Општинското средно училиште Св. Климент Охридски со свечена програма го одбележа патрониот празник. Средношколците од охридската гимназија нижат успеси и достојно се носи името на словенскиот просветител, а училиштето се вбројува помеѓу подобрите образовни установи во земјава. „ Според успесите сеуште сме на врвот на Републиката. Во однос на средните училишта резултати имаме на сите полиња. Последни ни се успесите од ноември од полето на науката каде што наши ученици постигнаа врвни резултати и добија награди од сите природни науки“, посочува Весна Цветкоска директор на ОСУ „Св Климент Охри…
Членовите на Фото клубот Охрид со традиционална изложба посветена на Св. Климент Охридски одбележаа и јубилеј 2 децении постоење. 15тина членови на фото клубот презентираа 50тина уметнички фотографии. Клубот некогаш одржувал повеќе изложби , а сега се излагаат нивните уметнички фотографии два пати во текот на годината , на Денот на Езерото и на патронатот на градот Св. Климент Охридски. 20- те години постоење се потврда дека фото клубот се темели на чиста љубов, искрени и благородни намери на основачите долго да трае, истакна на свеченото отварање Ѓоко Симјаноски член на ФК Охрид.
„ Пред 2…
Екипите на „Охридски Комуналец„ реализираа акција за расчистување на делницата од магистралниот пат Охрид-Скопје од сообраќајната клучка на влезот во Охрид (петља) до с.Подмоље. Расчистен е расфрланиот ситен комунален отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки и др.) околу коловозните ленти. Ангажирани беа 6 (шест) комунални работници и подигнати се 30 вреќи отпад.
На една недела пред завршување на пописот, пописните активности течат без проблеми во Охрид. Заклучно до 22 септември попишувачите направиле попис на 30.955 лица, 18.470 станови и 10.608 домаќинства, информира Станко Стојаноски, координатор на Регионално одделение за статистика Охрид и државен инструктор.
Има минорен број на граѓани, исклучоци кои на некој начин го одложуваат попишувањето. Тоа не го прават директно туку ги враќаат попишувачите со изговор да дојдат за 2-3 дена. Со тоа на повидок се некои граѓани кои одбиваат да бидат попишани од нивни причини. Не гледам причина зошто неко…
Празници се ближат. Бидете дел од поставување на новогодишната елка во „Игротека Вања“ која ќе биде накитена со лампионите изработени од вредните рачиња на нашите дечиња. Игротеката организира работилници за изработка на лампиони, честитки и новогодишни украси. Доволно е само да дојдете и да се забавувате, да бидете креативни, оригинални и свои. За другото ќе се погрижат од игротеката „Вања“..Термини за работилници:
07.12.2018- Петок -12:00-14:00 часот10.12.2018 – Понеделник – 12:00-14:00 часот11.12.2018 – Вторник – 12:00-14:00 часот12.12.2018 – Четврток – 12:00-14:00 часот13.12.2018 – Пет…
Старата зграда Маларична од ЈЗУ „Здравствен дом“ после многу години се санира. Објектот е во лоша состојба изграден во далечната 1956 година. Тука голем број охриѓани и гости добиваат здравствени услуги од повеќе медицински служби меѓу кои итната медицинска помош, патронажната служба, стоматолошката служба и матични лекари по општа пракса.
„ Настојуваме сега со санација да се тргнат азбестните плочи. Да се санира целосно кровот со квалитетен лим, стреите што се рушат да бидат опфатени со лим и да се фасадира од надворешната страна“, информира директорот на Здравствен дом д-р Ајсел Зејноска…
Се ближи најубавиот и највозбудлив празничен период од годината. Со таа цел чест игротеката „Вања“ ќе понуди незаборавен момент на испраќање на старата и дочек на Новата година на Вашите деца. А се тоа ќе изгледа магично. Цена: 250 ден од детеТермини: 2 часа играње во Игротека и сликање со Дедо Мраз вклучено во цената (18, 24, 25, 27 Декември 2018 година од 18:30 до 20:30 часот)Новогодишна програмаНовогодишно пакетче вклучено во ценатаДедо Мраз – аниматор 2 часа вклучено во ценатаПрофесионален фотограф ангажиран од наша страна (сликите не се вклучени во цената – 2 слики 150 денари)Децата се…
Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со теквондистот Василија Јовчески, кој освои трето место на балканскиот теквондо шампионат. Градоначалникот му честиташе за постигнатиот успех и му посака во иднина да нижи уште поголеми успеси и дека може да смета на неговата поддршка.