Дек 3, 2021

ОПШТИНА ОХРИД ЌЕ ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ И ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Општина Охрид во рамки на програмите за претстојната година за прв пат предвидува доделување на стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети. Оваа мерка денеска по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби ја презентираше градоначалникот Кирил Пецаков, кој истакна дека овие лица заслужуваат подадена рака и силна поддршка и дека само преку заедничка соработка може да остварат долгорочни цели и да се постигнат посакувани позитивни промени. Иницијатор на оваа …

Јан 26, 2022

Старото градско јадро на Охрид, културолошки резервоар

Старото градско јадро на Охрид претставува еден културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови. Несомнено, старото градско јадро на Охрид претставува еден културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови. Во непосредна близина на локалитетот „Караѓулевци“  –  гробница од „македонски тип“, до 70-те години на минатиот век на една парцела постоел приватен објект, а по неговото рушење, парцелата се претворила во простор за депонирање на шут.Во 2017 год., на овој простор изведени се заштитни археоло…

Дек 3, 2021

Академик Љупчо Коцарев добитник на Св. Климентовата награда-Патрон на Охрид за 2021

Академик Љупчо Коцарев е добитник на највисокото општинско признание Св. Климентовата награда – Патрон на Градот за 2021 година. Стручна комисија од пристигнатите номинации едногласно доставиле предлог до Градоначалникот на Охрид наградата да му припадне на ценетиот Проф. Др. Коцарев кој бил предложен и поддржан од видни и истакнати доктори на науки, професори, уметници, писатели и истакнати охриѓани. Што може да се каже за оваа авангардна личност освен дека е нашиот најпознат и најпризнат интелектуалец, еден од најцитираните автори, професори, научници. Човек кој многу одамна застанал в…

Јан 25, 2022

Повторно се излеваат отпадни води во езерото кај каналот Студенчишта

Итно да се стопира загадувањето на Охридско Езеро кај месноста „Мазија“ повикуваат од граѓанскатата иницијатива Охрид SOS. Во отворено писмо до градоначалникот Кирил Пецаков, бараат да се спречи загадувањето на езерото. Еколошките активисти потсетуваат дека Охридското Езеро  покажува алармантни знаци на еутрофикација, а секое неделување во насока на сузбивање на изворите на загадување е неприфатливо. Во 21 век во пределот на „Студенчишта“ и „Билјанини извори“ во срцето на исклучително важно место за биолошката разновидност, да се соочуваме со мистериозни одводни канали е непримерно. Недо…

Дек 3, 2021

Лицата со посебни потреби сеуште на маргините на општеството

Лицата со посебни потреби сеуште се оставени на маргините на нашето опшетството. Во нашата земја има училишта и институции без соодветен пристап за лицата со попреченост, нема приспособени јавни тоалети и превоз, нема дневни центри за згрижување на лица со попреченост од сите категории, нема регистер на лица со попреченост и не се знае нивниот точен број, нема лични асистенти за социјални услуги. Ова се само дел од неповолните состојби пред кои се исправени семејствата и лицата со попреченост кога се одбележува 3-ти декември Светскиот ден на лицата со посебни потреби. Весна Габелоска од здр…

Јан 25, 2022

Кризниот штаб препорача ковид-изолацијата да трае седум дена

На синоќешната седница Главниот координативен кризен штаб ја усвои препораката на Комисијата за заштита од заразни болести за кратење на периодот за изолација на ковид-позитивните од десет на седум дена. Препораката за кратење на изолацискиот период е врз основа на предлогот на Комисијата за заштита од заразни болести поради, како што наведуваат од  Владата, полесната клиничка слика што ја предизвикува сојот омикрон. На седницата на Главниот координативен кризен штаб министерот за здравство Беким Сали ја презентирал моменталната состојба со пандемијата предизвикана од ковид-19 во земјав…

Дек 3, 2021

Утре се празнува Воведение на Пресвета Богородица Пречиста

На 4-ти декември православните верници го празнуваат големиот христијански празник Мајката Божја Воведение на Пресвета Богородица или кај народот познат како Пречиста. Овој празник спаѓа во дванаесетте големи празници. Тој  се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што уште немаат деца. Според прологот кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодн…

Јан 25, 2022

ЈП „Охридски Комуналец“ донираше огревно дрво на две социјално загрозени семејства

„Во овие денови кога сме сведоци на поларни денови со многу ниски температури, со донација на огревно дрво ќе ги затоплиме домовите на две семејства од социјално ранливи категории“, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Оваа иницијатива ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализираше во соработка со ЈУ „Меѓуопштински центар за социјална работа“-Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул. „Македонски Просветители”.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top