Дек 6, 2021

ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ПОЕТСКИ ТВОРБИ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Избрани се најдобрите поетски творби на Конкурсoт за најдобра поетска творба што го распишува градоначалникот на општина Охрид по повод Св. Климент Охридски–Патронот на Охрид, за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта. Oд вкупно 72 пристигнати поетски творби посветени на животот и делото на Св.Климент Охридски, жири комисијата во состав: Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Огненова (член) и Перчо Божиновски (член) донесе одлука за избор на најдобрите творби: Наградата во I категорија (за ученици од одделенска настава – …

Јан 26, 2022

Ќе се реконструира охридската Гимназија

Тече постапка за реконструкција на охридската гимназија. Локалната самоуправа обезбеди средства во буџетот за внатрешно и надворешно уредување. Со градежните активности ќе се подобруваат работните услови и во овој средношколски образовен центар. Секторот за образование е посветен за реализација на овој проект, информира Димитар Спасески, појаснувајќи кои зафати се планираат со проектната документација за  Гимназијата. Се предвидува промена на електричната инсталација, уредување на ѕидовите, подовите. Има проект за надворешно уредување на гимназијата. Изградба на трим патека околу гимнази…

Дек 5, 2021

68 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Охрид

Денеска (05.12.2021) од 11 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата. Притоа, санкционирани се 68 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина. Од нив, 20 на територија на Охрид, 29 на територија на Струга, 12 на територија на Кичево, а седум на територија на Дебар. Aпелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – информираат од СВР Охрид.

Јан 26, 2022

Запалено возило на улицата „8 септември“

На 25.01.2022 година во 23:50 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улицата „8 септември” настанал пожар во патничко моторно возило „Форд Мондео”, со охридски регистарски ознаки, сопственост на А.М. (42) од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица Охрид. Увид извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Дек 4, 2021

68-годишен жител на Лескоец е загинатиот пешак од вчерашната несреќа

На 03.12.2021 година во 16.30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4″, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(23), удрило во пешакот Д.Т.(68), двајцата од село Лескоец. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција – информираат од СВР Охрид.

Јан 26, 2022

62-годишен велгоштанец пронајден мртов

На 25.01.2022 година во 09:55 часот во СВР Охрид е пријавено пронајдено починато лице на локален пат во охридското село Велгошти. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а од увидот извршен од полициски екипи, констатирано е дека се работи за М.В. (62) од Велгошти. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството – информираат од СВР Охрид.

Дек 3, 2021

Загина пешак кај Лескоец

Пешак го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа кај село Лескоец. Сообраќајката се случила вечерва, кога автомобил од засега непознати причини удрил во пешакот. Полицијата врши увид на лице место. Според првичните информации, повозрасно лице било прегазено од моторно возило „Ауди“ со охридски регистарски таблички на коловозот кај село Лескоец, што се наоѓа на самиот излез од Охрид.     Извор/ОхридНет

Јан 26, 2022

Кривична за тројца охриѓани кои запалиле возило „Ауди“ на улицата „Железничка“

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(29), А.Ф.(29) и М.Р.(28), сите од Охрид. Пријавените, на 31.12.2021 година на бул. „Железничка” во Охрид предизвикале пожар во патничко возило „Ауди”, со охридски регистарски ознаки, што го користел Д.Т. од Охрид – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top