Јан 21, 2022

Визер ги редуцира летовите од аеродромите во Македонија до познатите туристички места во Европа

Само за еден ден нискобуџетната компанија Wizz Air потврди дека ги прекинува операциите на релација Охрид – Милано/ Малпенса, како и летовите од Скопје кон Барселона и Ларнака пишува специјализираниот портал „Exyuaviation“.Двата неделни лета беа лансирани во март 2019 година, но беа прекинати во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.„Визер“ во моментов ги одржува летовите од Охрид до Базел, додека сите други линии се привремено суспендирани.Во овој момент, операциите кон Меминген и Малме ќе продолжат кон крајот на февруари, додека летовите до Виена, Дортмунд, Фридрихсен и Лондон Лут…

Ное 30, 2021

Тепачка на улицата „7-ми ноември“ во Охрид

На 29.11.2021 година во 14.20 часот, пред продажен објект лоциран на улицата „7-ми ноември” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М.(36) врз А.Б.(22), двајцата од Охрид. Напаѓачот е повикан во СВР Охрид и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Ное 30, 2021

Санкции за 9 возачи во Охрид кои ја надминале дозволената брзина

На 29.11.2021 година од 07 до 10 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници санкционирале 15 возачи кои во и надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-09, Струга-03, Дебар-03). Во Струга, со специјално возило „пајак”, подигнати се четири возила кои биле непрописно паркирани – информираат од СВР Охрид.

Дек 2, 2021

Општина Охрид нема увид колку руинирани куќи има во градот

Општина Охрид нема увид колку руинирани куќи има на територијата на градот. За преземање на активности за отстранување на руинираните куќи кои претставуваат опасност за граѓаните, а ги има на неколку локации во градот, треба да се поднесе барање до надлежните органи во Општината со точно наведена адреса на објектот, куќен број или катастарска парцела, велат од општина Охрид за ТВМ телевизија. Одговорите на овие прашања следуваат откако граѓани минатата недела пријавија неколку руинирани куќи, кои се распаѓаат и претставуваат опасност за минувачите. Граѓаните бараат општината да преземе мер…

Фев 18, 2022
Здравство

Протест на матичните лекари, примаат само итни случаи

Приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување, денеска го почнаа најавениот протест. Докторите ги отворија своите ординации и во текот на денот нема да примаат пациенти, освен итни случаи. Нема да даваат услуги што се нудат преку „Мој термин“, а пациентите кои не сакаат да почекаат за упати и препишување терапии и закажување тестирања, ги упатуваат во ургентните центри – изјави за МИА претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лилија Чолакова Дервишова. Според неа, досега имаат по…

Ное 30, 2021

Започнува научно испитување на Белчишкото блато

Научници од Хидробиолошкиот институт ќе започнат проект со кој ќе се истражува Белчишкото блато. Овој екосистем во општина Дебрца е остаток од некогашното Десаретско езеро и се простира на површина од 130 хектари. За првпат ќе бидат вршени опсежни остеолошки, морфолошки и еколошки  истражувања на рибната популација. Целта е да се утврди каква е состојбата со рибите во Белчишкото блато, поврзаноста на видовите риби кои живеат во блатото со оние кои егзистираат во поблиските и подалечните екосистеми, информира д-р Орхидеја Тасеска, директорка на хидробиолошки институт. Активностите со прое…

Ное 30, 2021

Илчо Алексоски избран за претседател на Советот на општина Дебрца

Вчера се одржа продолжението на првата седница на Советот на Општина Дебрца при која за нов претседател се избра Илчо Алексоски од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. За него гласаа шест советници, додека четири беа воздржани од вкупно единаесет советници. Нашата цел е сите советници заедно да работиме и да ги носиме најдобрите одлуки за нашата општина Дебрца, за да по четири години граѓаните ги препознаат нашите заложби и реализирани проекти – посочи Алексоски во своето обраќање по изборот. Советот на Општина Дебрца брои вкупно единаесет членови од кои по четири имаат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, еден…

Ное 30, 2021

Укината забраната за тешки товарни возила на Пресека

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид, преку планинскиот превој Пресека. Како што информира ЈП „Македонија пат”, забраната е укината во 11:00 часот.   Извор/МИА
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top