Сеп 16, 2021

Сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид

На 15-ти септември 2021 година, во 10:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај населбата „Горица“, патничко моторно возило марка „БМВ“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од страна на 51-годишниот С.С. од Кичево, удрило во пешакот, 81-годишната С.С. од Кичево. Во несреќата С.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево – информираат од СВР Охрид.

Јул 27, 2018

Пропусници за такси возилата

Јавното претпријатие Билјанини Извори ги известува сите таксисти и такси компании кои имаат решение за вршење на превоз на патници дека од понеделник 30 јули ќе започнеме со издавање на специјални пропусници за непречено возење во зоната на Стар град.Сите заинтересирани ги повикуваме да дојдат во дирекцијата на ЈП Билјанини Извори (Спортска сала Билјанини Извори) од 8 – 15 часот започнувајќи од понеделник и со себе да носат решение за такси превозник и копија на сообраќајна дозвола.Специјалната дозвола – магнетна картичка која се издава чини 150 денари и се плаќа еднократно.

Јул 24, 2018

Преку ЕУ фондови ќе се подобрува прекуграничната соработка

Градоначалникот Јован Стојаноски денеска имаше работна средба со Никола Бертолини раководител на секторот за соработка  на Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. На средбата се разговараше за  прекуграничната соработка  и искористување на ИПА програмите на Европската Унија  во областа на земјоделството и руралниот развој, образованието, како и за конкурентноста и економското окружување.Посебно беше потенцирано дека е потребна зголемена соработка со невладиниот сектор кој со  нивните активности видно придонесува за развој на граѓанско…

Јул 19, 2018

Средба на претставници од ЕУ со НВО од Охрид

Делегацијата на Европската Унија во Скопје, ги поканува претставниците на невладиниот и граѓански сектор од Охрид на консултативна средба со раководителот на Секторот за соработка, Никола Бертолини.На средбата ќе се разговара за развојот на граѓанското општетство и актуелни прашања кои ги третираат граѓанските организации од регионот. Средбата ќе се одржи на 24  јули 2018 од 15:00 до 16:00 часот во просториите на Општина Охрид.Попрецизни информации за средбата можат да се добијат во Секторот за ТЛЕР или на тел: 046/ 262-492 и 262-493 лок.166.

Јул 19, 2018

Делегација на општина Охрид во посета на Јелова

Во рамките на работната  посетата на Р. Турција, делегацијата на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Константин Георгиевски  и Илкер Мустафа од Секторот за ТЛЕР  денеска беше  во градот Јалова. На средбата со  градоначалникот  Вефа Салман,  се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете општини, развој и имплементација на нови проекти кои ќе водат до поконкретна соработка  на повисоко ниво.  Од страна на претставниците на општина Охрид   градоначалникот Салман  беше информиран за работата на  Унијата на  турски општини и донесените одлуки кои се од особено значе…

Јул 18, 2018

Отстранување на кајчињата од Сараиште

Се известуваат граѓаните сопственици на пловни објекти – кајчина, кои се лоцирани на плажата Сараиште, веднаш истите да ги отстранат. Доколку тоа не го направат во рок од три дена, локалната самоуправа ќе ги подигне, а трошоците ќе паднат на товар на сопствениците.

Јул 18, 2018

Делегација на општина Охрид во работна посета на Турција

Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и Илкер Мустафа од Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид се во работна посета на Турција. Тие денес беа на работниот состанок на Управниот одбор на Светската  унија на  турски  општини во градот  Тузџе.На состанокот беше дадено “зелено светло“ на барањето кое општина Охрид го поднесе во месец април годинава за добивање противпожарно возило кое ќе биде наменето за потребите на Територијалната противпожарна единица од Охрид.  Градоначалникот Јован Стојаноски е член на управниот одбор на  Светската унијата на т…

Дек 31, 2021

Последен ден од 2021, вечерва ќе ја дочекаме новата 2022 година

Вечерва граѓаните ширум Македонија ќе ја испратат старата 2021, а ќе ја дочекаат новата 2022 година, со полабави мерки во однос на лани. За разлика од лани кога состојбата со корона вирусот поттикна воведување на рестриктивни мерки и забрани, овој 31-ви декември граѓаните се организираат да ја прослават Новата година и покрај тоа што пандемијата предизвикана од Ковид-19 е сеуште присутна. Надлежните излегоа со апел да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските. За разлика од кај нас, некои земји сепак, забранија прослави на отворено, го …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top