Дечињата од градинката Јасна Ристеска го одбележија првиот пролетен ден. Иако пролетта годинава започна врнежливо и тмурно сепак најмалите охриѓанчиња внесоа топлина со своите костими и игри. Поради временските прилики изостана дефилето на градскиот плоштад но првиот пролеттен ден беше одбележан во сите клонови на градинката. Облечени во пригодни маски на пеперутки, цвеќиња, сонце,буба мари во програмата учествуваа дечиња на возраст од 4 до 6 години и ова е најубав начин тие да научат што е пролет, како се буди природата, растенијата, животните, инсектите. Програмата ја следеа голем број …
Посетеноста на археолошките и музејските локалитети во Охрид и крајбрежјето е задоволителна оваа летна сезона доколку ја споредиме со минатата година, информира Мишко Тутуткоски, директор на НУ Завод и музеј Охрид. Додава со жалење дека споредбите на посетеноста со претходните години се катастрофални заради светската пандемија.
Оваа година на сите локалитети и сите музеи со кои ние стопанисуваме имаме 10 пати зголемена посетеност во однос на минатата година. Но, ако се вратиме на годините пред пандемијата ние може да констатираме дека има 50 проценти помал број на посетеност на сит…
Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, синоќа го одбележа својот патронен празник. Со богата програма подготвена од учениците и од нивните ментори им го задржаа вниманието на посетителите кои ја наполнија салата во Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорот на училиштето Ѓоко Чингоски пред присутните изрази огромно задоволство и чест што е прв човек на ова училиште кое едно од најстарите во државава. Тој кажа дека неговото континуирано постоење е проследено со постојан раст и развој и подобрување на условите за работа и учење.
Имаше реконструкција на училиштето во износ од 100…
Анастазија Жупан својата дарба за сликање ја претстави на изложба. Во бистро Корнер таа изложи десетината слики со мотиви на цвеќиња. На тој начин се вклучи во одбележување на денот на лицата со Даунов синдром. Изложбата ја посветува на својата неодамна почината баба Здравка Жупан. Преку веселите бои на своите цртежи таа открива колку го сака животот. Изложбата има хуманитарен карактер и собраните средства сака да ги донира во НВО „Порака Нова“ и да ги израдува децата кои се дел од оваа организација. Анастазија се радува на пролетта, а сака да учи сликарство.„ Ги сакам убавината, пролетта, …
„Напиши стих – купи кафе“ . Под ова мото денес во Тераса Аквариус љубителите на пишаниот збор го одбележаа Светскиот ден на позеијата. Организаторот Дамјана Видическа вели дека оваа иницијатива е резултат на следење на светските примери каде што ваквите настани се одржуваат години наназад.
„Одлучивме да ги натераме граѓаните на Охрид да бидат креативни и да им се приклучиме на ваквите настани и да го одбележиме Светскиот ден на поезијата. Многу сум среќна што дојдоа студентите и повозрасни граѓани и очекуваме и повеќе“
Еден од иницијаторите на денешната активност е и Алберта Гулицоска. Та…
Со цел да не се заборави класичната уметност и современата литература, денес во Охрид беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Роднокрајните поетеси во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денес презентираа дел од своите творби. Познатиот охридски писател Тоде Илиески истакна дека годинава денешниов ден е троен празник, што е ден на поезијата, е и ден на екологијата и пролетта.
„За да направиме врска со светската поезија ќе биде претставен Шеј Маскини, ирскиот поет нобеловец од 1995 година кој е познат и на македонската публика бидејќи беше учесник на Струшките вечери на поезијата и затоа што…
Владата на 60тата седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и „Синохидро корпорејшн лимитид“.– Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница Кичево-О…
Ј.П.„Охридски Комуналец„ симболично го одбележа првиот ден на пролетта со засадување на декоративни дрвја од видот црвена слива (prunus cerasifera).
Засадени се вкупно 50 садници на следните локации: покрај пешачката патека пред х.Палас, на влезот во Охрид кај сообраќајната клучка и покрај новоизградената патека кај каналот Студенчишта.Овие дрвја имаат атрактивен изглед и имаат средна висина на раст. Во почетокот на април создаваат крошна целосно прекриена само со цветови во розова боја, а потоа по паѓањето на цветовите се формира крошна од листови со темно црвена боја. Погодна е за кли…