Охрид и натаму е една од општините со висок негативен прираст на население. Во наведениот период, во Охрид се родиле 129 бебиња, а починале 199 лица, од кои едно новороденче. Иако понизок, негативен природен прираст има и општина Струга. Таму во првото тромесечие се родило 121 бебе, а починале 130 лица.
Во општина Дебрца, пак, се родиле 8 бебиња, а починале 18 лица.Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 6.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 2 688 бракови. Во ова тримесечје се добиени 394 извештаи за разведените бракови или 75 помалку…
Се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење и за легализација на бесправно изградени објекти во Охрид. Времено се прекинуваат и постапките за изработување и донесување на урбанистички планови и урбанистички проектни документации, како и постапувањето по донесените урбанистички планови и документации.
Овие активности ќе продолжат после донесувањето на Планот за управување со природното и културното наследство, кое се очекува да се случи за околу шест месеци. На вчерашната седница владата го утврди Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридск…
И оваа среда од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ви презентираат нови изданија од старите, добри лектири со кои растеа генерации деца, а и денес дел од овие изданија се вклучени во образовниот процес.
Се работи за следните наслови кои освен со содржината привлекуваат внимание и со модерниот ликовно – графички дизајн:
Збирката Басни „Мувата и кочијата“ содржи стотина поучни приказни создаден од познатите писатели и собирачи: Езоп, Лафонтен, Лесинг, Обрадовиќ, Крилов, Цепенков, „Двојната Лота“ од Ерих Кестнер, како и „Пајажината на Климентина“ од Елвин Брукс Вајт.
И по секое читање н…
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска оствари протоколарна средба со висока бугарска делегација предводена од амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, генералниот конзул на оваа земја во Битола, Димитар Иванов и министерот за образование и наука, Красимир Влчев.
Во фокусот на разговорите беа образовниот процес, проектите од областа на здравството и социјалата. Главен акцент беше ставен на проектот кој се однесува на отворањето на Центарот за аутизам во Охрид. Се разговараше и за предвидените подводни активности…
ТАВ Македонија, денеска во Елбасан, Албанија, ги претстави можностите за евтини патувања од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и Меѓународниот Аеродром Скопје за граѓаните на Албанија, на средба со локалните туристички агенции во овој град во централниот дел на Албанија.
Дополнително од промоцијата на мрежата на авиолинии на аеродромите во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија денеска на туристичките агенции во регионот на Елбасан, им ја нагласи важноста од воспоставување на редовна автобуска линија од Елбасан до аеродромот во Охрид, бидејќи воведувањето на ваква редовна автобуска врска вистински…
Од НВО Фронт 21/42 на Владата и порачаа: „Наместо да креира илузија, да се посвети на заштитата на Охридскиот регион“. Александра Бујароска од Фронт 21/42, која беше дел од работната група на предлог измените во Законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион од 2010 година, напоменува дека се разoчaрани што во последен момент биле тргнати важни одредби за реална имплементација на мораториумот за градба, па потоа во последен момент вратени по обелоденување на намерата на Комисијата на Унеско да го стави Охридскиот регион на листа на загрозени поддрачја.
„ Н…
Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид / Народен Театар Охрид, подготвува нова театарска Премиера на претставата „Балканска 3а/II“” по драмата на Дејан Дукоски, во режија Ана Батева, сценографија и костими: Борис Георгиев, музика: Стефан Здравески.
Станува збор за исклучително интересното деби на Дукоски насловено како „Балканска 3а/II“, една коморна урбана мистерија/фарса од 1988 која Дуковски ја напишал кога имал само 19 години, а која и ден-денес добро би функционирала на сцената, но и како ТВ драма или среднометражен филм.
Во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, во сабота, на 1-ви јуни ќе се одржи првиот Национален Таеквондо турнир „Ohrid OPEN 2019“, во организација на охридскиот клуб „Хваранг Фист“. Клубот е под раководство на Ацо Јосифоски, V дан, Светски семи-контакт и европски Таеквондо шампион, повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства. Организаторите очекуваат учество на спортисти кои ќе се натреваруваат во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори. Најавуваат фер плеј, максимална транспарентност и одлична атмосфера за натпреварувачите.
„Македонската тае…