Фев 20, 2019

ВО ОХРИД ЗА ДЕСЕТ ГОДИНИ СОБРАНИ 184,5 ТОНИ ОДПАДНО МАСЛО

Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Охрид од 2009 год. отпочна со реализација на проектот за собирање на отпадни масла генерирани при подготовка на храна. Целта на реализацијата на овој проект беше употребеното масло за готвење да не се фрла заедно со другиот комунален отпад и со него да не се загадува животната средина. Собирањето на отпадното масло започна во соработка со хотелите , рестораните , сендвичарите и други правни субјекти кои создаваат ваков вид на отпад. Собирањето на отпадното масло на територијата на Општина Охрид започна да го врши овластената …

Фев 20, 2019

Планинската спасителна служба која ги покрива териториите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца и Ресен наскоро треба да го добие простории каде ќе биде сместен нејзиниот центар

Спасувањето на планина, иако се базира исклучиво врз алпинистичките вештини, сепак е доста комплексна дејност, која за разлика од алпинизмот како спорт бара многу повеќе финансиски, материјално-технички и логистички ресурси. Европските фондови не смеат да бидат единствениот извор на финансии за квалитетно непречено и одржливо функционирање на Планинската Спасителна Служба. Тука треба да помогнат и локалните власти и државните институции, бидејќи пред се службата покрива територија од пет општини во југозапандиот регион на државава. Она што останува како цел во блиска иднина, е доопремување …

Фев 20, 2019

ИЗРАЕЛСКА ПОМОШ ЗА ТРЕТИРАЊЕТО НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, оствари средба со Уд Шани заменик претседател за продажба во компанијата „Aqwise“ и Моран Тсимчи коосновач на компанијата „Danbar“. Двете компании работат во сферата на третирањето на отпадните води. Од страна на претставниците на компаниите беа презентирани позитивни искуства од менаџментот на отпадните води. За почеток на соработката предвидено е изработка на проект за поставување на пречистителна станица во Трпејца, а потоа предвидено е моделирање и инвестирање во колекторскиот систем. На средбата беше договорено, двете…

Фев 19, 2019

Нема втор пат за првиот впечаток

Нема втор пат за првиот впечаток. Ова многу добро го знаат и веќе активно го применуваат туристичките водичи од градов. Тие се свесни дека го претставуваат првиот впечаток за Охрид како туристички центар, па затоа инвестираат во себе и во сериозноста на оваа професија. Пратејќи ги современите трендови во туризмот и се поголемиот интерес за развој на неговите алтернативни форми како што се планинарење, алпинизам, авантуризам и др., дел од водичите специјализирани за вакви тури, пред неколку месеци ја формираа Асоцијацијата „Експлорер“. Асоцијацијата за професионални водичи на планина оваа г…

Фев 19, 2019

Монтирани нови висечки кошеви во спортската сала Билјанини извори

СРЦ Билјанини извори набави висечки кошеви. Со сопствени средства во висина од 700.000 денари се обезбедени 2 нови кошеви со цел да се заштити реновираниот паркет во спортската сала, информира Гордана Јованоска директор на СЦР Билјанини извори. „ Висечките кошеви се монтирани и се со сертификати таблата и обрачите се од Елан, набавени се по сите стандарди да се играат кошаркарските натпревари од понизок ранг. Кошевите се оргинални за одигрување на европските првенства, но се стари 2 децении и е потребно нивно сервисирање од хидраулика и електроника да се реновираат “, вели Јованоска. План…

Фев 19, 2019

13-112 е новиот скратен број за СОС повици кон Планинската Спасителна Служба

Воспоставувањето на телефонски број за СОС повици, во случај на планинска несреќа е нов почеток за развојот на планинарството, како рекреативен спорт од една страна и развој на планинскиот и алтернативниот туризам како сериозна стопанска гранка од друга страна. Воведувањето на СОС бројот е суштински дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, и покрива пет општини, Охрид, Струга, Ресен, Дебрца и Вевчани, каде на повик, спасителната служба ќе одговори во разумно време. „Особено се гордееме бидејќи за прв пат во Македонија се воведува ваква пра…

Сеп 28, 2021

На нашите депонии се согоруваат и до 80 проценти од создадениот отпад

Дадени се национални цели за намалување на домашниот отпад кој завршува на депониите на долгорочен период во периодот 2025 -2030 година. Отпадните гуми, текстилот, отпадните масла и пластиката е предвидено со новиот Законот за управување со отпад и отпад од пакувања да се селектираат во секое домаќинство, напоменува екологот Ѓоко Зороски. Потсетува дека во развиениот свет отпадот е секундарна суровина и влегува во процесот на производство, а кај нас отпадот е ѓубре и се согорува. Наместо 30 посто од целкупниот создаден отпад од домаќинството да заврши на депониите најчесто завршуваат 70 …

Фев 19, 2019

Зегин освои престижна награда „Costumer Friend – Superior Excellence“ од Mеѓународната асоцијација за сертификација, ICERTIAS

Ланецот на аптеки Зегин кои опслужуваат во Македонија и Србија се закити со престижната награда „Costumer Friend – Superior Excellence“ од Mеѓународната асоцијација за сертификација, International Certification Association (ICERTIAS), со седиште во Цирих. Зегин е носител на меѓународната награда којашто се доделува исклучиво на компании кои имаат врвен однос со своите потрошувачи и клиенти. Фармацевтите во Зегин нудат врвна услуга и беспрекорна грижа за своите клиенти. Стекнатата доверба кај нашите потрошувачи е благодарение на доверливоста, достапноста, искуството и компетентноста на фарм…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top