Апр 25, 2018

Мултиетничка интеграција преку проектот „Мулти Зборко“

Мулти Зборко претставува дигителен едукативен ресурс наменет за деца од 5 до 10 годишна возраст. Станува збор за повеќејазична визуелна апликација која се применува во основното образование. Во овој проект се вклучени повеќе училишта во земјава, но ОУ „Григор Прличев“ е во главните три пилот училишта во кои што се реализираше, продуцираше и се правеа истражувањата за оваа апликација, вели професор Марина Танасоска. „Училиштата беа избрани според неколку критериуми односно се вклучени групи од повеќе етнички групи, освен од македонската етничка група вклучени се Албанци, Турци, Роми, додека…

Апр 25, 2018

ЕД Грашница со алтернатива: Да се засили селектирање и рециклирање на отпад наместо изградба на депонии

Охридските еколози од Грашница се против изградба на регионална депонија во Дебрца или на било која друга локација. Нивниот предлог е да се продолжи со веќе започната селекција за собирање и рециклирање на отпадот од јавните и приватните претпријатија. Алтернативата ја гледаат преку едукација и пропаганда да се продложи со рециклирањето на отпадот и да се добива економски бенефит. На терен ги имаме садовите за собирање на отпад, а може да им се помогне и на собирачите на отпад, вели Стојаноски. „Наместо да се дадат 40 милиони евра за депонија во Дебрца или некаде во Македонија за останатит…

Апр 24, 2018

Охриѓани не се вознемирувајте, МВР подготвува показна вежба во Охрид

По повод 7 ми мај, Денот на македонската полиција за прв пат во Охрид ќе се одржи показна вежба на 5 ти мај. Подготовките за истата веќе почнаа. Уште денес охриѓани слушаат татнежи кои доаѓаат од градското пристаниште, во тој дел парадира и хеликоптер а таму и небото е обоено со жолто црвен чад. „СВР почнувајќи од денес па се до 5 ти мај годинава на градското пристаниште во Охрид ќе ги реализира подготовките за показна вежба.Од СВР Охрид соопштуваат граѓаните да не се вознемируваат бидејќи во текот на подготовките ќе се употребуваат техничко тактички средства и опрема“ Од СВР Охрид информ…

Сеп 11, 2021

АСФАЛТИРАНИ ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ „МОМЧИЛО ЈОРДАНОСКИ“ И „ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА“

Асфалтиран дел од улиците „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“. На „Момчило Јорданоски“ се асфалтира делот од кружниот тек до пресекот со улицата „Прва македонска ударна бригада“ во должина од 230 метри и ширина од 5,70 метри, а делот кој се асфалтира на „Прва македонска ударна бригада“ е во должина од 840 метри во насока кон манастирот „Св. Атанасиј“, а ширината изнесува 4,50 метри. Активностите за асфалтирање се реализираат согласно годишниот план за асфалтирање на општина Охрид, а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа.

Апр 24, 2018

Каде ќе се поставува урбана опрема

Во тек e огласот за прибирање понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема. Секоја година општина Охрид издава површини за поставување на урбана опрема за комерцијално користење и тоа за продажба на сладолед на 12 локации, книги на 4 локации, на 8 локации продажба на сувенири, како и продажба на уметнички слики на 8 локации, а храна ќе се продава на 10 локации. Годинешната програма има измени од минатите години, а највпечатливо е тоа што значително е намален бројот на одобрените локации за поставување урбана опрема особено оние на кои ќе се продаваат суве…

Апр 24, 2018

И годинава во Цер, кичевско се одржа панихида на вечното почивалиште на големиот охридски револуционер Христо Узунов

На спомен обележјето во селото Цер, Кичевско, каде пред 113 години се случи херојската саможртва на војводата Христо Узунов и неговата чета, денеска се одржа панихида, проследена со пригодна програма. По панихидата, пред присутните, за ликот и големото дело на војводата Христо Узунов, зборуваше проф. Виолета Петкоска, историчар. „Треба да сме среќни зошто имаме од кого да учиме. Ова е мигот кога зататнило оружјето, а затаил разумот. Секоја година ми доаѓаат помислите како и е на секоја мајка која не можела да го сврати своето чедо од идејата да биде пример за идните генерации. Нашата мајка…

Апр 24, 2018

Проф. Марина: Постоењето регионална депонија е насушна потреба

Изградбата на регионална депонија во атарот на село Годивје не само што ја крена јавноста од овој регион туку по ова прашање се изјаснија и експерти од архитектонскиот факултет од Скопје. Деканот на овој факултет професор Огнен Марина вели дека за жал како установа не биле вклучени во процесите, бидејќи и во тој дел има планирање, но смета дека постоењето регионална депонија е насушна потреба. „Собирањето на различни видови на отпад има суштинско значење на квалитетот на живеењето во градовите. Во однос на потребите за регионални депонии јас би рекол со една резерва со оглед дека не сме вк…

Апр 23, 2018

И оваа сезона улицата „Македонија“ ќе биде сообраќајница

Улицата „Македонија“ и престојнава туристичка сезона останува сообраќајница, открива првиот човек на градот, Јован Стојаноски. Денес во Охрид беше презентирана тренинг програмата за адаптирање на оваа улица во пешачка зона. Градоначалникот кажа оваа програма сеуште е во рана фаза која се состои од размислување и проектирање на идниот изглед на улицата „Кеј Македонија“, додавајќи дека општина Охрид досега го завршила само тендерот за изработка на режимот за сообраќај. “Во рамките на тренинг програмата за урбан холистички пристап, понатаму треба да предизвика и донесувње на интегрирана урбан…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top