Локалната самоуправа објави јавен повик до граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека невремето проследено со ветер, силен дожд и град кое го зафати подрачјето на Општина Охрид на 06.05.2018 година, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( земјоделски површини засадени со култури, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 08.05.2018 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на теле…
Инвалидски колички, кревети, душеци, сталаци за инфузија и друга медицинска опрема доби денес Општата болница во Охрид. Тоа е дел од донацијата која и беше дадена на болницата од страна на Здружението за христијанска помош од Визмар, Германија кое има повеќегодишна соработка со градов. Директорката на болницата Славица Малеска рече дека опремата пред се е наменета за детското одделение, но некои помагала ќе бидат распределени и на останатите одделенија.
Секоја донација е добредојдена посебно во овие тешки времиња за болницата. Соработката со здружението ќе продолжи и понатака но и со други…
Во општина Охрид и на териториите на Струга, Вевчани и Дебрца кој ги покрива СВР Охрид полциските службенници работеле ефективно. Портпаролот Стефан Димовски на Денот на полицијата ги сподели полициските аналитички податоци според кој во периодот меѓу двата празника во СВР Охрид има зголемена откривачка функција на полициските служебници од 40 проценти во споредба со претходниот период кој изнесувал 36 посто. При нарушувања на јавниот ред и мир полициските службеници постапиле во 51 случај, а за споредба во истиот период минатата година имало 58 нарушувања. Исто така има намалување и на чов…
На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.
Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.
За православните христијани е строг пост.
На 13 мај, на големо задоволство на публиката, во рамки на големата балканска турнеја премиерно и во Охрид, најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски. “ ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY”, или како што вели Тодороски, за тие што бегале од часовите по англиски “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“, е насловена 75 минутната пеколна комедија која ја исмева човечката глупост. Пред точно седум години Битола беше градот во кој Никола го направи својот прв стендап настап. Сега по точно седум години од Битола Никола со своето ново соло шоу “ARTIFI…
Македонија низ очите , перото и четката на Едвард Лир (17-24 септември 1848), е насловена изложбара на репродукции и слики на Едвард Лир, поставена во Куќата на Робевци.Изложбата на репродукции на цртежи и слики на Лир од неговото пропатување низ нашата земја и неколкудневниот престој во Битола и Охрид, ќе биде отворена во Куќата на Робевци, во петок, 24 септември во 19:00 часот.Едвард Лир бил англиски уметник, илустратор и поет, познат по литературниот нон-сенс во поезијата и прозата. Ги поминува годините од младоста како цртач во Зоолошкото Друштво, а потоа како уметник на Британскиот Муз…
Во охридскиот регион силното невреме пропратено со град и ветер вчера попладен направи голема штета врз раноградинарски, градинарските и овошни култури. Невремето со дожд и град било краткотрајно, но било пропратено со силен ветар, кажуваат земјоделците и овоштарите кои претрпеа големи штети. Градот најсилно удрил на потегот од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј, Косел , Ливоишта, Дебело поле каде што се јавува за уништен род на нивите, бавчите и овоштарниците.
„ Апсолутно е направена штета на сите овошки. Меѓу нив најосетлива е црешата и 90 посто од плодовите се оштетени. Годинава имаш…
Општинската администрација заедно со јавните претпријатија викендов чистеше на делови од подрачјето на општина Охрид. Се чистеше плажата од Горица III до Детското одморалиште, магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот до населбата Св. Стефан, скалите и Спомен паркот на револуцијата, како и поширокиот потег на улицата „Јордан Мијалков“, потегот од улица „Никола Карев“ до Булевар „Туристичка“, како и делот од реката Грашница до хотел „Мизо“ и целиот простор околу ОУ „Св. Климент Охридски“.
Во пресрет на главната туристичка сезона, Охрид ќе се чисти и наредниов период.Во текот на месец …