Министерството за транспорт и врски треба да го преземе првиот чекор за реконструкција на оштетувањата на градското пристаниште во Охрид. Локалната е волна да помогне, но со претходно направени геомеханички испитувања и секако согласност со ресорните министерства.Оштетувањата на градското пристаниште нема да бидат санирани во пресрет на новогодишните празници кога во Охрид се очекуваат голем број гости. Најверојатно сликата нема да се промени ни за Водици. Последното невреме од месец март годинава направи голема пукнатина на пристапниот дел на објектот кој служи за спуштање на кајчиња, глис…
Во врска со вториот повик за аплицирање со проектни предлози во рамките на ИПА- програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија за периодот 2014-2020 година, денеска се одржа третата инфо- сесија.Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија ќе се спроведува во рамките на Инструментот за претпристапна помош во поглед на унапредување на добрососедските односи и унапредување на социоекономскиот развој.
Во Охрид и Дебрца се навреме завршени сите проекти за кои беа обезбедени средства од Југозападниот плански регион и општините. Министерот за локална самоуправа, Директорот на Бирото за рамномерен регионален развој заедно со претставници од центарот за југозападен плански региони и градоначалниците од Охрид и Дебрца га ги посетија детската градинка Развигорче на која беше реконструиран кровот, изградената пешачка патека кај Саат кулата и реконструираната училишна зграда во Волино. Сухеил Фазлиу, Министерот за локална самоуправа , изрази задоволство од реализираните проекти и ги најави планов…
Плашицата се помалку барана на пазарот. Оваа риба која е карактеристична за охридскиот регион, многу се конзумираше во минатото, но во последниве петт- шест години нема интерес за нејзино изловување, а многу ретко се нуди во рестораните во градов. Граѓаните оваа риба порано многу ја користеа и во секојдневната исхрана, а посебно во овој период кога се посните слави. Неодамна се случи еден поголем помор на плашицата, а стручњаците велат дека една од причините за тоа е што оваа риба е многу размножена, а не се изловува во доволни количини.
Концесионерот на рибниот фонд во езерото во изминати…
Околу 25 отсто од вкупниот број жртви во сообраќајни незгоди во државава се пешаци. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата наведуваат дека ваквиот загрижувачки податок се должи на тоа што голем дел од пешаците не се свесни дека и тие се активни учесници во сообраќајот па ги прекршуваат сообраќајните правила.Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, активно се вклучува во кампањата на Републичкиот совет за поголема заштита на пешаците во сообраќајот „Без изговори-без оправдувања“.Дел од пешаците драстично ги кршат одредбите на Законот за безб…
Утре со почеток во 19 часот во СРЦ Билјанини Извори ќе се одигра заостанатиот натпревар од 12тото коло на машката ракометна суперлига помеѓу РК Охрид и РК Борец. Натпреварот беше одложен поради потешкотии во функционирањето на клубот од Велес. На утрешниот натпревар шанса да покажат што можат очекуваат младите ракометари. „Веќе сме константни во првиот тим и од нас се очекува да ги покажуваме своите квалитети на теренот. На утрешниот натпревар со екипа од долниот дел на табелата, екипата на Борец , очекуваме поголема минутажа. “ – Мартин ИваноскиМладинскиот состав на РК Охрид е прво место …
Годинава се навршуваат 10 години од оформувањето на одделението за превенција при СВР Охрид кое, со својата работа, заедно со Канцеларијата за односи со јавноста, започна во 2008 година. Со тоа, се стави акцент на превентивната работа на полицијата и на нејзината транспарентност, со што се градеше новиот лик и новиот имиџ на полицијата во демократските општествени заедници.Во основата на превентивното работење лежи потребата од дијалог на полициските службеници и граѓаните, со цел лоцирање и идентификување на безбедносните проблеми во локалната заедница и изградба на заеднички (тимски) ефик…
Узурпирани тротоари во Охрид. На новоизградената современа сообрајќајница 15-ти Корпус, има узурпирани тротоари, пријавија граѓани во рубриката „Ти си твојот град“.
На новоизградениот тротоар, веднаш до салонот на Цитроен. подигнат е бетонски ѕид и поставена е железна ограда.
Граѓаните револтирани пишуваат:
Околу продавницата си изградија огради кои го попречуваат движењето на пешаците. Го узурпираа тротоарот, а надлежните ништо не преземаат. Со овие бариери ја попречуваат безбедноста и на пешаците и на автомобилите.
Пешаците не може слободно да се движат по тротоарот. А жителите …