Проектот „Реконструкција и адаптација на влезот и Салата од Советот на општина Охрид“ беше избран за приоритетен проект на Форумот на заедници чијашто последна работна сесија се одржа денеска во Охрид. UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија во реализација на проектот ќе учествуваат со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци. На работниот состанок присуствуваше и градоначалникот Јован Стојаноски кој посочи дека партиципативната демократија е извонредна можност за решавање на проблемите во една заедница. Според него ваквите форуми се можност за генерирање идеи и давање п…
Општина Охрид за Новата 2019 година објавува Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон.Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 14 до 27. 12.2018 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.На конкурсот ќе бидат доделени три награди:Прва-10.000денариВтора-6.000денариТрета-4.000денариКомисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:При новогодишното украсување на дв…
Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца има нов аргумент со кој ќе го разубедува министерството за животна средина да не се гради регионална депонија во Годивје туку да бара друга локација во Југозападниот плански регион. Ногачески деновиве остварил средба со Манфред Шуберт, светски ескперт за енергетика кој има проектирано голем број фабрики за рециклирање и третман на отпад во Германија и светот. Градоначалникот го запознал експертот со решението дадено во Студијата за оценка на влијанието на животното средина за изградба на региоаналната депонија во Годивје.
„ Од негова страна ми беш…
На 22.09.2021 година во 21:20 часот, на кружната крстосница на булеварот „Туристичка” и улицата „Стив Наумов” во Охрид, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шеврполет” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) и мопед „Кивеј” со охридски регистарски ознаки, управуван од В.И.(51), двајцата од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.
Ракометарите на Охрид утре на домашен терен го пречекуваат тимот на Радовиш во последниот натпревар во Супер лигата за оваа календарска година. Искусната екипа на Радовиш која во составот го има најдобриот стрелец во лигата Ивица Илиев и двајца црногорски интернационалци не треба да се потцени. „Во дуелот со Радовиш очекувам победа. Не би рекол дека ќе биде лесен натпревар. Не смее да се потцени противникот. Доколку се потцени Радовиш знае да ја искористи шансата. Многу се искусни и долги години играат во лигата.“- изјави голманот на РК Охрид, Мартин Јовановски. Младите во клубот ја одработ…
Националните паркови Галичица, Пелистер, Преспанско езеро и националниот парк Преспа кој ги опфаќа деловите во Македонија, Албанија и Грција ќе добиваат финансиска поддршка од Фондот за доверба Понт. Понт е добитник на наградата Pathfinder зa 2018 година меѓу 200 кандидати од целиот свет. Наградата се доделува за инвентивни решенија во заштитените подрачја. Фондот за природата Преспа- Охрид ја поддржува меѓугранична заштита на природата во екорегионот Преспа – Охрид кој ги опфаќа делови од Македонија, Албанија и Грција и вклучува 6 региони, напоменува Мирјам де Конинг извршен директор на ПО…
Министрите на вчерашната владина седница донесоа одлука за основање на ново Јавно претпријатие наречено ,,Колекторски систем“.Примарната дејност на новото јавно претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.Јавното претпријатие исто така, ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем. Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина од 5 милиони се обезбеде…
Секоја година „Гете Институтот“ во соработка со германската амбасада следејќи ги достигнувањата на наставниците и секако нивните усовршувања во текот на целата година, ја доделува наградата на наставници кои се иновативни и кои на своите часови спроведуваат креативни проекти. Годинава, наградата за најдобар наставник по Германски јазик во земјава ја доби охриѓанката Ивана Маховска Шикалеска со проектот „Туристички водич за млади“.„Труд треба многу. Еден наставник за да биде успешен и креативен треба да се труди многу, поготово користејќи ги сите овие ресурси кои ние ги имаме на располагање…