Авг 20, 2018

Отворената забавна фудбалска школа собра над двеста деца на терените на СРЦ Билјанини Извори

Над 200 деца на возраст од 7 до 12 години неколку дена ќе играат фудбал на охридскиот СРЦ „ Билјанини извори. 90 проценти од охриѓанчињата кои се вклучија во проектот досега не тренирале никаков спорт, информира Јоне Станкоски еден од носителите на спортскиот проект „ Cross cultures“. Една од целите на проектот е преку дружење децата да градат здрави животни навики, но и да добијат стимулс за понатамошно спортување. „ Да ги поттикнеме кога ќе заминат од овде среќни и задоволни да се спортски поактивни. Имаме проблеми со здравјето на детската популација и начинот на живот. Со зголемување на…

Авг 17, 2018

Запален автомобилот на охридскиот адвокат Мишел Наумоски

Со експлозивна направа запален автомобилот на адвокатот  Мишел Наумоски од Охрид. Силната експлозија синоќа нешто после полноќ ги вознемири  жителите  на улицата „Партизанска“ во центарот на градот. Во паника да не се запалат возилата во близина, соседите заедно  се обидувале силниот пламен да го изгаснат со противпожарни апарати. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица пожарот бил спречен.  Видно вознемирен Наумоски денес пред камерата на ТВМ  отворено раскажа дека и претходно добивал пораки со закани од непознати лица. Му го оштетувале автомобилот во повеќе наврати….

Сеп 16, 2021

Пријава за лице од Штип поради ширење омраза на фејсбук

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(36) од Штип. Тој, на 13.05.2021 година на социјалната мрежа Facebook, по објава на текст на електронски медум, постирал недоличен коментар со што, промовира и поттикнувал омраза кон определена група или поединец – информираат од СВР Охрид.

Авг 17, 2018

Регионален стационар за кучиња скитници во 2019 год

Општина Охрид опоменета од Агенцијата за храна и ветеринарство дека во рок од 45 дена треба да покаже напредок во решавањето на проблемот со кучињата скитници. Кучињата скитници беа и за жал сеуште се проблем за нашиот град, вели Градоначалникот Јован Стојаноски.  Пред месец дена имавме средба на градоначалници на општините во рамки на Југозападниот плански регион на која сите едногласно ја утврдивме потребата да се изгради еден регионален стационар за кучињата скитници, информира Градоначалникот.„Сосема е јасно дека тоа е еден голем проблем и на граѓаните на Охрид и на гостите кои доаѓаат …

Авг 17, 2018

Пливачката федерација на Македонија во Охрид ги носи пливачките ѕвезди во маратонско пливање на 10 км

Светски пливачки ѕвезди ќе пливаат на Меѓународниот пливачки маратон на 10 км во Охрид на 19 август. Во машка конкуренција ќе пливаат маратонските пливачи, аргентинците Алехандро Морено и Гилермо Бертола , бугаринот Венцислав Ајдарски, холанѓанецот Марсел Шоутен, и макоеднките Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Во женска конкуренција ќе плива Сесилија Беџоли, а за прв пат и македонската пливачка Ева Петровска, појаснува Томи Стефаноски потпретседател на Македонската Пливачка Федерција и претседател на далечински трки. „ Утре во 10.30 од пред хотел Ројал Вју ќе почне трката на 10 км ко…

Авг 16, 2018

Здравевски : Младите во Охрид заслужуваат просперитетна иднина, но со СДСМ очигледно тоа не е возможно

Младите во Охрид се жртва на манипулациите на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски. Излезе на виделина лажната перспектива за младите и божемното привлекување на младите генерации, рече на денешната прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. „Господине градоначалник Стојаноски дали затоа што чувствувате вина и одговорност свесно го заборавивте Меѓународниот ден на младите? Локалниот совет на млади формиран во времето на градоначалникот Д-р Никола Бакречески токму по повод Меѓународниот ден на младите повеќе не функционира.“ – кажа Здравевски. Здр…

Авг 16, 2018

Масовен или елитен туризам

Масовен или елитен? Кон каков туризам треба да се стреми градот? Според туристичките работници Охрид  заслужува да биде монденско туристичко место.  Со сите културно историски и природни вредности градот е уникатен во светот, а тоа треба да се цени. Со привлечни аранжмани Охрид треба да биде  конкурентен  на светскиот  туристички пазар. „Охрид треба да биде монденско летувалиште. Има што да се види во градот. Охрид не е само плажи и капење  има милион работи кои треба да се видат. Значи луѓето овде не идат само да се капат  сончаат  туку да видат нешто“, вели Мери Фармак екологист.  „Исто…

Авг 16, 2018

Во населбата Месокастро ќе почне да се гради рекреативна пешачка патека од Саат кулат до ОУ „ Св Климент“

Охриѓани и туристите ќе добијат рекреативна пешачка патека од градската Саат кула до ОУ „Св. Сава“. Современата патека ќе биде во должина од 325 метри и ќе има два краци. Уличното осветлување ќе биде со 20 четириметарски канделабри, поствени на секои 15 метри. Изведбата на проектниот зафат ќе биде туристичка атракација благодарение на средствата наменети за рамномерниот регионален развој од Центарот за Југозападен плански регион. „ Овој проект за пешачката патека од Саат кула до ОУ „Св. Сава“ ќе придонесе за подобра комунална инфраструктура и за подобрување на туристичката понуда на нашиот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top