• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески : Наша цел е Охрид да биде град со најдобар стандард за образование во државата

Георгиески : Наша цел е Охрид да биде град со најдобар стандард за образование во државата

Охрид е град на Свети Климент, град на писменоста и наша цел е да биде град со најдобар стандард за образование во државата, кажа на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалиција „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Тој се наврати на реализираните проекти изминатите две години и најави продолжување на инвестициите во образованието во нов четиригодишен мандат.

 |   | 

„Изминатите две години започнавме со реализација на нашата амбициозна програма, со која значително ги подобривме условите за настава во сите училишта и успеавме да го подигнеме образованието во Охрид на едно повисоко ниво, кажа на денешниот прес Константин Георгиески кој ја бара довербата на охриѓани за втор мандат. Охрид е град на Свети Климент, град на писменоста и заслужува да ги носи овие епитети“, посочи Георгиески. 

Нашите деца и внуци, ГОДИНИ и ДЕЦЕНИИ наназад учеа во училници во кои имаше провев од сите страни, во кои прокиснуваа таваните, подовите се распаѓаа, а наставата се одвиваше во објекти, во кои немаше инвестирано ни еден денар. Преку посветена работа и голем ангажман, значително ја променивме таа пракса. Поставени се нови покриви на 5 училишни објекти, инвестирано е во нови фасади, нова дограма, извршена е промена на подови, реконструкција на тавани, ѕидови и санитарни јазли – наброја Георгиески.

Денешниот изглед на ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ е еден пример за нашата работа, каде што се извршени низа инвестиции и изградена е нова спортска сала, по сите современи стандарди, посочи Георгиески. Порача дека цел им е Охрид да биде град со најдобар стандард за образование во државата и најави продолжување со инвестиции во сите училишта.

Работиме според приоритетните потреби и обезбедуваме реконструкција на објектите и набавка на училишна опрема за сите основни и средни училишта. Создаваме услови за воспитување и образование во сите делови на градот, обезбедуваме квалитетно образование достапно за сите. Во претстојниот мандат ПРЕДВИДУВАМЕ изградба на нови објекти на основните училишта „Григор Прличев“ и „Братство Единство“, комлетна реконструкција на гимназијата „Свети Климент Охридски“, проекти за поддршка на дуалното образование, иницијатива за отворање на нови паралелки во медицинските струки и многу други инвестиции – најави Георгиески.

„Како власт, покажавме дека НИЕ нема потреба да ГАРАНТИРАМЕ, затоа што ние РЕАЛИЗИРАМЕ. Нашето „ЌЕ“ се гледа на ДЕЛО“ – кажа Георгиески и додаде дека граѓаните тоа го гледаат и умеат да направат разлика.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top