Деновиве завршија активностите за изградба на новото детско игралиште во населбата „Радојца Новичиќ“, во непосредна близина на баскет игралиштето.На локацијата се поставени најсовремени реквизити за забава и извршено е соодветно поплочување. Исто така, поставена е специјална гумирана подлога за поголема безбедност.Претходно, нови детски игралишта беа изградени на пешачката патека кон „Горица“ и во дворот на ООУ „Григор Прличев“. Средствата за изградба на трите игралишта се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Општина Охрид одржа втора јавна расправа за реконструкцијата на градскиот кеј. Според проектот шеталиштето ќе се реконструира во должина од еден км од пристаништето до хотел Милениум, а во ширина ќе се продолжи во езерските води за 96 цм . Реконструкцијата ќе чини 1,2 милини евра финансиски средства кој ќе се обезбедат за проектот од Светска банка и дел од буџетот на општината. „ Неопходна е реконструкцијата на кејот. Проектот е одобрен од сите институции, од Управата за заштита на културното наследство, од Министерството за животна средина , изработен е елаборат за заштита на животната ср…
Во недела, (28 октомври) со почеток во 11 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи детски хуманитарен хепенинг за помош на 15годишната Сара Настеска, на која итно и е потребна операција за пресадување коскена срж, која чини 200.000 евра. Ќе настапат „Весели бисерчиња“, изведувачи од „Распеано рибарче“, музичките таленти на ОМУ „Методи Патче“, а куклениот театар при образовниот центар „Atlas World“ ќе ја изведе претставата „Си беше еднаш“.
Истиот ден, во Спортската сала „Билјанини Извори“, ќе се одржи голем хуманитарен хепенинг на кој ќе настапат музичари и повеќе…
Археолози од Сај Арк на македонските колеги и архитекти им ги презентираа методите и технологиите кои ги користат при дигитализирање на културното наследство. Дигиталното документирање ќе почне на катедралната црква Св. Софија во Охрид. Археолозите од Сај Арк со својата работа ќе им помогнат на луѓето кои работат со управување и зачувување на културното наследство во обезбедување на инжинерски цртежи и детални мапи кои ќе помогнат во активното управување со локалитетите. Експертите од Сај Арк, непрофитна организација од САД, ќе користат различни технологии, дронови , скенери и фотографии . …
На состанокот на управниот одбор на Унијата на општини, што вчера се одржа во градот Гебзе, во Турција, беа разгледувани можностите за соработка помеѓу општините во реализација на проекти.Во таа насока, општина Охрид со поддршка на општината Зејтинбурну ќе започне со разгледување на проектот „Изнајмување на паметни велосипеди“. Општината Зејтинбурну, ќе даде логистичка поддршка при скенирањето на условите.Доколку индикаторите од скенирањето бидат позитивни, проектот ќе се реализира со што градот за прв пат ќе добие модерен еколошки превоз.
Безбедносната состојба во охридските основни и средни училишта е релативно добра но потребна е понатамошна поинтензивна соработка меѓу менаџерскиот тим на овие институции и полицијата со цел да се намалат одредени ризици и состојби кои предизвикуваат загриженост кај децата и родителите, ова беше заклучено на првиот работен состанок на Локалниот совет за превенција при СВР Охрид, што денес се одржа во општина Охрид, а на кој учествуваа претседателката на општинскиот совет, Живка Ангелоска и заменик градоначалникот Константин Георгиевски.На состанокот беше истакнато дека меѓуврсничкото н…
Согласно активностите на Г1 програмата за локален економски развој на Општина Охрид за 2018- та година, синоќа во големата сала на Општина Охрид се реализираа советувања и обука за процесот на сертификација на производство на органска храна. Обуките ги одржа Горан Колев, овластен контролор на целокупниот опсег на сертрификација на органска храна од Про Церт.Пред присутните Колев ги презентираше потенцијалните можности и придобивки од сертификација на органското производство, а ги запозна и со мерките за поддршка на производителите на органска храна што се предвидени во заедничките земјоде…
Утре на 26.10.2018 година, со почеток во 12 часот, во големата сала на општина Охрид, ќе се одржи презентација на проектот „Реконструкција на Кеј Македонија“,каде пред присутните ќе биде презентиран овој исклучително важен проект, за што потоа предвидено е да следи дискусија.На настанот најавено е присуството на претставници на изработувачот на основниот проек „Астрекс“ од Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Хидробиолошки институт, Заводот за здравствена заштита , Комисија за заштита на природно и културно наследство на Охридски регион, Единицата за спроведувањ…