Авг 7, 2018

Јавните тоалети нe проработија во екот на туристичката сезона

Две неуспешни тендерски постапки за воведување на електронски сиситем за наплата го оставија градот и ова лето без јавни тоалети. За да се реши овој сериозен комунален проблем во Охрид се чека повеќе од две децении. Граѓаните реагираат што нема јавни тоалети признава Љупчо Грданоски, директорот на ЈП „Охридски комуналец“, кое ќе ја одржува хигиената на градските тоалетите. „ Имаме реакции од граѓаните , но ние сме јавно претпријатие и мора да работиме по закон “, напоменува Грданоски. Камен на сопнување во ставањето во функција на петте јавни тоалети, кои се веќе поставени на две локации,…

Јан 14, 2022

Родителите на деца со церебрална парализа бараат Дневен центар за згрижување

Децата со церебрална парализа од Охрид се соочуваат со изолација. Тие се исклучени од образовниот процес, а во општината нема дневен центар за згрижување на оваа категорија деца, се жалат родителите, кои проблемот го пријавија во рубриката „Ти си твојот град”.   Велат долги години бараат од локалната самоуправа да им додели простор за да може да се изгради соодветен Дневен центар за децата со церебрална парализа. Претходниот градоначалник ветил простор кај касарната, но со промената на власта и тоа е неизвесно. Сега имаме нова локална власт се обративме и до новиот градоначалник то…

Авг 6, 2018

Охридските акцијаши најдобри на големата акција за чистење, „Скопје на дланка“

Aкцијашите од охридското здружение „Брег на младоста“прогласени за најдобри меѓу акцијашите од поранешна Југославија. Тие од 22 до 29 јули учествуваа во големата акција за чистење, „Скопје на дланка“, организирана по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје на која учествуваа уште 200 акцијаши од поранешните југословенски републики. Во еднонеделниот престој во Скопје тие ја расчистуваа населбата „Автокоманда“ односно студентскиот дом „Стив Наумов“ и просторот кај шумарскиот факултет. Впечатоците ни се прекрасни. Ние сме среќни поради сите тие пријателства кои ги стекнавме во …

Сеп 16, 2021

Вежба на НАТО за справување со кризи во Охрид и Струга

Соочувањето на државата со можно сценарио на катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-струшкиот регион и начинот на искористувањето на своите ресурси, како и помош од партнерите од НАТО во услови кога се исцрпени сите постоечки капациети за справување со кризата, е сценариото на големата вежба на НАТО „Македонија 2021“ што деновиве ќе се одржува на повеќе локации во Охрид и Струга. На денешната прес-конференција во врска со вежбата беше појаснето дека станува збор за активности во рамки на Агендата на НАТО 2023 за цивилна подготвеност на земјите-членки на Алијансата. Република…

Авг 6, 2018

ОПМ: Читајте ги декларациите на производите не гледајте само слики

Читајте ги декларициите на прехранбените производи кои ги купувате, советуваат од организацијата на потрошувачи на Македонија. Ова доаѓа по истражувањата на Европската организација на потрошувачи направени во повеќе европски земји.Со истражувањата се откриени ознаки со кои производителите најчесто ги користат при рекламирање за да ги продаваат храната и пијалоците. Се користат етикети со кои преку прикривање на вистинскиот квалитет на производите потрошувачите се доведуваат во заблуда. Од ова исклучок не е и македонскиот пазар каде што има состојби каде што постојат лажни слики. Потрошувачи…

Авг 6, 2018

Охридска промоција на „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски Дневник“

Во охридскиот кафе бар Shilla, утре со почеток во 20:00 часот ќе се одржи охридската промоција на книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски Дневник“, од авторите Александар Стеванов, Дарко Богданов и Сашо Гачев.– Самото издание детално и документаристички го обработува творештвото на македонските стрип автори кои во текот на 80тите години на минатиот век работеле на стрип приказни за изданијата на легендарниот стрип издавач „Дневник“ од Нови Сад. Преку студиозна анализа и со лесен и разбирлив стил на пишување, како за стрип љубителите, така и за публиката која не е навлезена в…

Авг 3, 2018

Во Куќата на Робевци поставена групна изложба на академските сликари од семејството Вујисиќ

Мирко, Лидија и Марко Вујисиќ се академски сликари од Скопје кои имаат изложба на ликовни дела во Музејот на Робевци. Станува збор за членови од исто уметничко семејство татко, мајка и син кои зад себе имаат голем број групни и самостојни изложби.Лидија Вујисиќ на изложбата се претставува со 10-тина графики во техниката линорез на тема Морфолошки варијации. Таа е графичар , а слика и во други ликовни техники, но препознатлива е и најчесто изложува линорез. „ За прв пат семејно излагаме. Со сопругот сме имале заеднички изложби , но сите тројца со синот ова е прв пат. Синот има техника линор…

Авг 3, 2018

Кучињата скитници ги има во се поголем број низ градскиот парк, по кејот, чаршијата

Никако да се стави крај со појавата на кучиња скитници. Напротив, во овие летни денови кучињата ги има во се поголем број. Деновиве, се забележува глутница од напуштени кучиња кои слободно се шетаат низ градскиот парк, по кејот низ чаршијата помеѓу туристите. Кучињата скитници од различни раси и големини ги има и во детскиот парк , а се забележуваат и како пијат вода од градската фонтана. Ваквата појава трае со децении и секој ја доживува на свој начин. Кај некои луѓе предизвикува страв од каснувањ и зарази , кај други сочуство и ги хранат, а најмногу има зачудени туристи затоа што онаму од…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top