Новите седумдесет вработувања во јавните претпријатија во градов беа каменот на сопнување на денешната седница на совет. Советниците од ВМРО ДПМНЕ обвинуваат дека нема никаква оправданост за ваквиот чекор на Локалната земајќи го во предвид фактот дека јавните претпријатија работат на работ на рентабилноста. Според Кирил Пецаков, координаторот на опозиционата советничка група ова е чисто политички потег и тоа сега непосредно пред локалните избори кои треба да се одржат во април.
Тоа е еден вид на заложништво и уценување на сите оние кои ќе имаат желба да конкурираат на овој конкурс или на о…
Обештетувањето на граѓаните чии домови настрадаа во земјотресот кој пред година и пол го погоди Охрид, го оштети буџетот на државата, тврдат советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие на денешната седница побараа да се стави дополнителна точка на дневен ред по која ќе се расправа за неправилностите кои биле утврдени при исплатата на оштетата на некои граѓани. Како што кажа координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков на некои граѓани им биле исплатени повеќе средства од тоа што реално биле штетите, а други пак воопшто не биле обесштетени.
Кој знае каква ќе беше штетата по буџетот н…
Од регионалната управа за јавен приход информираат дека во Охрид се регистрирани 24.000 граѓани на системот Е персонален данок. Напоменуваат дека очекуваат зголемување на оваа бројка по продлжување на рокот до крајот на јануари за електронска регистрација на персонален данок за граѓаните кои досега не ја исполниле законската обврска, напоменува Злате Мунески портпарол на регионалната УЈП од Битола.
„Задоволува бројката, но очекуваме да се регистрираат уште 2000 до 3000 илјади граѓани приматели на странски пензии и земјоделци од Охрид. Апелираме граѓаните кои се регистрирале на компјутер, а…
Градот ги прави завршните подготвки за одбележување на големиот христијански празник Богојавление. Прославата ќе биде во духот на христијанската традиција, информира Константин Георгиески в.д градоначалник на Охрид.„Јавните претпријатија беа ангажирани во чистење на плоштадот и пристапните улици. Денес почнуваме со украсување на градот. Очекуваме голем број домашни и странски гости кои ќе допатуваат да го проследат осветувањето на водите на Охридското езеро“, истакна в.д градоначалникот Георгиески.
Нуркачите од Амфора го завршија чистењето на просторот во езерото каде што ќе се фрла светио…
Здружението „Борка-за секој нов ден“, во пресрет на месецот октомври, кој е посветен на борбата со ракот на дојка, го одржа 13-то издание на хуманитарната манифестација „Напред Розово“. Во истовреме го одбележуваат и најголемиот хуманитарен настан во Европа „Race for the cure“.
На паркингот пред пешачкиот мост кај каналот „Студенчишта“, денеска со почеток во 11:00 часот беше одбележан почетокот на месецот во кој гласно се зборува за ракот на дојка, за навремената превенција од оваа болест и за современите терапии. Месец во кој се слави животот, но и месец во кој се сеќаваме на сите оние …
На 15 јануари оваа година, во 00.30 часот, во угостителски објект во Струга, лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир, пришто, Р.Д.(50)од Струга, се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница.
Тој, најнапред вербално а потоа и физички бил нападнат од Б.Д.(50) од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата. По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против Б.Д. ќе поднесе соодветна пријава.
Во согласност со Годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој предвидено e субвенционирање на уплатената такса за привремен престој на домашните и странските туристи, за физички лица вршители на угостителска дејност во општина Охрид.
Целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање. Висината на Субвенци…
На традиционалниот заеднички појадок по повод празникот Василица што се организира во Општина Охрид паричките ги најдоа Весна Митреска, Тихомир Дурнев, Симон Илијески и Томе Џамтоски. Заедничкиот појадок го организираа минатогодишните кумови Царе Наумоска, Габриела Милошоска и Гоце Симоноски.
Заедничкиот појадок заврши со желба за добро здравје, среќна и бериќетна година, успех во работата и напредок на Општина Охрид.