Епидемија на морбили е пријавена во Струга поради зголемена појава на заразната болест, информираа од Центар за јавно здравје во Охрид. Кај 24 лица е дијагностицирана заразната болест морбили. Сите заболени, до сега, се со лесна клиничка слика.Тука се вклучуваат и 6-те деца помали од 12 месеци, кои не се вакцинирани. Од Центарот веднаш доставиле пријава, а веќе од денес е приајвена асена епидемиолошка состојба. Eпидемиологот, Јованка С. Коровешоска упатува апел до родителите.
„Родителите од Струга треба да ги вакцинираат децата и да се придржуваат до вакциналниот календар“, повикува д-р Јо…
Парковите како форма на култивираното зеленило се и најдобриот пример за култивирано општество. Тие се естетски момент на една урбана заедница и имаат индиректна функција на социјализацијата во едно општество, а дрвјата немаат само еколошка функција во градот. Дрворедите биле и се уште се симбол на еден град. Неконтролираната урбанизација на Охрид од година во година, придонесе, значително да се намалат зелените појаси. Еколозите велат дека колку продолжиме со неконтролирана урбанизацијата и девастација на зелените површини во блиска иднина ќе се соочиме со сериозни проблеми.
„Во градовите…
Спротивно на законите кандидатот за градоначалник Георгиески продолжува со предизборни активности. За СДСМ и Константин Георгиески законите се мртво слово на хартија и тие не важат, обвинија денес на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Најавија дека ќе поднесат соодветна пријава за непочитување на одредбите од Изборниот законик.
„Зошто не се почитуваат одредбите од Изборниот законик коишто се однесуваат на забрана за активности пред официјалниот почеток на кампањата?Каква демократска држава е таа во која не се почитува членот 69 со што се нарушува начелото на демократск…
Последната недела во март започнува летното сметање на времето. Во 2 часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се помрднат за еден час напред. Таа ноќ ќе имаме еден час помалку за спиење.
Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од месец март.
Во текот на последните 24 часа се направени 3.425 тестирања, при што се регистрирани 494 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 231• Куманово 49• Велес 31• Штип 24• Кавадарци 23• Охрид 19• Кичево 17• Прилеп и Кочани по 16• Струмица 12• Битола 8• Струга 7• Тетово 6• Гевгелија 5• Делчево 4• Неготино, Радовиш и Виница по 3• Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод по 2• Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица по 1
Во текот на изминатите 24 часа поч…
На 30-ти март учениците ќе бидат на настава со распоред на часови од вторник.
Со одработувањето на две саноти основците и средношколците надоместуваат за деновите 21-ви и 22-ри јануари, кога поради загадениот воздух им беше продолжен зимскиот распуст.
На 16.03.2019 година двете лица се забележани како уништуваат добро под привремена заштита, односно природна реткост. Имено, еден од осомничените во близина на плажата „Версус“ со кајче влегол во езерото и со срп ја сечел трската. Вториот осомничен го нарачал сечењето на трската со намера да се сопре природниот раст. Со ваквите дејствија осомничените постапиле спротивно на Законот за заштита на природата, во кој Охридското Езеро е класифицирано како споменик на природата и каде не се дозволени активности со кои се загрозуваат неговите обележја и вредности.
Надлежен јавен обвинител од Основ…
Викендов повторно труење на кучиња во стариот дел на градов. Од расфрланиот отров настрада едно домашно милениче и едно бездомно куче. ЗА среќа со брза интервенција на активистите за заштита на животните и ветеринар беа спасени. Оваа појава во Варош е толку зачесетена што мештаните стравуваат да ги шетаат своите миленичиња. Крајно изреволтирани велат инспекторите конечно да преземат некакви мерки. Труењето на бездомните кучиња колку што е опасно за самите кучиња опасно е и за човекот и околината.
Она што е алармантно е што институциите не ја сфаќаат сериозно оваа проблематика. Не знам што …