Општите матични стоматолози се незадоволни од договорите за работа склучени со фондот за здравство и се во тешка финансиска состојба. Охридските матични стоматолози денес го изразија својот револт и проговорија во какви услови работат. Велат незадоволни се од просечните примања од околу 15.000 денари, од големите трошоци во работата, малите приходи и недоволниот број пациенти бидејќи луѓето се иселуваат. Сето тоа се одразува негативно врз нормално функционирање на стоматолошката служба. Стоматолозите кои имаат склучено договори за работа со Фондот за здравство не ги прифаќаат новите договор…
Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, во периодот од 19 до 24 ноември беше во посета на Република Хрватска и Република Словенија. Посетата се реализира како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, а делегацијата беше составена од претседатели на совети и советници од 13 општини.Во рамки на посетата беа реализирани работни средби со претставници на локалната и централната власт во Загреб, Бјеловар, Сисак, Подчетртек, Марибор и Љубљана. Целта на работните средби беше јакнење на капацитетите на општинските совети за вршење на своите надлежности преку искуст…
Надлежните служби на општина Охрид, започнаа со новогодишно украсување на градот. Според најавите годинава Охрид ќе блесне во полн сјај и ќе биде најубаво украсен во споредба со претходните неколку години.Ѕвезденото небо ќе блесне над чаршијата и плоштадот „Св. Климент Охридски“, а градските паркови ќе бидат накитени со новогодишна лед мрежа. На соодветни локации во центарот на Охрид ќе бидат поставени новогодишните украси:пакет, лампион и елен. На плоштадот „Св.Климент Охридски“ ќе биде поставена голема новогодишна елка.Кружните токови кај Охридска Банка и гимназијата „Св. Климент Охридски…
Воената состојба во Украина ќе ја продлабочи глобалната економска и енергетска криза, а како последица на тоа и туризмот ќе претрпи огромни штети, сметаат туристичките работници од охридско-струшкиот регион.
Според нив воената криза во Украина ќе се одрази и кај нас, не само по бројот на туристи туку и врз нивната куповна моќ.
Ќе се одрази кај нас, не само по бројот на туристи кои би дошле туку тоа влијае врз поскапувањето на енергенсите, поскапува се, цените не можеме да ги задржиме, а со тоа се намалува моќта на секој турист од било која држава да потроши и да направи одмор од 15- 20 …
Општина Охрид упатува апел до сите доставувачи на роба во Охридската чаршија истата да ја реализираат со мали моторни возила поради новогодишното украсување на градов што започна денес. Доставувањето на робата да се врши внимателно со цел да не се оштети Ѕвезденото небо што ќе блесне над чаршијата и градскиот плоштад и да не се уништат останатите новогодишни реквизити. Доставувањето на роба со мали возила во чаршијата ќе биде се додека новогодишните реквизити го красат Охрид.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р. (42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда две лица од Кичево, на возраст од 48 и 37 години и им ветил дека од една странска држава, по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби. За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена – информираат од СВР Охрид.
На Интернационалниот Бреинобреин натпревар кој по четврти пат се одржува во Дубаи, ОАЕ, како претставници на Македонија учествуваа 10 деца од нашиот Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, предводени од тренерот на програмата. Во исклучително силна конкуренција сите наши бреинобреин генијалци покажаа огромен успех и знаење и освоија награди и тоа: 2 трофеи, 7 златни и 1 сребрена медаља. Особена вредност на ова најсилно Бреинобреин натпреварување во Дубаи дава поставувањето на Гинисов рекорд за најголем час по ментална аритметика, со учество на повеќе од 3200 учесници.
Наместо горди просветни работници на својата професија, има пародија на образованието и животот на вработените во охридските основни и средни училишта кои се уште не ја зеле октомвриската плата, обвини на прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски. Лицемерно е градоначалникот Стојаноски во презентираниот „Ќе отчет“ да ветува дека ќе го подобри образовниот процес, а просветните работници не можат да ја добијат нивната чесно заработена плата. Градоначалникот да објасни зошто не е испочитуван Законот за работни односи, според кој 15ти во месецот е крајниот рок да се ис…