Фев 7, 2019

Значително намален водостојот на реката Сатеска

Водостоите на реките се во рамките на повеќегодишниот просек за февруари со исклучок на Сатеска на мерното место кај Ботун каде нивото е за 15 пати пониско од вообичаеното и Треска кај Македонски Брод со скоро двојно понизок водостој, покажуваат последните податоци од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Водостојот на Дојранското Езеро е речиси три метри повисок од просечниот, кај Преспанското е во рамки на просекот, а Охридското Езеро има за 12 сантиметри пониско ниво од просечното за овој месец.

Фев 7, 2019

Долно Лакочереј и улица „Климентска “ без вода

Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека поради дефект на водоводната мрежа, денес, од 11 до 13 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во Долно Лакочереј. Поради приклучок во водоводната мрежа, до 13 часот, ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од улицата „Климентска“.

Сеп 28, 2021

Започна исплатата на септемвриските пензии

Започна исплатата на септемвриските пензии во деловните банки за клиентите кои не користат платежни картички. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките се реализира во четири групи, според висината на пензијата:– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток);– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.1…

Фев 6, 2019

ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патронатот

Основното училиште „Григор Прличев“ го одбележа патронатот со пригодна програма. На свеченоста присустуваа в.д градоначалникот Константин Георгиески, советници од ЛС и претставници од семејството Прличеви. На бистата на охридскиот и македонски поет и преродбеник беа положени ловров венец и цвеќе. Олга Прличева, внука на поетот, од името на семејството Прличеви му подари на основното училиште несекојдневен подарок. „Необјавено слово на Григор Прличев. Тематски посветено на младоста. Професијата учител за Григор Прличев била најголемотo звање од сите професии кои ги работел и како поет и как…

Фев 6, 2019

Потпишан протоколот за влез на Македонија во НАТО Алијансата

Ова е историски чин, неколкупати нотираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на потпишувањето на протоколот за влез на Македонија во Алијансата. По ратификацијата на протоколот од земјите членки, Северна Македонија ќе стане 30 земја членка на НАТО. Од денеска мојата земја е многу силна, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров на церемонијата за потпишување на пристапниот протокол за членство во НАТО, затоа што, како што рече, силата на една земја се гледа по нејзината армија, по држењето до демократските институции, но и според тоа колку сојузници има, а Македонија…

Фев 6, 2019

Остри реакции од Здружението „Стар Лагадин“

„Со вчудоневиденост и индигнација ја проследивме јавната вербална комуникација на премиерот Заев со инвеститорот на спорниот хотел во Лагадин на организираниот настан во Охрид „Силна економија – шанса за сите“ со која сметаме дека тој отворено се стави во улога на поттикнувач на еден од најтешките облици на корупција и криминал кој ние граѓаните на оваа земја го именуваме како градежна или урбанистичка мафија. Видовме и слушнавме како премиерот му ветува на „чичко Никола“, со кого си разменувале приватни смс-пораки, дека тој лично ќе се погрижел градбата на неговиот криминален хотел непрече…

Фев 6, 2019

Професионална соработка помеѓу двете најголеми кардиолошки установи

Универзитетска Клиника за кардиологија Скопје како врвна здравствена институција во државата и ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни болести – Охрид, започнаа активна соработка со цел меѓусебно развивање во интерес на медицината, науката и квалитетот на услуги на пациентите. Деновиве заеднички тим од двете установи извршија имплантација на два трајни електростимулатори на наши пациенти. Во присуство на директорите на двете установи Др.Жан Зимбаков и Др.Елена Коваческа Башуроска беше официјализирана вистинска соработка која ќе вроди со натамошен развој на медицинската наука, вовед…

Фев 5, 2019

Врачена Повелбата за најдобра поема за 2018 година

Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше врачена Повелбата за најдобра поема за 2018 година. Лауреатот Славчо Ковилоски го доби ова престижно признание за поемата „Крале Марко по втор пат“ која ја пишувал повеќе години. Авторот кажа дека е посебно почестен со наградата бидејќи да се продолжи делото на ловороносецот Григор Прличев е огромна чест и одговорност. Оваа награда Григор Прличев која се доделува за поема е единствена во македонската книжевност и е една од најзначајните награди воопшто во македонската литература. Така што ми е огромна чест и задоволство, но и обврска и пон…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top