Македонскиот туристички приход нема да претрпи големи загуби по укинувањето на визеровите директни авиолинии од Барселона и Лондон на скопскиот и охридскиот аеродром, оптимистички изјавуваат хотелско туристичките субјекти во земјава. Туристичките работници досега се задоволни од текот на туристичката сезона и посетеноста на земјава, а тоа го очекуваат и за следната сезона.
„ Две линии во целокупниот број на проценти не значат премногу, но секако да не се лоши пораки за почеток на некаков крај. Се надеваме дека ќе се надминат тие работи и ќе се отворат нови дестинации. Ќе најдат заеднички и…
Нема кратење на 10 милиони денари во инфраструктурни и комунални зафати со ребалансот на општинскиот буџет, изјави на прес конференција Константин Георгиески, заменик градоначалник на општина Охрид , како одговор на обвинувањата на политиките опоненти. Како одговорна локална власт ние само ги пренаменивме ставките за развој на одредени општествени сфери кои се приоритетни за граѓаните.
„ Во одредени сегменти се намалуваат износите на средствата, но затоа се зголемуваат за приоритетни и важни проекти за Охрид. Така за 12 милиони денари се зголемени средствата за асфалтирање улици, за 10 …
По партиска директива направен е реизбор на претходно незаконски поставените членови на Управни и Надзорни одбори на јавните претпријатија и установи во градот, обвини денеска на прес конференција Кирил Пецаков, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и чен на ИК на партијата. Пецаков кажа дека неколку пати од неговата парија посочиле дека избраните членови не ги исполнуваат законските услови за нивно назначување, пропишани во Законот за јавни претпријатија. „Дали сите досегашни одлуки носени од Управни одбори и Надзорни одбори се незаконски знаејќи дека ниту еден нивни член не ги …
194,телефонот на итната медицинска помош постојано ѕвони во охридскиот здравствен дом. Во овие летни денови 30-тина вработени кои се дел од неколку екипи за итни интервенци имаат полни раце работа. Медицинските екипи помагаат при повици , но и амбулантско лекување на домашни и странски туристи кои имаат здравствени проблеми, информира д-р Ана Неделкоска, началник на ова служба. Се бара најразлична медицинска помош при колапси, сунчаници, дехидрираност, стомачни вирози , сообраќајни незгоди, набројува д-р Неделкоска.
„ Бројот на повици е многу зголемен. Само повици некогаш има и преку 30 во…
Во еден ден спасени три животи. Спасителите на вода, вистински херои, само вчера извлекоја три активни давеници. Две деца спасени од давење во базен и едно лице од плажата „Парк“. Спасителите на вода ова лето подарија вкупно 15 животи. Од давење спасиле деца, непливачи, пијани и лица кои си ја прецениле силата.„Најчести причини за кои настапува давење се топлотни разлики , значи неправилно влегување во вода, прејаденост, влегување во вода под дејство на алкохол и наркотици, неумеење да се излезе од вода односно незнаење да се плива. И други општи причини кои ги знаеме сите“,- вели Ри…
Се повеќе се нарушува здравствената состојба кај децата. Нема време за чекање туку сериозен пристап во надминување на состојбите, предупредуваат педијатрите. Во нивните ординации се почесто се среќаваат со здравстени проблеми кај најмладите кои порано биле реткост. Родителите и државата треба сериозно да ги сфатат апелите. Педијатријата се повеќе го губи статусот на превентивна гранка во медицината и станува куративна, а тоа ги загрижува педијатрите. Во нивните ординации се почесто мора да лекуваат деца со разни малформации кои ги стекнале со лошиот животен стил кој го добиваат во семејство…
Силен земјотрес со епицентар во Охридско Езеро, предизвикува серија критични настани како оштетување на електричната и водната инфраструктура, можна контаминација на водата за пиење, истекување хемикалии и пожари во фабрика лоцирана помеѓу Охрид и Струга, оштетувања на мост, уривање на извиднички авион во планински терен, ширење паника кај населението со лажни вести и шверцерски групи кои ја злоупотребуваат целата ситуација. Ова е сценариото по кое од 20 до 24 Септември на територијата на Охрид и Струга ќе се одржи меѓународната вежба „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“, досега најголема и најзначајн…
На 8 и 9 август на Плаошник православните верници масовно го посетуваат храмот на Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон. Традиционално на овој ден се организира крводарителна акција. И оваа година успшено е спроведена акцијата на собирање крв. Tони Симоноски од Охрид , е еден од кродарителите кој се вклучи во оваа акција на скапоцена течност која значи живот. Тој е крводарител од своето полнолетство, а досега дарувал над 40 пати крв. За денешната акција вели, дека иако на хуманизмот во ова денешно време како да се подзаборава , го радува факот што гледа се повеќе млади луѓе како несебич…