Дек 31, 2018

АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ – БИЗНИС ПОБЕДНИК ВО 2018

„Со доволно креативност, иновативност и посветеност, сепак може да се успее“ Градежната компанија Адора инженеринг која 17 години е потврден бренд во високата градба, 2018 година ја заврши со евидентни бизнис успеси. Во услови на економска и политичка криза, забавен економски развој и значителен пад на учеството на градежниот сектор во националната економија, оваа компанија остана предводник на високата градба, бележејќи значителен скок во успешноста, искачувајќи се на 23-тото место меѓу најуспешните компании во Република Македонија. Успеси кои ја одбележаа 2018 во Адора инженеринг: Завр…

Дек 31, 2018

Расчистен полигонот за мали спортови и речното корито на р.Сушица

По барање на правното лице кое стопанисува со просторот на поранешниот полигон за мали спортови и истиот простор го користи како паркинг-простор, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистија истиот од расфрлан ситен комунален отпад и лисја. Се спроведе и акција за чистење на речното корито на р.Сушица од расфрлан комунален отпад и градежен шут до пресекот со ул.„Железничка“.

Дек 31, 2018

НОВОГОДИШНА ПОРАКА НА В.Д ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ

Почитувани сограѓани, Во новата 2019 година, влегуваме со цврста определба и верба дека сите заедно ќе работиме за подобар живот и подобро утре за Охрид. Во годинава што е зад нас, го изгубивме својот градоначалник, но не ја изгубивме неговата визија и неговите соништа за европски, модерен и развиен Охрид. Ветуваме дека со упорна и посветена работа Охрид ќе го направиме убаво место за живеење, развиен културен и економски центар и светски позната туристичка дестинација. Во 2018 година е интензивиран процесот за финансиска консолидација на Општина Охрид и со помош на Владата на Република М…

Дек 28, 2018

Општина Охрид го изгласа буџетот тежок над 25 милиони евра

Развојниот буџет на општина Охрид за 2109 година ќе тежи над 25 милиони евра. Во основниот буџет е вкалкурирана и сумата од около 500 милиони денари со кои Владата интервенираше за раздолжување на општината. Советниците ја испочитуваа желбата и идејата на покојниот градоначaлник Јован Стојаноски најмногу пари во буџетот да се наменат за капитални инвестиции во образованието со сума од 46 милиони денари, напомена градоначалникот Константин Георгиески. „ Од тие 46 милиони денари за капитални инвестиции само 21 милион и 300 илјади денари се за изградба на нова градинка која е планирана за ова…

Сеп 24, 2021

„Рибарите“ утре играат со ФК Гостивар

Во петтото коло од Втората македонска фудбалска лига – запад, екипата на ГФК Охрид Лихнидос утре ќе игра на гостински терен против екипата на ФК Гостивар. Натпреварот се игра на градскиот стадион во Гостивар со почеток во 15:00 часот. По четири одиграни кола „рибарите“ паднаа на деветтата позиција на табелата и имаат три бода.

Дек 28, 2018

ДЕЧИЊАТА ОД ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА “ ГО ПРЕЧЕКАА ДЕДО МРАЗ НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Видно возбудени, со широки насмевки на лицата, 260 деца згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, денеска го пречекаа дедо мраз кој слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Најсаканиот дедо на Светот ги дарува дечињата со пригодни подароци и им посака среќа и весело детство во новата година. Пакетчињата за најмладите ги обезбеди општина Охрид, којашто заедно со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е организатор на настанот , а со поддршка на ТАВ Македонија и АД „Галеб“ коешто обезбеди превоз на дечињата до аеродром.

Дек 28, 2018

Ново хортикултурно катче-дрвен воз во градскиот парк

Од денеска градскиот парк го краси дрвен воз кој 100% е сопствено производство на вработените од „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец. Во градскиот парк во близина на детското игралиште е формирано ново хортикултурно катче од дрвена композиција-воз во кој се поставени цветни жардињери и декорирано со украсен камен. Дрвениот воз е изработен од стеблата од дрвја кои се отстранети од различни критични точки на територијата на општина Охрид, а вработените со голема умешност истите ги издлабија и формираа уникатно дело.

Дек 27, 2018

Охридската полиција заплени 7500 парчиња пиротехника во дом на охриѓанец

7435 парчиња нелегални пиротехнички средства заплени охридската полиција. Пиротехниката била пронајдена во домот на 31 годишен охриѓанец на улицата „Ристо Чадо“ кој заработи кривична пријава за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. „Станува збор за активност која е реализирана во текот на вчерашниот ден по предходни одлични оперативни сознанија дека во домот на овај 31 годишен охриѓанец има поголема количина на нелегална пиротехника. Акцијата беше извршена по добивање наредба за претрес од судија на преходна постапка.“ – изјави портпаролот на СВ…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top