Апр 25, 2018

Средношколци од Каен во посета на општина Охрид

Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес прими група од 20 средношколци  и четири професори од најголемата гимназија со 2 300 ученици од  градот Каен- Долна Нормандија. Заменик градоначалникот Георгиевски им посака  пријатен престој на гостите  во градов  по што беше информиран дека посетата на Охрид и Македонија има лингвистички и културолошки аспект. Од една страна учениците од Франција на соучениците Македонци им помагаат во изучување на францускиот јазик, а од друга страна  француските деца поблиску ја  запознаваат македонската култура и историја.На средбата беше и…

Апр 24, 2018

Одбележан патронатот на ОУ„Христо Узунов“

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, синоќа, ОУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.На пригодната свеченост на која присуствуваа градоначалникот Јован Стојаноски, директорите на јавните претпријатија, родители и наставници, учениците се претставија со богата културно уметничка програма.

Апр 24, 2018

Награди за младинската организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ на „Образовно Рандеву 2018“

Младинската организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ освои  две први  и едно трето место на манифестацијата  „Образовно Рандеву 2018“ , што ја организира Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Екипата на ОУТУ „Ванчо Питошески“  составена од 30 ученици се претстави во девет категории, преку различни натпревари со штанд, драмска претстава, модна ревија, поетска творба, серва, баскет, пинг-понг, фотографија и  видео-реклама, при што ги покажаа сите свои способности, знаења, умеења и вештини презентирајќи  се во најдобро светло.

Сеп 12, 2021

Воска Спорт оди на победа против Вардар во Скопје

Денеска ќе се одигра дербито на 3.коло во ВМФЛ – ЗАПАД меѓу Вардар и сегашниот лидер на табелата, квалитетниот состав на Воска Спорт. Клуб кој покажа со досегашната работа дека не се шегува и дека оди на највисок пласман сезонава. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Борис Трајковски во Скопје со почеток во 16 часот.

Апр 24, 2018

Рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива површина и по грло добиток за 2018 година истекува на 15 Мај

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на република Македонија и  Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, ги потсетува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за мерките по обработлива површина и по грло добиток за 2018 година ќе трае до 15 Мај.Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од барателите.Доколку барателите имаат потреба од помош при создавање на електронско барање, може да се обратат во подрачните единици на Министреството за земјоделств, шумарство и водостопа…

Апр 20, 2018

Охридските гимназијалци на „Денови на демократска култура” во Белград, Србија

Учениците од Охридската гимназија “ Св. Климент Охридски “ од Охрид со поддршка на Општина Охрид во периодот од  13 до 15 април во Белград  беа учесници на манифестацијата „Денови на демократска култура“. Овој настан во организација на Земунска гимназија е дел од проектот на Советот на Европа “ Развој на демократската култура во училиштето”.Беше  реализирана округла маса со тема  „ (Не) постои  Ученички парламент’’на која учество зедоа гимназијалци од повеке  гимназии од регионот – Македонија, Словенија,  Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Србија.На манифестацијата нашите ученици Ковачески Кир…

Апр 23, 2018

Градоначалникот Стојаноски се обрати на меѓународната конференција „УЛОГАТА НА НАУКАТА И ИСТРАЖУВАЊЕТО ВО ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА БАЛКАНСКИОТ РЕГИОН“

Во рамки на завршната дискусија на меѓународната  „Хумболт“ конференција, организирана од „Хумболт и ДААД клубот“ од Македонија со поддршка на „Александер фон Хумболт“ од Германија, свое обраќање имаше градоначалникот Стојаноски. „Конференцијата е посветана на една извонредно важна тема: „На вратата на Европската Унија- Улогата на науката и истражувањето во одржливиот развој на балканскиот регион“ . Во изминативе денови, видни имиња од областа на науката, добитници на стипендии од престижните германски фондации ДААД и Александер фон Хумболт од балканските простори и гости од Италија и Јорда…

Мај 2, 2018

Во Охрид,на 27 мај, централно одбележување на 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија

Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија. Централното одбележување ќе се одржи во катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Св. Софија“ во Охрид на 27 мај.Со оглед на важноста на милениумски неповторливиот јубилеј, како во рамките на Република Македонија, така и во цела Европа, Владата на Република Македонија формира работна група за утврдување на програма за одбележување на јуби­лејот 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископи…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top