Окт 5, 2021

Божиновски: Гарантираме изградба на ново основно училиште, се обврзуваме на изградба на спортска сала во Лескоец

„Просветните работници се мотивирачка сила, заедничка гордост, херои на ова време“, кажа на денешната прес конференција Перчо Божиновски, кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија и упати честитка до своите колеги по повод 5-ти октомври, Меѓународниот ден на учителот. Божиновски воедно упати критика до власта и најави проекти за поквалитетно образование. Најблагородната професија учител е исправена пред големи предизвици затоа што со последните неуспеси во образованието наставниците стануваат жртви на неуспешните реформи. Затоа ГАРАНТИРАМЕ мерки и проекти…

Мај 16, 2019

„Нашата животна средина наш генерациски долг“

Во рамки на активностите посветени на 5ти Јуни 2019, светскиот ден на животната средина како една исклучително значајна определба, во рамки на хуманата димензија и хуманите вредности во заштитата на животната средина, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Нашата животна средина наш генерациски долг“. На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца со дела од поезија, проза и ликовна уметност. Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен к…

Мај 16, 2019

ХОРТИКУЛТУРНИ ЗАФАТИ НИЗ ОХРИД И ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ

Екипите на „Јавно зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец” деновиве интензивно го уредуваат јавното зеленило во централното градско подрачје и приградските населби. Се уредуваат крошните од дрворедите по улиците: „Партизанска”, „АСНОМ”, „Јане Сандански” и „Питу Гули” со цел подобра видливост и движење на возилата и пешаците. Покрај тоа се реализираа акции за косење на тревата, подигање на зелен отпад и отстранување на ниската вегетација од пешачките патеки и тротоарите во „8.ма Урбана заедница” (населба Билјанини Извори), во с.Рача и ул. „Крум Точков”. Согласно оперативната програма за 2019…

Мај 15, 2019

Локалната и централната власт сериозно да ги сфатат забелешките и препораките од УНЕСКО

Екологистите очекуваат лоша оценка од УНЕСКО. Во јуни во Баку Охрид може да добие нови забелешки или во најлош случај да биде ставен на листа загрозени градови на Унеско, предупредуваат екологистите.Тие своите тврдења ги базираат на неспроведувањето на забелешките, од деветнаесетте забелешки упатени од  реактивната комисија на Унеско не биле реализирани ниту десет.  „Во јуни очекуваме да добиеме препорака со уште поголеми забелешки  од УНЕСКО или Охрид  ќе биде ставен во групата загрозени градови. Најверојатно некој во овој град и тоа го посакува. Не смееме да дозволиме за поединци, кога ст…

Мај 15, 2019

Охридските основци го стартуваа третото издание на „Охрид трчат“

Со училишната трка Атлетскиот клуб „Охрид трчат“ по трет пат ја стартуваше спортската манифестација. Охридските основци го означија почетокот на спортските трки. Денешната трка имаше добар одзив кај учениците и беше поделена во три категории. Некои од учениците трчаа прв пат, а некои веќе биле дел од манифестацијата „Охрид трчат“. Овој пат основците трчаа по градскиот кеј, а победниците на трката Зоран Стоески од ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани, Климент Филев од ОУ„Св. Климент Охридски“ , Владимир Пердулоски од ОУ „Живко Чинго “од Велгошти и Мандуле Далипоска од ОУ „Братство – Единство“, …

Мај 15, 2019

Вредна донација на охридските ротаријанци за ОУ „Христо Узунов“

Ротари Клубот од Охрид, денеска донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид, наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето. Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето. Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои имаат посебни образовн…

Мај 15, 2019

Охридските овоштари ги фрлаат скапаните јаболка кои не успеаа да ги продадат

Охридските овоштари почнаа да го фрлаат непродадениот род на јаболка и да ги чистат магацините. Стовариштата за јаболка се полни со плодови кои скапуваат. Оваа година беше тешка за прозиводителите скоро и да немаше откуп на јаболка или пак се откупуваа по енормно ниски цени, вели охридскиот овоштар Ванчо Стојаноски. Многу фактори придонесоа родот да остане непродаден и да скапува по магацините, кажува Стојаноски. И додека едните се лутат на државата што нема пласман и бараат помош за полесно да ги пребродат загубите, Стојаноски повикува на менување на свеста кај овоштарите. Вели за успешен …

Мај 14, 2019

Зелено Охридско езеро

Зелено Охридско езеро. Овој концепт го протежираат љубителите на едриличарството и тврдат дека од него и езерото и градот ќе имаат повеќекратен бенефит. Прво и можеби најважно е што ќе се заштити езерото од загадување од штетните горива кои ги користат останатите пловни објекти. Будимир Соколовиќ, сопственик на едрилица објаснува дека едрилиците трошат тројно помалку гориво одколку на пример глисерите. Тој го истакна примерот кога на регатата во Хрватска за изминати 500километри потрошиле само 12 литри гориво, а еден глисер толку гориво би потрошил само ако од пристаниште оди до Пештани. Д…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top