• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Во Охрид,на 27 мај, централно одбележување на 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија

Во Охрид,на 27 мај, централно одбележување на 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија

Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија.

 |   | 

Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија. Централното одбележување ќе се одржи во катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Св. Софија“ во Охрид на 27 мај.
Со оглед на важноста на милениумски неповторливиот јубилеј, како во рамките на Република Македонија, така и во цела Европа, Владата на Република Македонија формира работна група за утврдување на програма за одбележување на јуби­лејот 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија од страна на државата, со претставници од следните инс­ти­­туции: Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Службата за општи и заеднички работи, Музејот на Маке­до­нија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, општина Охрид, Македонска филхармонија и Право­славниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top