Апр 6, 2018

Николовски: Измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на охридската пастрмка и белвица

Измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на охридската пастрмка и белвица, најави Љупчо Николовски, министерот за земјоделие шумарство и водостопанство. Тој кажа дека во моментов се работи ревизија на риболовните основи, како и тоа дека во тек се постапките на изработувачите односно научните институции. „Ние со министерот од Албанија разговаравме за засилените контроли кои ќе следат и од албанската страна, не информираше дека веќе има преземенп мерки и активности и разговори со задругата која што управува во делот на охридското крајбрежје од страната на Албанија и на…

Апр 5, 2018

„Ангел Тренд“ изненади со ново продажно место

„Ангел Тренд“ изненади со ново продажно место. Отвори нов home centar на ул. „15 ти Корпус“ на патниот правец Охрид – Битола. Оваа компанија е една од најуспешните во градов која годинава веќе станува полнолетна со 18 годишно постоење на охридскиот пазар. Како фирма сто веќе долги години е присутна на пазарот целта ние да им овозможиме на нашите сограѓани да имаат уште едно пријатно место за пазарење, вели Надица Јолакоска менаџерот по продажба во оваа фирма. „Во home centar ја имаме цела опрема за домаќинство, исто така имаме постелнини, бела техника, играчки од реномирани фирми ќе имаме …

Апр 5, 2018

Бесплатен паркинг за Велигден

ЈП Билјанини Извори по повод големиот христијански празник Велигден донесе одлука на ден 08. 04. 2018 година (недела) користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници.„Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник“- велат од јавното претпријатие.ЈП Билјанини Извори им го честита празникот на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и иселеници од православна вероис…

Апр 5, 2018

Нема повеќе паркирање позади хотел Ревиера

Нема повеќе паркирање позади хотел Ревиера или на паркингот кај киното како што милуваат да кажат охриѓани. Деновиве сопствениците на овој плац местото го оградија со столбчиња. Со овој паркинг досега стопанисуваше ЈП „Билјанини извори“, а години наназад на ова место се најавуваше и изградба на катна гаража која ќе го реши проблемот со паркирањето во централнот градско јадро. Дирекотрката на ЈП Гордана Јованоска, ја открива причината поради тоа. „Тој дел што е заграден е во приватна сопственост и ние како ЈП не можевме да се договориме затоа што цената која што тој ни ја понуди не беше за …

Апр 5, 2018

Охридските основци и децата од градинката беа дел од проектот Живеј здраво, живеј безбедно

Основците од повеќе охридски училишта и од детската градинка Јасна Ристеска се вклучија во проектот кој се одржа под мотото „Живеј здраво, живеј безбедно“. Учениците преку забава се здобија со знаења како да стекнуваат здрави животни навики. Во организација на општина Охрид на овој начин беше одбележан Светскиот ден на здравјето 7 април. Во проектот активно се вклучија волонтери од ОО ЦК. Тие презентираа како се дава прва помош при повреди. Младите се многу заинтересирани за споделување знаења од оваа област, кажува волонтерот Георги Ставрески. „Преку цела година Црвен крст спроведува едук…

Апр 5, 2018

Започна пријавувањето за субвенции за ПВЦ прозори и сончеви колектори

Министерството за економија и годинава ќе ги покрива дел од трошоците на граѓаните за поставување на сончеви колектори на покривите  и за замена на старите со нови прозорци. Граѓаните може да поднесуваат барање за надомест на дел од вложените средства.  Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен сè до искористување на предвидените средства. За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата обезбеден е буџет во износ од 30.000.000 денари . Граѓаните ќе добиваат  50 отсто од средства инвестирани во нови П…

Сеп 9, 2021

Осум нови наслови за читaтелите

Оваа недела НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид промовира уште осум нови наслови од областа на белетристиката кои уште од денеска можат да се позајмат на пултот за издавање. Се работи за следните книги: „Некој близок“ од Кара Хантер, „Проблемот со бившите“ од Лорен Лејн, „Длабоко во темнината“ од Ен Лорет Вајт, „Се случи една есен“ од Лиса Клејпас и „Шепкачот“ од Алекс Норт сите во издание на Сакам книги. Во новата понуда се и две изданија на Матица македонска, „И боговите имаат Интернет“ од С.В. Мучкајева и „Златниот час“ од Јона Греј. По неодамнешната промоција во организација на…

Апр 4, 2018

Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови

Општина Охрид со проект за реконструкција на кејот ќе аплицира за добивање средства од европските фондови. Локалната забрзано работи на овој проект откако пред извесно време Владата најави дека со 18 милиони евра грант од Европската унија преку ИПА 2 програмата и сопствени средства во висина од 3,2 милиони евра ќе ја подобрува локалната конкурентност во туризмот во Македонија. Средствата ќе се доделуваат преку Програмата за локална и регионална конкурентност која се спроведува како партнерство помеѓу Владата на РМ , ЕУ и Светската банка. Проектот за реконструкција на кејот беше изработен уш…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top