ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ПОЕТСКИ ТВОРБИ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Избрани се најдобрите поетски творби на Конкурсoт за најдобра поетска творба што го распишува градоначалникот на општина Охрид по повод Св. Климент Охридски–Патронот на Охрид, за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта.

 |   | 

Oд вкупно 72 пристигнати поетски творби посветени на животот и делото на Св.Климент Охридски, жири комисијата во состав: Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Огненова (член) и Перчо Божиновски (член) донесе одлука за избор на најдобрите творби:

  • Наградата во I категорија (за ученици од одделенска настава – од прво до петто одделение) да ѝ се додели на песната: „Песна за Св. Климент“ под шифра „МКД013“.
  • Наградата во II категорија (за ученици од предметна настава – од шесто до деветто одделение) да ѝ се додели на песната „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“, под шифра „Роза“.
  • Наградата во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) да и се додели на песната: „Св. Климент Охридски“, под шифра„Самај“ .

Добитниците на наградите се повикуваат во Одделението за култура во општина Охрид, најдоцна до 07.12. 2021 гoдина (вторник) до 12 часот и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top