Ное 9, 2018

Светски компании присутни на СРЦ Билјанини извори со Тим билдинг настани

СРЦ Билјанини извори е избор за одржување на тренинзи за професионалните спортисти , но се поатрактивен станува и за спортистите рекреативци. Познати светски компании го избираат охридскиот спортски центар за организирање Тим билдинг настани за своите вработени. Така од крајот на август до ноември оваа година на терените на СРЦ Билјанини извори спортувале околу 2000 рекреативци кои оствариле 5000 ноќевања во охридските хотели, информира Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар. Во изминативе месеци , надвор од туристичката сезона, на нашите терени престојуваа гости од 26 европски зе…

Сеп 21, 2021

Утврден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче

Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје. Три кандидатури за градоначалник и единаесет советнички листи со вкупно 253 кандидати се во трка за една градоначалничка фотелја и 23 советнички места во охридскиот општински совет. Три советнички листи се независни, исто толку поднесени од коалиции и пет од политички партии. Кандидати за градоначалник: – Гоце Цветкоски од Трајно Македонско Радикално Обединување -ТМРО – реден број 26 – Констант…

Ное 9, 2018

СВИКАНА ОСУМНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИ

Свикана осумнаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 15.11.2018 година (четврток ) со почеток во 11.00 часот.           Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.            За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 17.  седница1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за вршење на хортикултурни услуги на јавни зелени површини и одржување  јавна чистота.2. Предлог-измени на програмата за заштита на животната средина и природата за 2018 година.3. Предлог-измени на развојната програма за уредување гра…

Ное 9, 2018

Охридската касарна во сопственост на Општина Охрид

Се оствари еднодецениската заложба на охридската локална самоуправа, дел од поранешната касарна „Михајло Апостолски“ да биде препуштена  на  користење на град Охрид. На вчерашната свеченост по повод одбележувањето на денот на ослободувањето на Охрид, градоналникот, Јован Стојаноски истакна дека Охрид конечно го доби делот од поранешната касарна и најави дека просотриите на касарната ќе прераснат во  вистински образовен комплекс. „Со низа проекти ќе се бориме да  ги вратиме младите во Охрид  и ќе го стопираме нивното иселување. Изминатиов период работевме на подобрување  на условите за учење…

Ное 8, 2018

За две недели три жртви во сообраќајни несреќи на патниот правец Охрид-Кичево

Во две недели три фатални сообраќајни несреќи  во кои животот го загубија три лица,  а десетина се повредени. Ова е црниот биланс од билтенот на СВР Охрид,  кој повторно го вклучи алармот.  Вчера во тешка сообраќајка кај  селото Горенци загина 40 годишен жител на Мешеишта. Пред два дена на патот Подмолје Кичево кај селото Мислешево, во страотна сообраќајка  меѓу автомобил и автобус, едно лице го загуби животот а петмина завршија во болница.  Истиот ден во струшко кај селото Теферич 17 годишник со возилото излетал од патот. Пред десетина денови во сообраќајка кај Свети Еразмо загина 38 годи…

Ное 8, 2018

Во Охрид ракот на простата по број на заболени на 4-то место од малигните заболувања

Во охридската Општа болница во 2017 година од малигни заболувања се лекувале 579 пациенти. Од нив кај 207 лица бил дијагностициран рак на простата или 36,1 процент, информираат од Центарот за јавно здравје. Стсистиката покажува дека од нив 51, 2 посто биле на возраст од 65 до 74 години, над 75 години биле 36,7 посто и 11,1 посто биле на возраст од 55 до 64 години, укажува д-р Слободанка Коцевска. „ На 4 место по бројот на заболувањата е карциномот на простата. За него многу помалку се зборува од карциномот на матка и дојка, барем во нашата средина“, напоменува д-р Коцевска. За малигното з…

Ное 8, 2018

Намалениот водостој на езерото се заканува да прерасне во посериозен проблем

ЈП „Водовод“ на барање на локалната ги исклучи пумпите со кои се зема вода за пиење од каптажата „Билјанини Извори“ и истата ја  пренасочи во каналот „Студечишта“ за да се спаси плашицата од помор. После апелите од екологистите и објавите во медиумите и од општината апелираат до надлежните итно да  преземат соодветни мерки за надминување на проблемот со моменталниот водостој на Охридското Езеро.Нивото на езерото кое е на минимална дозволена кота ја загрижи локалната самоуправа. Во делот кај Студенчишкиот канал и поплитките делови на крајбрежјето на Охридското Езеро, рибата поради нискиот во…

Ное 8, 2018

Романо Проди добитник на Светската награда за хуманизам за 2019 год

Добитник на Светската награда за хуманизам за 2019 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е Романо Проди. Станува збор за еден од водечките визионери и градители на европската идеја, екс-премиер на Италија и претседател на Европската комисија. Професорот Проди е 13ти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, будејќи ги изворите на духовната мем…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top