Сеп 17, 2018

Охрид недоволно ги искористува средствата од европските фондови

Повеќе од 150 милиони евра од европските фондови се на располагање во наредните 4 години. 40% од европските пари се трошат на проекти за развој на општините. Но сите општини не се подеднакво успешни во искористувањето на расположливите средства од предпристапните фондови. Охрид и Струга за жал не стојат добро на тој план. Охриѓани имаат многу потреби и многи идеи исто така, но нема доволно активност, вели Никола Бертолини – раководител за соработка при Делегацијата на Европската Унија „Јас би и препорачал на општината и на организациите да инвестираат во млади луѓе . Доколку им се даде нив …

Сеп 17, 2018

Охридските советници го прифатија планот за поделба на МЈП Проаква

Охридските советници едногласни во прифаќањето на планот за поделба на МЈП Проаква. Нивната одлука следува по давањето согласност за поделба на меѓуопштинското јавно претпријатие од страна на нивните струшки колеги. Со тоа завршува првата фаза од процесот на одвојување и за создавање на ново претпријатие за управување и одржување на колекторскиот систем. Директорот на МЈП Проаква, Владимир Алексијоски се заблагодари на охридските советници што дадоа зелено светло за планот за поделба на Проаква и, како што рече, со тоа покажаа дека на прво место им е интересот на градот. „ Сигурен сум дека…

Сеп 17, 2018

Во Охрид потпишан меморандум за соработка помеѓу Македонскиот полициски синдикат и Интернационалната полициска асоцијација

Меморандумот предвидува интензивна соработката помеѓу полицискиот синдикат и меѓународното полициско здружение ИПА,  темелена  врз основа на следниве принципи: искрена и колегијална соработка, неполитичка и стручна соработка, меѓусебна солидарност, поддршка и меѓусебно почитување и почитување на секој член на МПС и ИПА. Во меморандумот се предвидени  организации на стручни заеднички семинари, работилници, спортски, културни, промотивни и други настани  со цел јакнење на професионалните вештини на полициските службеници, јакнење на колегионалноста и градење на меѓусебниот углед на домашно и …

Сеп 14, 2018

Рот: Македонците ја пишуваат не само националната туку и европската историја

Македонците ја пишуваат историјата. Не само националната историја туку и европската историја. Со договoрот со Грција се дава уникатна можност да се отворат вратите на ЕУ и НАТО. Би сакал во најскоро време да ги видам моите македонски пријатели заедно со останатите пријатели од ЕУ и од НАТО. Ова се зборовите на Државниот министер за Европа на германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот кој денеска беше во посета на Охрид. „Би сакал да го охрабрам народот од оваа прекрасна земја да ја зграпчи оваа историска можност. Ако го поддржите договорот, тоа ќе биде голем знак со кој ќе по…

Сеп 14, 2018

Охрид има услови да стане спортска триатлон дестинација

260 натпреварувачи од 20 земји ќе учествуваат на Европскиот куп и Балканското првенство во Триатлон кои ќе се одржат на 15 и 16 септември во Охрид. Организацијата на еден ваков голем европски спортски настан е на Триатлтон федерацијата на Македонија заедно со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ Охрид.„Самиот настан бара големи организациски активности. Започнавме многу поодамна, сега финишираме. Натпреварот ќе се одржува на популарната плажа Бафало. Делот со велосипеди се обавува на патниот правец Св Наум до кружниот тек кај Инекс Горица. Натпреварувачите се враќаат во…

Сеп 14, 2018

СВЕЧЕНО ОТВОРЕНИ СПОРТСКИТЕ ИГРИ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Петнаесетите спортски игри и средби на Македонскиот полициски сидикат, свечено беа отворени денеска на спортските терени во комплексот на хотелот „ Аквалина“ . Игрите ги отвори заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, а пријатен престој во Охрид на учесниците им посака градоначалникот Јован Стојаноски.„Почитувани учесници на Петнаесетите спортски игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат, почитувани гости, дами и господа. Ви посакувам топло добредојде, пријатен престој во Охрид, успешни спортски игри, многу дружење и размена на професионални искуства.Вие, припа…

Сеп 14, 2018

Охридскиот Кармен Бауцентар е водечки продажен објект

Во охридскиот регион Кармен Бауцентар е водечки продажен објект кој нуди најквалитетни и најевтини професионални електрични апарати, алати и материјали. Охридските мајстори од сите области на адреса на Бауцентар имаат само пофални зборови. Во салонот на Кармен Бауцентар во тек се специјални продажни акции и изненадувања за купувачите, а има и презентации за сите професионални алати. Тука може да се купат светските брендови Девалт, Блекдекер, Стенли, Графит, Верто, набројува Никола Велјаноски од Кармен Бауцентар. Интерес за купување на алати има, информира Велјаноски. „Со оглед дека профес…

Сеп 17, 2021

Трудовите инспектори констатирале прекршување на законски прописи

Трудовите инспектори од областа на работни односи и Безбедност по здравје при работа во Охрид направиле 543 контроли во првите 6 месеци од оваа година, стои во извештајот на Државниот трудов инспекторат. Констатирале 160 разни неправилности во 16те редовни и 416 вонредни надзори. Истотака, направиле и 111 контролни надзори. Најголем број на констатираните непочитувања на законските и подзаконските прописи биле во трговијата на големо и мало, градежната дејност, угостителството, занаетчиството и туризмот, транспорт и сообрајќај, преработувачката индустрија и заштитните друштва. Инспектори…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top