Охрид ТрчаТ оваа година руши рекорди. 1585 пријавени учесници од 20 земји, рекорден врој и луѓе ангажирани во организацијата, нов концепт и повисоки стандарди во организирање ваков тип на настани. Јоне Станкоски, Претседател на Атлетскиот клуб Охрид трчаТсе заблагодари на Општина Охрид, на јавните претпријатија, приватните компании, државните инстуции и граѓаните за континуираната поддршка на манифестацијата која бележи раст и го става градот на мапата на маратони и полумаратони во регионот и пошироко. „Значи имаме 50% зголемување на учесници споредено со минатта година. Значи рушиме рек…
Од Здружението на граѓани „Совест“ денеска го повикаа премиерот Зоран Заев да дојде на „отворањето и легализирањето на дивоградбата“. Разочарани, измамени и превеслани ве поздравуваат охриѓани, му порачаа од Совест на премиерот.
„Еве и ние од совест додека си чекаме да не не покани, за да се реши проблемот, додека неповратно го губиме статусот за заштита од УНЕСКО, јавно го повикуваме Господинот Зоран Заев да дојде со бомбониера на легализирање и отварање на дивоградбата Али-ПАшина Џамија, со минаре најголемо и доминантно во цел Охрид“.
„Да му порачаме да нема гајле, Охрид си стана Ислама…
На сцената на Охридскиот народен театар на 3 јуни ќе се игра „Балканска 3а/2“ . Текстот е на Дејан Дукоски и е едно од неговите први драматуршки дела, режијата е на Ана Батева , а улогите ги играат Стрезо Стаматоски, Никола Тодороски,Елизабета Стефаноска и Филип Кипроски.
„ Се роди уште еден театарски проект во Охридскиот театар кој сум убедeн ќе ги задоволи апетитите на охриѓани и пошироката публика“ рече Горан Симоноски директор на Охридскиот народен театар .
Режисерот на претставата Ана Батева за прв пат работи на создавање театарско дело со актерите од Охридскиот народен театар . За …
Скоро секој втор Македонец или 46 проценти од населенито се активни пушачи, покажала Студијата за штетноста од психотропни супстанци. Последните истражувања од минатата година направени од Институтот и општинските центри за јавно здравје покажале дека 57, 8 проценти од македонските пушачите се на возраст помеѓу 36 и 44 години, а 40,2 проценти се младо возрасно население на возраст од 15 до 34 години. 12,6 проценти првата цигара ј а запалиле на 15 години, а 6,1 посто на 14 години. Дури 4,1 посто експериментирале со првата цигара на 11 години и помала возраст, информира д-р Даниела Чингоска,…
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат реализирани повеќе активности.
Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.
Во текот на неделата на животната средина ќе се реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “. Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со…
Општина Охрид во рамките на своите редовни активности, а согласно својата политика за примена на највисоки стандарди за заштита на животната средина, почитувајќи ја Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство и настојувајќи да ги спроведе сите препораки од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО (април 2017 г.), на 06.06.2018 година, со почеток во 11 часот, во големата сала на Општина Охрид, организира трибина за Студенчишкото блато и потребата од регулирање на пловниот сообраќај во Охридското Езеро посебно во делот на сместување на пловните објекти во организира…
„Физичкото образование е еден од најбитните сегменти во севкупниот образовен процес, кој има повеќекратни позитивни ефекти врз идниот развој на младите“. – истакна Наум Јамандиев, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.
Тој потенцираше дека спортската активност е клучен фактор за создавање на здрави генерации какви што ѝ се потребни на Општина Охрид.
Во таа насока, за потребите на жителите на Лескоец и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески“ со цел подобрување на физичкиот развој. Придобивки од овој проект имаат и сп…
Струшките советници денеска, на 24 тата седница на совет гласаа против предлог одлуката за забрана за педалинките на струшкиот брег од езерото.
Општината планираше за време на летната сезона да забрани паркирање и издавање на педалинки за пловење по охридското езеро за подрачјето на општина Струга. Но мнозинството од градските избраници отценија дека таквата одлука ќе им го намали приходот на голем број семејства кои значаен дел од средствата за егзистенција ги обезбедуваат преку издавање на овие реквизити за забава на вода.
Градоначалникот Рамиз Мерко, порача дека и без одллука на совето…