Мар 31, 2018

Матиловска: Димитар сеуште е дел од мојот живот

Драгица Матилоска ја објави својата втора книга под ист наслов како и првата „Мојот Живот после изгубен живот“. Мајката чие што момче свирепо беше убиено и оставено на ладната калдрма пред Табана, не престанува да пишува и твори, евоцирајќи ги спомените на својот 26 годишен син Димитар, кој премлад заврши на студените градски гробишта. Таа кажува дека живее за да ги исполни ветените обврски пред нејзиниот син, да има кој да ја отвори куќата и да го запали светлото, кој да го навади лимонот и да пие кафе на тераса во нивната куќа во Варош. „Живеам да живее и домот во кој живее духот на мојо…

Мар 31, 2018

Пролетва ќе се реконструира сцената кај Долни Сарај

Ќе се осовремени сцената кај Долни Сарај. НУ Фестивал „Охридско лето“ оваа година со пари од Министереството за култура ќе инвестира на овој простор кој е еден од најрепрезентативните и најубавите како сцена за различни културни збиднувања. За прв пат имаше слух да се издвојат средства за санација на сцената на Долни Сарај. Министерството годинава не стави во програмата за инвестиции, средствата во висина од 1милион и 400 000 ден. ќе бидат доволни да се санира она што е најгорлив проблем на Долни сарај, а тоа е самата сцена и гледалиштето, вели Сузана Вренцоска, Директорката на НУ Фестивал…

Мар 31, 2018

Преработка на охридската староградска песна, идеја за нов проект на охридскиот театар

Охридскиот народен театар годинава во својата програма ќе има можност во својот репертоар да вметне претстава плус. Станува збор за соработка која што досега не е реализирана со Локалната самоуправа на општина Охрид, вели директорот Стрезо Стаматоски, кој појасна за што станува збор. „За прв пат оваа година од постоењето на театарот, оваа година во преговори со градоначалникот Јован Стојаноски сме за Локалната самоуправа да одобри одредени средства за да се направи уште една претстава, сега засега само е преговарано во однос за тоа имаме зелено светло“. Доколку се реализира проектот кој т…

Мар 30, 2018

Бреинобреин генијалците од Охрид се сретнаа со градоначалникот Стојаноски

Охридските бреинобреин генијалци на средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Тие пред првиот човек на градот се пофалија со постигнатите резултати од првиот Национален Бреинобреин натпревар „БОБ ФЕСТ Србија 2018“ кој се одржа на 18 ти март во Белград. „Освоивме се што може да се освои таму бидејќи навистина бевме вон конкуренција бидејќи другите центри околу нас се стигнати до 6, 7 ниво. Така да сме лидери и она што е многу важно и за општината и за нас како центар голема желба пројавија од Центарот во Виена во Австрија и од бреинобреин центарот во Сараево во БиХ да дојдат овде и да бид…

Мар 30, 2018

Богат асортиман на саден материјал во Расадникот

Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. Ј.П.”Охридски Комуналец” Охрид преку Секторот за паркови и зеленило врши одржување и уредување на јавните парковски површини. Исто така врши производство и продажба на украсни дрвца, грмушки и сезонско цвеќе, изработка и изведба на хортикултурни рашенија на приватни паркови и одржување на дворни места. Виолата (народски позната како оче) е сезонско цвеќе кое ги краси дворовите и зелените површини во периодот март-јуни, по што ќе се обнови со нова летна цветна реколта. Нашиот расадник располага со најрознови…

Мар 30, 2018

НУ Фестивал „Охридско лето“ забрзано се подготвува за да понуди уште едно успешно издание

Се интензивираат подготовките околу овогодинешното издание на Фестивалот „Охридско лето“. Останува да се потпишат уште неколку договори после што ќе биде обелоденета и целокупната програма во која ќе може да ужива публиката од 12 јули до 20 август. Директорката на НУ Фестивал Охридско лето, Сузана Вренцоска ветува успешно фестивалско издание и квалитетно селектирана програма. Фестивалот „Охридско лето“ интензивно веќе подолг период работи на програмата и прибирање понуди од врвни уметници, нивна поширока селекција. Сега останува уште да се дофинализираат некои ставки од договорите и за бр…

Мар 30, 2018

Градските улици во Охрид полни со ударни дупки

Возиме по раскопани градски улици, се жалат охриѓани. Тие сметаат дека состојбата со коловозите е очајна и посочија дека речиси и да нема улица во градов без дупка или крпеница. Дел од нив се загрижени и поради неодговорниот пристап на надлежните, кои дополнително ги раскопуваат улиците за поставување на канализација, а потоа со години прекопите не се санираат односно улиците не се враќаат во првобитната состојба. „Ова е проблем не е мал туку е голем и страмота е не верувам дека некаде го има ова во Македонија а камо ли во странство. дупките не се безбедни….на времето се преземаа мерки. …

Сеп 9, 2021

Физичка пресметка на бензинска пумпа во Охрид

На 7-ми септември 2021 година, околу 00:10 часот, С.Д. од Охрид пријавила во СВР Охрид дека во близина на бензинска пумпа во Охрид е нарушен јавниот ред и мир. Пријавена е физичка пресметка помеѓу 28-годишниот Б.О. од селото Новак, Центар Жупа од една страна и 20-годишниот E.Б. и 37-годишниот Е.Б., двајцата од Република Турција од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР. 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top