Нови изданија на старите, добри лектири

И оваа среда од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ви презентираат нови изданија од старите, добри лектири со кои растеа генерации деца, а и денес дел од овие изданија се вклучени во образовниот процес и се омилени меѓу младите генерации.

 |   | 

И оваа среда од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ви презентираат нови изданија од старите, добри лектири со кои растеа генерации деца, а и денес дел од овие изданија се вклучени во образовниот процес.

Се работи за следните наслови кои освен со содржината привлекуваат внимание и со модерниот ликовно – графички дизајн:

Збирката Басни „Мувата и кочијата“ содржи стотина поучни приказни создаден од познатите писатели и собирачи: Езоп, Лафонтен, Лесинг, Обрадовиќ, Крилов, Цепенков, „Двојната Лота“ од Ерих Кестнер, како и „Пајажината на Климентина“ од Елвин Брукс Вајт.

И по секое читање на популарната „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол се открива нешто ново, тие заедно со „Волшебникот од Оз“ се книги за деца со трајни вредности омилени и меѓу новите генерации секако кај оние деца кај кои е развиено чувството за убавото и читањето. Меѓу овие бестселери од странски автори е и „Мери Попинс“ од Памела Л. Траверс.

Не помaлку интересни и вредни се и македонските култни книги за деца – стихозбирката „Црни и жолти“ од Славко Јаневски и битовата драма „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски.

Библиотеката од понеделник до петок за читателите е отворена од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Годишната членарина за деца е 200, а за возрасни 300 денари.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top