Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот планираат дека 2019 година Македонија ќе ја посетат 3,2 милиони гости кои ќе остварат 3,5 милиони ноќевања. Интенција на Агенцијата е да се задржат традиционалните туристи, но и да се отвараат нови пазари во светот кои би ги привлекле туристите да ја посетат Македонија. Нивните анализи на посетеноста на земјава во изминатите 6 месеци покажале дека бројот на холандските гости во континуитет расте од 4 до 5 проценти , а се зголемува бројот на гостите од европакиет земји. Бројот на хрватските гости е во пораст за 23 посто , грчките гости за 29 …
Во Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени. Центарот со големина од стоттина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници. Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Националниот парк Галичица, во…
Владата на последната седница ги задолжи сите органи на државната управа на своите интернет страници, или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под чијашто надлежност работат, да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки, огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор и склучените договори и известувањето за реализиран договор за 2019 година, преку автоматско преземање на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истото да го вршат континуирано.
-Владата на РСМ ги задолжи сите органи на државната управа, согласно утвр…
Зоран Заев и неговиот клан продолжуваат секојдневно да го понижуваат народот. Како што беше Заев осомничен за Поткуп, а Зоран судски реформатор, така советникот од ДУИ Усеини отвора Дивоградба, а „Нефи ИК“ се пријавува да руши дивоградби! – кажа денеска на пресконференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.„Заев најавува дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат! (МЕРКО БЕШЕ И МИНИСТЕР НЕЛИ? Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг! Тука градоначалникот прво вели немам капацитет за толку уривање, па се преброи на прст…
Државната комисија за спречување на корупција денеска укажа дека фирма на советникот од ДУИ Нефи Усеини не може да има деловна соработка со општина Охрид каде тој е член на градскиот совет. „Фирма што е во сопственост на лицето Нефи Усеини, или во сопственост на негови блиски лица, не може да воспостави деловни односи со Општина Охрид, каде истото лице е член на совет. Доколку, службеното лице постапи спротивно на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи“, – велат од антикорупциска повикувајќи се на член 51 од За…
Кандидатката за член на градскиот совет од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Живка Ангелоска на прес конференција се осврна на грижата за децата од предшколска и школска возраст. Таа потсети на активности реализирани од досегашната локална власт, како реконструктивните зафати во Централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ и клоновите „Развигорче“, „Росица“ и „Билјана“, како и изградбата на детските игралишта на патеката кон „Горица“, во ОУ „Григор Прличев“, во населба „Радојца Новичиќ“, во населба „Воска“ и реконструкцијата на дел од постоечките игралишта.
…
Јован Стојоски од АК Охрид на Европското првенство во Шведска, за прв пат во историјата македонската атлетика се пласира во финале и го освои 6 -то место на 400 метри. На сениорскиот куп во Охрид, охридските атлетичари во машка конкуренција се пласираа на 2, а жените на 3 место. Последните спортски резултат на атлетичарите даваат надеж дека охридската атлетика нема да згасне. Атлетичарот Стојоски дојде од клубот Црвен ѕвезда од Белград и ги мотивира останатите охридски атлетичари да не заминат од клубот и го подига рејтингот на клубот, вели Пецо Неданов претседател на УО на АК. Додава дека …
Ново лето, стара слика. Повторно дивите продавачи на бостан со камиони доаѓаат и се лоцираат на разни места низ градот продавајќи ги своите производи на диво, во несоодветни хигиенски услови и најчесто без фискална сметка. Оваа појава се провлекува години наназад, но никако да се реши.Тука треба инспекциските служби да интервенираат бидејќи секој има своја надлежност, во некои случаи треба и полицијата да интервенира, а и пазарната инспекција бидејќи најчесто овие продавачи немаат регистрирано фирма, вели Кристина Крлеска Деспотоска, директор на ЈП „Градски пазар“.
Од Локалната велат дека …