Сеп 24, 2018

Општина Охрид ги сумира туристичките резулатати од летната сеозна

Туристичките работници и локалната самоуправа ги сумираат резултатите од годинешната туристичка жетва. Охридскиот градоначалник вели првичниот впечатокот е дека имавме одлична сезона. Но , додава дека за прецизни бројки и резулатати треба да се почекаат статистичките обработки за туристичката посетеноста и остварениот туристички промет. Сега сме во две фази на размислување како да се прошируваат хотелските капацитети и на кои туристички пазари Охрид да се продава како туристичка дестинација. „ Втор правец е да се донесат поквалитетни гости. Гости кои ќе поминуваат повеќе време во Охрид. Се…

Сеп 21, 2018

Со мировен марш Охрид го одбележа Светскиот ден на мирот

Со традиционалниот Марш на мирот на Општинската организација на Сојузот на борци од НОВ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи  денеска во Охрид беше одбележан Светскиот ден на мирот. Годинава ветераните низ светот маршираат под мотото  ” Правото на мир 70 години од Универзалната декларација за човекови права .  Нема да има мир на оваа планета додека се нарушуваат човековите права, ова се зборовите на Рене Касин еден од архитектите на Декларацијата која е најважен акт со кој се одбележува оваа епоха, истакна во своето обраќање  проф. Љубиша Машановиќ, потпретседател на Сојузот на борци. „ Сојуз…

Сеп 21, 2018

Андоноски : РК Охрид – РК Бутел натпревар на сезоната

Подновениот состав на охридскиот ракометен клуб утревечер ќе го има првиот настап пред домашната публика во натпреварот од второто коло од машката ракометна супер лига против РК Бутел – Скопје. 90% од екипата се нови играчи, имаме целосно нова бековска линија, потребно ќе ни биде време да се уиграме, вели капитенот на РК Охрид, Крсте Андоноски. Атмосферата во екипата е на многу високо ниво бидејќи оваа година ги имаме сите неопходни услови за нормално функционирање на еден клуб. Не очекува тежок и неизвесен натпревар но се помалку од победа не е опција за нас, вели Андоноски. „Квалитетот н…

Сеп 21, 2018

Охрид го одбележа Денот без автомобили

Охрид го одбележа Денот без автомобили. Општина Охрид е дел од семејството на градови кои го одбележуваат Денот без автомобили во рамките на „Европската недела на мобилност“. Утрово, вработените во локалната самоуправа дојдоа на работа пеш или со велоиспеди, а од одделението за животна средина одржаа предавање на тема Мултимодалност –„Комбинирај и движи се“. Низ охридските улици се одржа и велосипедско дефиле . Од името на Локалната самоуправа заменик градоначалникот Константин Георгиески упати порака до граѓаните. „Со мудро одбирање на секојдневниот превоз се заштедува домашниот буџет, се…

Јан 13, 2022

Во пораст е бројот на корисници на гарантирана минимална помош во охридскиот центар за социјални работи

Охридскиот Меѓуопштински центар за социјални работи евидентира околу 700 корисници на гарантирана минимална помош кои се материјално обезбедени и 80-тина корисници на оваа помош кои се работно неспособни. Бројот на сиромашни граѓани оди во нагорна линија, укажува социјалниот работник, Горан Поп Марков, за социјалната слика во општина Охрид. Има благ раст кој од година во година се покачува и не е само резултат ковидот па да кажеме дека дојде до некој бум, експлозија, факт е дека живееме во сиромашно општество и штом расте бројот на семејства кои користат гарантирана минимална помош од го…

Сеп 20, 2018

Воена делегација од САД го посети ОУ„Братство Единство“ во Лескајца

Висока воена делагација, предводена од генерал – мајор Стивен Креј, командант на националната гарда на државата Вермонт од САД, го посети ОУ Братство Единство во налебата Лескајца. Гостите од САД остварија средба со вработените и учениците од оваа школа каде што настава посетуваат ученици од различни етнички заедници. Преку организацијата на УСАИД се реновирани голем број училишта во Македонија, а меѓу нив и во зградата на ова општинско школо. Прекрасно е да се видат плодовите од работата на УСАИД и во изградбата на побезбедна околина за учење на учениците, рече во своето обраќање генерал- …

Сеп 18, 2021

СЕ УРЕДУВА КОРИТОТО НА РЕКА „СУШИЦА“

Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за изградба и уредување коритото на реката „Сушица“. Се работи за потегот од пресекот на улица „15-ти Корпус“ со улица „Српница“, во должина од околу 200 метри. Речното корито ќе биде бетонирано и ќе биде обложено со камен. Вредноста на проектот е 4,2 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Градежните активности ги изведува градежната фирма „Бокоп“. Претходно со средства на Општина Охрид беше извршено уредување на речното корито на реката „Грашница“од пресекот на булевар„ Т…

Сеп 20, 2018

Општина Охрид: одговор на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Охрид

Пред само два дена се одржа , 16-та седница на Градскиот совет, на која поминаа без никаков проблем годишните извештаи и програмите за работа на охридските основни и средни училишта, како и на детската градинка „Јасна Ристеска“. Ве прашуваме зошто не ги соопштивте таму јасно и гласно своите ставови. Зборувате за европски норми и принципи, а не сте ги совладале основните правила, обврски и услови за работа на Локалната самоуправа, реагираа од Општина Охрид на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Охрид.Зборувате за проектот за рано изучување на германскиот јазик во по една паралелка во ген…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top