Науме Јованоски, поранешниот прв човек на ОО на СДСМ од Охрид денес на прес конференција ги обзнани своите амбиции да биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид на претстојните вонредни локални избори. Одлуката да влезе во трката за градоначалник ја донел и поради блискоста и вербата во актуелното раководство на СДСМ и Владата предводена од премиерот Зоран Заев.
Дополнителен мотив да се кандидирам за одговорната функција е фактот што, во делот на организациската и теренска активност, имам одлично претходно искуство, добар тим кој ќе застане зад мене за заеднички да ја одработиме задач…
Отфрлање на предлог одлуките за легализација на бесправно изградени објекти во авто кампот Градиште на утрешната седница на Совет, бараат од здружението на граѓани „Оревче“. Стотина семејства од Пештани сопственици на 100.000 метри квадратни имот во најатрактивниот камп Градиште ги повикуваат советниците од позиција, опозиција и независните да ја поддржат нивната правна битка за враќање на нивните национализирани имоти која ја водат долги години.
„ Не сакаме легализација на објектите. Законот е дециден. Со донесување на законот за денационалзиција во 2000 година во член 72 стои дека со имо…
„Неодговорното однесување на локалната администрација никако да запре сакајќи преку Советот на општина Охрид да протурка штетни и непримерни одлуки. Градиште е огледало на тоа како функционира целиот систем на Република Македонија.“ обвинуваат од ДПМНЕ Охрид.
Лицемерието односно контрадикторните ставови во однос на заштитата на градот од УНЕСКО се очигледни.Легализацијата на 7 бесправно изградени објекти во кампот Градиште во најзаштитениот појас, во непосредна близина на езерото, експресно државата и нејзините институции ги издале сите потребни согласности за овие легализации. Замислете т…
На одбележувањето на Денот на градот Дубровник и заштитникот Св. Влахо, присуствуваше и в.д градоначалникот Константин Георгиески.
На средбата со градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ, беше разговарано за продлабочување на воспоставената соработка на двата града кои се под заштита на УНЕСКО. Во рамките на неколкудневната прослава на денот на градот Дубровник се одржуваат бројни културни, спортски и туристички манифестации.
Во работна посета на општина Охрид допатуваа премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Имаа средба со в.д градоначалникот Константин Георгиески и одржаа трибина со охриѓани. Премиерот Заев пред присутните граѓани зборуваше за решавањето на чувствителните политички прашања и затварање на отворените прашања со соседите кои водат до остварување на целта влез во Нато и ЕУ. Порача сега е време сите да ги засукаме ракавите, ефикасно да работиме за да имаме економски просперитет на државата. Потсети на досегашните мерки кои владата ги презела за подобрување на живо…
Мартин Гоџо денеска го фати крстот кој беше положен во водите на Охридското езеро.
Тој беше најсреќен меѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на Охридското Езеро, кои утрово беа осветени со богојавленска богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски Тимотеј.
Во 21 век не функционираат операционите сали во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид. Министерот Венко Филипче и Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ водат ли грижа за здравјето на граѓаните?- кажа денеска на прес конференција портпаролот на ОК на вМРО ДПМНЕ Охрид, Перчо Божиновски. „Оперативниот блок од хирушките одделенија веќе еден месец не работи, затоа што не функционираат апаратите за анестезија. Не може да се изведат операции, а пациентите се препраќат во други болници и најстрашното операциите се одложуваат. Колку операции се извршени во новата година и зошто се доцни со сервисирањето на апаратит…
Вчера беше одбележан Светскиот ден на туризмот. Министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Љупчо Јаневски ги најавија приоритетите во претстојниот период за понатамошен раст на оваа индустрија. Туризмот во светски рамки беше еден од најпогодените сектори од пандемијата. За негово опоравување главните предизвици се дигитализацијата и промоцијата на земјава. Статитистичките податаци покажуваат дека годинава е добра во споредба со лани, но полоша е од 2019та. Сезоната беше успешна благодарение на владините мерки и политики, креирани…