Мар 20, 2019

Директорот на АХВ, Зоран Атанасов: Рокот за вградување на микрочипови кај домашните миленици се продолжува до крајот на годинава

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов денеска на прес-конференција информираше дека наместо до крајот на овој месец, рокот за бесплатна идентификација и регистрација на домашните миленици се продолжува до 31 декември годинава. За таа цел, како што рече директорот на АХВ, Атанасов набавени се 100 илјади микрочипови. Со нив треба да се идентификуваат и регистрираат сите домашни миленици, чијашто бројка, според податоците на Агенцијата, во моментов изнесува вкупно 49 илјади. „Би сакал да нагласам дека од 1-ви април апликацијата на чипот ќе се наплаќа 200 денари, а…

Мар 20, 2019

ПРОТОКОЛАРНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР

Бугарскиот амбасадор во нашата земја, Ангел Ангелов, денес беше примен од в.д градоначалникот Константин Георгиески. На средбата градоначалникот Георгиески го запозна со актуелностите и активностите на Општина Охрид, во пресрет на летната сезона. На средбата биле потврдени добрите односи меѓу двете земји и подготвеноста за нивно продлабочувње и унапредување во сите области.

Мар 19, 2019

Јавното претпријатие „Градски гробишта“ финансиски се консолидира

Јавното претпријатие „Градски гробишта“ финансиски се консолидира. Во 2018 година претпријатието вратило стари долгови кои датирале уште од 2012 во висина од 5 423 000 ден. Во оваа година првпат од постоењето е даден регрес за годишен одмор во висина од 5000 ден. по вработен. Во 2018 година е зголемена платата на вработените во висина од 10%. Исто така е помогната синдикалната организација со 60 000 ден. Имаме многу поголемо ангажирање. Направивме добар тим со истите вработени кои беа и претходно, го извадивме потенцијалот кој претходно не можел да дојди до израз. Но, многу е важна и нашат…

Мар 19, 2019

Нема општински пари за кофинансирање на концерти во екот на туристичката сезона

Повеќе нема пари од буџетот на општината за финансиска поддршка на концерти во екот на туристичката сезона. Охридските советници на последната седница едногласно одлучија повеќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти и јавни настани во периодот од 15 јули до 15 август. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори” , а не беа во насока на продолжување на туристичката сезона за што се залага општина Охрид, изјави в.д градоначалникот Константин Георгиески на чиј предлог се …

Сеп 30, 2021

Здравески : Младите заслужуваат да создаваат иднина дома, во Охрид.

Гарантираме работа, промени и создавање проекти со идниот градоначалник на нашиот Охрид, Д-р Кирил Пецаков, истакна на денешната прес конференција Александар Здравески, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за советник од коалицијата „Обнова на Македонија“. ИЗГРАДБА НА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР со библиотека, читална, простор за дебатен клуб, кариерен центар, простор за семинари, кафе бар кој освен за пауза идеален и за настапување на охридски бендови, а воедно и простор за учење, едукација и за забава на младите во секој период од годината. СУБВЕНЦИОНИРАНИ КУРСЕВИ ПО ИНФОРМАТИКА, МАТ…

Мар 19, 2019

Со „ Гравири- 40 години отпосле“ се одбележаа 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски

Промовирана збирката поезија „Гравири- 40 години отпосле“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Промоцијата на репринт изданието на „ Гравири- 40 години отпосле“ се организира по повод 60 години живот и 40 години од печатањето на поетскиот првенец на Славе Ѓорѓо Димоски. Во 1979 година од високо од родното Велестово, Галичица и Петрино , Славе Ѓорго Димоски се вивна во светската поетска елита. Денес, стиховите на Славе Ѓорго Димоски се дел од многу поетски антологии, а е и најпреведуваниот македонски поет на 30 светски јазици. За збирката поезија беседа одржа професор д-р Димитар Пандев кој сподели крити…

Мар 19, 2019

В.Д. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ГИ ПОСЕТИ СПОРТСКИТЕ УЧИЛИШНИ ИГРИ

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, ги посети учесниците на спортските училишни лиги, што се играат во балон салата кај ОУ „Григор Прличев“. Гледајќи ве човек, весели и ведри, подготвени за натпреварување, му се полни душата, му се буди надежта дека ваквите настани придонесуваат во развивањето на спортскиот и здрав дух. Затоа во мое име сакам, на сите учесници, организатори, наставници и професори да Ви посакам успешен почеток на пролетниот дел од спортските училишни игри, истакна в.д. градоначалникот Георгиески. Пролетниот дел на училишните спортски лиги за…

Мар 18, 2019

ЗГ „СОВЕСТ“ го одложи протестот за Али Пашината џамија

Закажаниот мирен протест на здружението на граѓани Совест за реконструкцијата на Али Пашината џамија, кој првично беше најавен за утре,19ти март, се одложува на неопределено време, информираат од здружението. Ваквиот развој на настаните се должи на реакцијата на институциите и нивно конечно прифаќање на одговорноста. Во таа насока е закажаната средба на претставници на ЗГ „Совест“ со премиерот Зоран Заев, за 20 март во Скопје. Се надеваме дека она за што искрено се залагавме во изминативе две и пол години – почитување на законите и зачувување на вредностите на Охрид,  ќе вроди со плод и не…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top