Даунов синдром – Трисомија 21 е хромозомско нарушување предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун. Подоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром, а негова причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето.
Со повеќе активности во земјава денеска ќе се одбележува Светскиот ден на Даунов синдром – 21 Март. На настанот по повод Светскиот ден на Даунов синдром во Кинотека ќе биде претставен документарниот филм за снимањето на музичкиот видео запис за новата песна на Стефанија „Hey you …
Проектот „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … “ во режија на Ѓорѓи Ризески е независен проект, во продукција на „ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА“ – Скопје и истиот веќе трета сезона се изведува пред преполни салони на сцената на „ТЕАТАР КОМЕДИЈА“. Претставата досега има над 50 изведби, во Тетар Комедија и низ градовите во републиката.
– Џота и Кети се ликовите кои се пријавени да учествуваат во оваа реално шоу „ОСАКАТЕНИ ДУШИ“ и двајцата со пододминат лимит на години за мажење/женење, и двајцата со различни животни стории кои оставиле болни траги врз нивните животи.
…Тој, маж со неуспешен брак зад себ…
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа широко-опфатна акција за чистење на расфрлан комунален отпад на потегот од Хидробиолошки Завод до Свети Наум.
Покрај тоа што се расчистуваат површините покрај коловозните ленти од магистралниот пат, се расчистуваат и површините во населените места на овој потег: Рача, Свети Стефан, Лагадин па се` до Свети Наум.
Големи количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки, најлон кеси се подигнати околу паркинг-просторот кај Горица 3, околу дискотеката Горица 1 и во нас.Свети Стефан. За жал повторно на површина испливува еко-н…
Кон крајот на минатата година автобуската постојка која се наоѓаше кај зградата Печијаре беше дислоцирана десетици метри подолу на Булевар Туристичка, но покривната конструкција под која граѓаните се засолнуваа од дожд и сонце остана на старата локација.
Kако што најавија од Локалната самоуправа, со подобрување на временските прилики, конечно десе екипите на ЈП „Нискоградба“ пристиапија кон дослокација и на самата кабина која треба да ги заштити граѓаните од временските влијанија.
Поставувањето на 5 -те нови постојки се релизира по три пропаднати тендери и чинеше 1.040.000, 00 денари, а г…
Детското игралиште во УЗ „Гоце Делчев“, кое во континуитет откако е изградено и пуштено во употреба е на мета на вандалите, повторно се санира од екипата на ЈП „Градски пазар“.
ЈП „Градски пазар“ има обврска да ги санира и делумно да ги реконструира детските спортски игралишта на територијата на општината. Во случајот со игралиштето во УЗ „Гоце Делчев“ова е веќе четврта или петта интервенција од страна на екипите на јавното претпријатие Утрово се санаир металната заштитна ограда и оние детски реквизити кои во минатиов период биле уништени. Повеќе од половината клупи се речици во целост уни…
Охридското Основно јавно обвинителство води правна постапка против правни и физички лица за неправилности при реконструкцијата на Али Пашината џамија. Oсомничените презеле градежни дејствија само врз основа на добиено конзерваторско одобрение во 2016 година, но не поседувале правосилно одобрение согласно прописите за градење од Министерството за транспорт и врски, без што не смееле да отпочнат активности за реконструкција на џамијата. И покрај решенијата од инспекциските служби за стопирање на активностите и судската забрана, на терен интензивно се гради. Инспекторите од Управата за заштита…
И оваа среда од НУ Библиотека Охрид ви препорачуваат за читање уште шест нови наслови од домашната и светска издавачка продукција.
На пултот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да ги побарате следниве книги:
„Куклата на Ана“ од Наде Стоиљковиќ во издание на Сакам книги, „Теорија за кучешката година“ од Милован Стефановски – Матица македонска, „Вишнов ликер“од Влада Урошевиќ издание на Магор.
Достапни за сите сегашни и идни членови на библиотеката се и следните бестселери: „Мали тајни“ од Џенифер Хилиер и „Мртва ладна“ од Луиз Пени обете во издание на Антолог…
Веднаш да се стави забрана на сите градежни активности на Али Пашината џамија. Од страна на Државниот градежен инспекторат да се постави жолта лента со која ќе се забрани пристап до самиот објект како и 24 часовен мониторинг од страна на МВР со што ќе се спречи изведување на градежни работи на објектот. Ова денеска го побараа претставници на здружението Совест од премиерот Зоран Заев. Додека во Скопје, од здружението пред премиерот ги изнесувале аргументите и целокупната документација и кореспонденција со институции во врска со нелегалните активности врз културното добро Али пашина џамиј…