пример за недомаќинско работење“, кажа Божиноски. Потенцираме дека декларираната заложба за транспарентност, отчетност и засл…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top