Под влијание на студен бран од Медитеранот, денес и во наредните четири дена во нашата земја се очекуваат интензивни врнежи од дожд, на места и до 50 литри на метар квадратен а во западните предели и до 70 литри на метар квадратен. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека не се очекува врнежите да предизвикаат поплави и излевања на реки и водотеци, освен во исклучителни случаи на натпросечни врнежи. Општина Охрид во повеќе наврати интервенираше на чистење на каналите и речните корита така што до излевањње на водите не би требало да дојде, велат од таму.„Денес поголем дел од нашите…
Четири матурантки од медицинските паралелки при средното стручно училиште „ Св. Кирил и Методиј“, како парамедици се стекнаа со искуства од престојот во Холандија. Станковска Мартина, Елена Симјановска, Елена Маркоска и Петровска Емилија како најдобри на спроведената обука за парамедици на ОО ЦК и Холанскиот национален здравствен систем имаа можност за 7 дневна работна посета на тамошни институции. Младите медицинарки по престојот во оваа западноевропска земја се вратија дома со силни импресии од она што има можност да го видат и научат таму .„ Работевме во амабуланта на островот Амелен, им…
Се известуваат сите корисници на Општинскиот линиски превоз кои го користат Возниот ред 3/1 – линија Охрид – Косел – Охрид , дека од понеделник (12.05.2019 година) првото поаѓање од овој возен ред ќе биде во 4.55 часот од станица Булевар „Туристичка“ – зграда Печијаре, а не во 5.00 часот како што беше досега. Ова значи дека за 5 минути понапред ќе има поаѓање од станиците кои се однесуваат на оваа линија.
Исто така првото поаѓање од Возниот ред 5/1 за линијата Охрид – Ливоишта – Охрид кое е од станицата на булевар „Туристичка“ – зграда Печијаре се поместува за пет минути понапред и истото …
Трибината за режимот на сообраќај во стариот дел на Охрид ја наполна големата општинска сала. Жителите на Стар Град пред Градоначалникот Константин Георгиески ги искажаа своите забелешки и мислења за сообраќајот и проблемите со кои се соочуваат во летната туристичка сезона. Поголемиот дел варошани согласни да има рампи.Ова се дел од дискусиите на присутните на трибината: “ Кога се воведоа рампите сите бевме против. Но кога се отстранија рампите увидовме дека Варош подобро функционирал со рампи и во тоа сите се согласуваме. Картичките да се издаваат врз основа на имотен лист. Моментално се…
„Изминатите две години започнавме со реализација на нашата амбициозна програма, со која значително ги подобривме условите за настава во сите училишта и успеавме да го подигнеме образованието во Охрид на едно повисоко ниво, кажа на денешниот прес Константин Георгиески кој ја бара довербата на охриѓани за втор мандат. Охрид е град на Свети Климент, град на писменоста и заслужува да ги носи овие епитети“, посочи Георгиески.
Нашите деца и внуци, ГОДИНИ и ДЕЦЕНИИ наназад учеа во училници во кои имаше провев од сите страни, во кои прокиснуваа таваните, подовите се распаѓаа, а наставата се одв…
Во знак на морална одговорност заради фактот што и понатака нелегално се гради минарето на Али Пашината џамија, Михаил Трендафилов Нанче поднесе оставка од функцијата претседател на ЗГ „Совест“. На прес конференција Нанче кажа дека се разочарани од непостапувањето на институциите од кои бараат спроведување на законот за нелегалната градба.
„ Згрешивме сметајќи дека тие се оние кои кочат. За жал доцна сфативмe дека не е проблемот во непостапување на институциите туку во замешанноста на политиката. Бевме наивни го откажавме масовниот протест со цел мирно да поминат изборите. Додека очекував…
Што би се случило доколку се откријат сите тајни од т.н. „црни кутии“, нашите мобилни телефони? Сите смс пораки, сите телефонски, повици, сите фотографии и разговори од социјалните мрежи? Едно од можните сценарија ќе може да го проследите во претставата „Перфектни странци“ работена по сценариото на Филипо Болоња за истоимениот филм. Младите актери од ОСУ „Св. Климент Охридски“ речиси два месеци неуморно работеле на оваа претстава под менторство на професорката Ирена Бачиќ, а веќе наредната недела истата ќе ја постават пред охридската публика и ќе ни ја приближат приказната со која може да с…
Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, заедно со учениците од основните училишта во Охрид ќе ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација “Детски семафор”.
Општинскиот натпревар “Детски семафор 2019” ќе се одржи утре 11.05.2019 година (сабота) со почеток во 10 часот во основното училиште „Христо Узунов“. Натпреварот се состои од два дела: тео…