Дек 3, 2021

Најголем број на слободни работни места има во услужни дејности и продажба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 %.Највисока стапка на слободни работни места од 3.32 % има во секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.20 %.Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.16 %.Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.17 %….

Фев 21, 2022

Запленета рибарска мрежа кај Свети Стефан со 45 кг риба

На 20/21.02.2022 во периодот од 17 до 01 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, презеле мерки и активности за откривање и спречување незаконит риболов. Во водите на Охридското Езерo, спроти „Свети Стефан”, на околу 1000 метри од брегот на езерото, пронашле рибарска мрежа со улов од 119 парчиња риба охридска пастрмка, со вкупна тежина од 45.5 килограми. Рибите и мрежата биле подигнати од местото и однесени во полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по ш…

Фев 10, 2022

За туристичките населби нема редовен линиски превоз од и кон Охрид

Пештанци и жителите од поранешна Галичка општина бараат подобар линиски превоз на релацијата од Охрид кон Љубаништа и обратно. Реагираат дека 3500 жители од Рача, Коњско, Пештани, Елшани, Трпејца и Љубаништа се соочуваат со нередовен превоз. Проблемот се создаде пред неколку години кога локалната самоуправа укина 6 линии и линискиот превоз го додели на две автобуски компании, информира Ѓоре Танески, претседател на месната заедница Пештани. Тие линии што ги укинаа да ги вратат. Има луѓе кои одат на работа и во недела. Мрзнат нема со што да се префрлат на работните места. Седат со часови н…

Дек 24, 2021

ОХРИД ВОЛШЕБЕН КАКО ОД БАЈКИТЕ

Охрид заблеска во Новогодишен сјај. За украсувањето на централното градско подрачје преку јавен повик ангажирана беше фирмата „Металват. Украсени се улиците „Македонија“ и „Македонски Просветители“, Градскиот кеј и Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. За украсување на булеварот „Туристичка“ и останатите сообраќајници во градот се искористија светлечки реквизити кои се во сопственост на Општина Охрид. Истите беа поставени од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“. Општина Охрид подготви богата музичка програма за прослава на Новата 2022 година, на која ќе настапат бројни естрадни умет…

Јан 25, 2022

Преку јапонски искуства до соодветна заштита на Охридското Езеро

Амбасадата на Јапонија во Скопје на втори февруари годинава ќе одржи предавање на тема „Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ од страна на јапонски експерти. Домаќин на предавањето ќе биде Машинскиот факултет во Скопје, модератор е професор Ташко Ризов, а истото ќе биде спроведено од страна на Мак-Јамс и Амбасадата на Јапонија во Тирана. Предавањето опфаќа искуства за зачувување на водата на езерото Бива во префектурата Шига, во Јапонија, старо езеро над 4 милиони …

Дек 3, 2021

Напуштена идејата за изградба на регионална депонија во Дебрца

Градоначалниците од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион остварија средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на која се презентираа идните активности кои се однесуваат на воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони. „Најновото предлог техничко решение за регионалната инфраструктура предвидува изградба на една регионална санитарна депонија за двата региони, лоцирана во село Добрашинци, општина Новаци и претоварни станици во Дебар, Охрид, Кичево, Битола и Прилеп, со што и дефинитивно се напушта претходниот регионален концепт…

Фев 21, 2022

Нови чартер летови најавуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Воведување нови чартер летови Измир-Охрид и Измир-Скопје како редовни линии, најавува директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски по настапот на неодамна оддржаниот Источномедитерански меѓународен саем на туризам и патувања (EMITT) во Истанбул. Потврдени се и чартер конекциите на холандските и полските тур-оператори, а се очекува и соработка со тур-операторите од Руската Федерација како и воспоставување на новиот лет Тел Авив -Скопје на крајот од мај. Според Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, голем е интересот за македонските туристички …

Фев 10, 2022

Прекината седницата на Совет со спорни точки за легализации на дивоградби

Поради технички причини, проблеми со интернетот, денешната седница на Совет беше прекината. На дневен ред, меѓудругото, беа 30 предлог одлуки за легализација на бесправно изградени објекти меѓу кои и дивоградби на крајбрежјето на Охридското Езеро и во Националниот парк „Галичица”. Координаторката на советничката група од СДСМ побара пауза за координација по однос на спорните точки. Имајќи ја предвид ситуацијата со УНЕСКО, навистина се сериозни и не треба да се брза со вакви точки, рече Живка Ангелоска. Предлагам да направиме пауза и координација за точките кои се однесуваат на легализаци…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top