Во јавните средни училишта утре ќе се спроведе второ пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во средно образование во учебната 2018/2019 година.По првото пријавување на 18-ти и 19 јуни, како и минатите години, очекувано најголем интерес кај идните средношколци имаше за медицина и за гимназиско образование. Во Гимназијата “ Св Климент Охридски“ во првиот усписен рок се запишале 180 ученици. Во ова средно училиште има уште 92 слободни места, информира директорката Весна Цветкоска. Во средното општинско училиште „Св Кирил и Методиј“ во првиот усписен рок пополнета е медицинската пар…
Од охридската регионална комора реагираат дека не профункционира Законот за спречување на нелојалната конкуренција во регионот. Има занаетчии кои работат на црно, вели Сашо Богоески претседател на Регионалната занаетчиска комора
„ Од кој причини не знам. Наша цел не е да бараме нерегистрирани занаетчии, тоа е обврска на пазарната инспекција. Ние одиме по пријава на занаетчиите дека некој друг од сродниот занает врши незаконско работење“, појаснува за состојбите во охридската занаетчиска фела, претседателот на Регионалната занаетчиска комора.
Со последните законски измени на занаетчиите им…
Лошо изведени градежни работи довеле до поткопување на дел од локалниот пат кон селото Велестово. На потегот од патот над Билјанини извори покрај патот почнува да пука и да тоне асфалтот. Околу 30 сантиметри од крајниот дел на патот се веќе уништени. Тука , секојдневно минуваат возила и потребно е да се интервенира.
Од општина Охрид за проблемот на патниот правец немаат сознанија, но велат дека ќе направат увид на терен.
Инаку, реконструкцијата на локалниот пат Охрид – Велестово во должина од 3 км беше завршен во март 2016 година. Патот беше проширен за 40 -50 см по цела должина.
Градеж…
Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски денес имаше протоколарна средба со претставници од Советот на словенечкиот град Пиран. Гостите кои во Охрид престојуваат по повод интернационалниот фестивал „Словенија во Охрид“ го изразија своето задоволство од одличното претставување на словенечката култура на настанот што се одржува на сцената на Долни Сарај од 23 до 27 јуни.На средбата се разговараше за сличните проблеми со кои се соочуваат градовите со старо јадро како што се Охрид и Пиран, а се разгледуваа и можностите за размена на ученици меѓу двата града.Охрид е збратимен…
Секретарот на општина Охрид Игор Бежоски денеска прими ветерани од културно уметнички друштва од бившите југословенски простори кои учествуваа на фестивалот „Разиграно оро“ што се одржува од 23 до 27 јуни во Охрид.На средбата гостите истакнаа дека се воодушевени од гостопримството на охриѓани, а потенцираа дека Охрид од година во година е се поуреден и поубав туристички центар кој е идеален склоп на модерното и традиционално време.Секретарот Бежоски изрази задоволство за искажаните пофални зборови и ги информира гостите за дел од проектите на актуелната локална власт што се во насок…
Денес градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со ополномоштениот амбасадор на Австралија во нашава земја, Џулија Фини. Австралиската амбасадорка се интересираше за актуелната ситуација во Општина Охрид и работата на локалната самоуправа. Градоначалникот Стојаноски ги истакна приоритетите на локалната самоуправа, пред се напорите во санирањето на финансискиот долг на општината, трајно и одржливо решение за колекторскиот систем и урбано планирање во функција на развојот на Охрид. Австралиската амбасадорка изрази подготвеност, амбасадата да поддржи одредени проекти за организациите и л…
Владата го утврди текстот на Предлог-законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност со кој се уредува системот на контролата на сите извори на јонизирачко зрачење, како и заштитата на населението и околината од изложеност или потенцијална изложеност на јонизирачко зрачење.Со Законот се уредува и постапувањето со радиоактивен и нуклеарен материјал, како и спроведувањето на мерките за радијациона сигурност и нуклеарна безбедност.Во предлог-законот се предвидува како оператор како оператор за складирање и безбедно управување со радиоактивен отпад да се утврди Институтот за …
Традиционалниот музичко-сценски фестивал “Словенија во Охрид“, синоќа беше отворен на летната сцена на Долни Сарај. Дувачки и тамбурашки оркестри, хорови и мажоретки и 31 фолклорна група со над 800 учесници во наредните денови ќе ја презентираат словенечката музика и игра пред охриѓани и гостите. Амбасадорот на Република Словенија во нашата земја Милан Јазбец, истакна дека оваа манифестација е празник соработката и пријателството кој покрај на словенечки се обрати и на македонски јазик.- Овој прзаник има дополнителна тежина бидејќи од годинава за првпат почесен покровител на „Словенија во О…