Јавните тоалети во Охрид кои требаше да бидат пуштени во употреба во декември минатата година ќе бидат ставени во функција пред почетокот на главната туристичка сезона. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец, кажува дека Локалната самоуправа со одлука им ги дала на управување минатата недела. Претстои проширување на работниот план за јавни набавки а потоа ќе следи тендер за поставување на систем за наплата за користење, напоменува Грданоски. Петте јавни тоалети се веќе поставени на две локации, три наспорти судот и два кај Горна порта. Тоалетите кај Горна Порта сеуште немаат при…
Ќе се врши реконструкција на улицата „7ми Ноември“. Локалната тоа го предвиде со годишната програма бидејќи според сондажите кои се направени од страна на Секторот за комунален развој сообраќај и патишта оваа сообраќајница која е една од поглавните артерии во градов навистина е во незавидна состојба. Коловозот е исрешетан со ударни дупки, тротоарите на добар дел од улицата се ископани или воопшто ги нема, велосипедските патеки кои се направени уште пред четириесетина години се издигнати над коловозот и никој не ги користи, а на делот пред маркетите кои се сконцентрирани на оваа улица речиси…
Нашиот град сеуште нема капела за погреб на починатите муслимански верници. За изградба на овој објект пред околу 7 години на охридските градски гробишта беше поставен само камен темелник и од тогаш па се до денес се чека донесување на деталн урбанистички план за тој дел. Новиот директор на ЈП „Градски Гробишта“, Ванчо Костоски за ТВМ открива дека на негово инсистирање остварил разговор со претставници на исламската верска заедница, за повеќе проблеми кои треба престојниов период да се решат.
„Имав некој добар разговор, веќе некои запоставени работи во минатите години во муслиманскиот дел …
Во моментов не работи електричната инсталација на дел од мостот на каналот Билјанини извори. Поголемите пловни објекти не можат да влезат и излезат од каналот бидејќи делот кој се спушта и подига на мостот не е во функција, информира Горан Устијаноски, капетан на Капетанија на Пристаништа на РМ за состојбата во која сега е мостот.
„ Мостот не е во функција од безбедносни причини со електричната инсталација бидејќи доаѓаше до прокиснување во машинската соба. Таа мора да е адекватно санирана. Немајќи сопственик бараме преодни форми како да ја санираме работата“, вели капетанот Устијаноски.
…
На 9-ти мај во организација на Медиа спорт од Словенија, а под покровителство на Општина Охрид, градов ќе биде домаќин на голема детска спортско- рекреативна манифестација „Жогарија- Лоптарија“ што ќе се одржи кај Скеј паркот после мостот со почеток во 10 часот.На настанот учество ќе земат 160 деца од осумте основни училишта од општина Охрид и од детската градинка „Јасна Ристеска“. Тие ќе се натпреваруваат во неколку игри, „Три на три“, фудбал, игра на вештини и квиз на знаење. Овој спортско рекреативен настан којшто има традиционален карактер годинава ќе се одржи во осум држави…
Стенд ап комеди екипата од Охрид и Џез Ин Ве канат на последното шоу во оваа година. Најдоброто од 2021 зиповано во час и половина ултра смешен материјал. Настанот е закажан за вечерва, 30-ти декември со почеток во 20 часот.
Учествуваат : Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Илија Богданоски, Зоки Донев и Јован Цветкоски.
Билети може да резервирате на телефонскиот број 075 283 066, а еден билет чини 250 денари.
Во Центарот за Култура „Григор Прличев“, викендов се одржа 20-то издание на фестивалот на детски песни „Распеано рибарче“.Во преполната сала „малите рибарчиња“, родителите и организаторите ги поздрави градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски кој истакна дека на денешно време не е лесно да се опстои толку долг период на фестивалската сцена. Градоначалникот ги поздрави и првите настапувачи на фестивалот во далечната 1998 година кои беа меѓу присутните и подвлече дека во рамки на можностите општината ќе го поддржува фестивалот и во наредните години.Годинава фестивалот донесе 15 н…
На 11.09.2021 година околу 19 часот, во СВР Охрид приведен е Н.М.(34) од охридското село Велгошти кој претходно, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Кленоец” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, а потоа и кон полициските службеници. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.09.2021 година во 20,20 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар на возило кое се движело по улицата „7 ноември” во Охрид, во кој, нема повредени лица. Од извршениот увид, констатирано е дека, пожарот настанал во патнички автомобил „Фиат Пунто” со охридски …