Авг 9, 2019

Актерите од Народниот театар Истанбул ќе ја играат преставата „Буре Барут“

Народниот театар од Истанбул ќе ја игра култната театарска претстава „Буре Барут“ на македонскиот драматург Дејан Дуковски. Режисер на претставата е Јилдирај Шахинлер. „Буре Барут“ е претстава која се прикажувала во многу европски земји и во светот. Ремек-делото е составено од 11 различни приказни поврзани во форма на една целина. Режисерот Јилдирај Шахинлер , е директор на Народниот театар Истанбул и е дел од актерската екипа . Шахинлер е почестен што е дел од фестивалот „Охридско лето. Како режисер практикувам импровизација, но се разбира, со дозвола на драматургот и засега тоа резултира…

Авг 9, 2019

Реконструкција на постојните и изградба на нови регионални и локални патишта во Југозападниот плански регион

Реконструкција на постојната и изведба на нова патна мрежа, подготовка на техничка документација за локални и регионални патишта за 2019, најавуваат од Центaрот за развој на Југозападниот плански регион. 8 -те одобрени регионални проекти тежат околу 1 милион евра, а се наменети за повеќе општини од планскиот регион, од повеќе извори на финансирање, вели директорот на Центарот Мирјана Лозаноска. Извори за финансирање на одобрените проекти се Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2019, како и Агенцијата за финансиска…

Авг 9, 2019

Aкцијата „Ретвитни оброк“ стартува од Охрид

Во пресрет Интернационалниот ден на млади, 12 август, Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ организира денови на млади кои ќе бидат исполнети со низа активности, денови во кои младите ќе може да се едуцираат, да ги надградат своите капацитети и да се забавуваат. „Во таа насока во периодот од 9-11 август организираме летна школа на УНМС на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица во која ќе земат учество над 100 млади лица при што ќе ги изградат своите капацитети, ќе научат повеќе за дипломатијата за ЕУ и организирањето. Во таа насока ќе има и проекција на филм, а традиционално ќе биде организиран и марш на Бе…

Авг 9, 2019

Ќе се подобруваат условите во примарното здравство

Со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, Министерството иницира активност за подобрување на условите во здравствените домови и другите објекти од здравството на Република Северна Македонија. Министерството за здравство информира дека пред неколку дена на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) ја отпочна постапката за јавна набавка на градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Република Северна Македонија. Заради подобрување на условите во кои се да…

Авг 9, 2019

„Парче душа“ утревечер на „Охридско лето“

Со стихови и со внимателно одбрани песни на Блаже Конески, актерот Љупчо Тодоровски Упа се обидува да ја анимира публиката и наново да го сврти вниманието кон рецитирањето како подзаборавено сценско изразување. Неговиот проект „Парче душа“ опстојува речиси една деценија, а Упа вели дека една и единствена цел на проектот е да остваруваме соништа и да им остваруваме надеж на сите гледачи и слушатели. „Парче душа“ насекаде наидува на убав одзив, подршка и благодарност кај гледачите. „Единствено на овој начин преку изведбата на актерите чијашто должност е да ги пренесат состојбите на душата и …

Авг 8, 2019

Од денес во Охрид на сила стапува мораториум за градење

Во Охрид од денес стапува на сила мораториум за градење. Тоа е одлука на мнозинството охридски советници на Градскиот совет во Општина Охрид со што се постапува по Заклучоците од 146 седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности.Oхридските советници покажаа единство за клучни теми важни за  градот, рече градоначалникот Константин Георгиески. „ Тоа значи од денес се воведува времен прекин на спроведување и донесување на Урбанистички планови, Урбанистички плански документации, Архитектонско урбанистичко проектирање на територија на општина Охрид. Времено се прекинува…

Окт 11, 2021

10 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Охрид

На 10/11.10.2021 година во периодот од 23 до 04 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли при што санкционирани се 10 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-01, Кичево-02, Дебар-01). Целта на собраќајните контроли е зголемување на степенот на сообраќајната безбедност и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата – информираат од СВР Охрид.

Авг 8, 2019

ДЕНОВИ НА ВИНО, СИРЕЊЕ И МЕД ВО ОХРИД

Во организација на Општина Охрид, Сектор за туризам и ЛЕР и оваа година ќе се одржат манифестациите: „Вино и сирење“, „Денови на мед“ и „Охрид крафт експо” во период од 9 до 16 август на плоштадот Крушевска Република. Посетителите на овие манифестации ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи од ова поднебје. Манифеставијата „Вино и сирење” ќе се одржи во период од 9 до 10 август 2019 година. Оваа манифестација ги има сите предуслови на своевиден регионален мини саем на кој се презентираат виното и сирењето. Манифестацијата „Денови на мед” ќе се одржи во период од 11 …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top