• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОК на ВМРО ДПМНЕ: Во 21 век не функционираат операционите сали во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Во 21 век не функционираат операционите сали во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид

Не функционираат апаратите за анестезија на хируршките одделенија во охридската општа болница. Граѓаните се оставени  на милост и немилост на времето, а здравствените работници во тешка позиција без основни услови за работа обвинија денеска на прес конференција од Ок на ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 

Во 21 век не функционираат операционите сали во ЈЗУ „Општа болница“ Охрид. Министерот Венко Филипче и Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ водат ли грижа за здравјето на граѓаните?- кажа денеска на прес конференција портпаролот на ОК на вМРО ДПМНЕ Охрид, Перчо Божиновски.

„Оперативниот блок од хирушките одделенија веќе еден месец не работи, затоа што не функционираат апаратите за анестезија. Не може да се изведат операции, а пациентите се препраќат во други болници и најстрашното операциите се одложуваат. Колку операции се извршени во новата година и зошто се доцни со сервисирањето на апаратите во операционите сали?“ – кажа Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Откако граѓаните беа оставени на цедило една година поради расипан компјутерски томограф во Болницата, расипан ангиограф во Кардиолошкиот Завод сега никој не се грижи и за апаратите за анестезија, кажа Божиновски.

„Наместо Зоран Заев да одржува трибини и ги лаже охриѓани, заедно со в.д градоначалникот Константин Герогиески треба да одат директно во операционите сали, а не во салата на киното, за да видат како се оставени граѓаните на милост и немилост на времето, а здравствените работници во тешка позиција без основни услови за работа.“ – порача Божиновски.

Ресорното министерство и Општата Болница што побрзо да ги стават во функција апаратите за анестезија доколку се грижат за здравјето на граѓаните побараа од ВМРО ДПМНЕ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top