Авг 14, 2019

Од ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упатија обвинувања на адреса на директорката на ЈП Билјанини извори

Сашо Донев претседателот на ОК на Вмро Дпмне на прес конференција упати обвинувања на адреса на директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Донев, при тоа кажа дека со уцени и притисоци врз вработените барала да излезат и да гласаат за кандидатот на СДСМ. „Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: ,,секој глас е битен”. Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните претпријатија во Охрид за време на локалните избори? Зошто градоначалникот Константин Георгиески…

Авг 13, 2019

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ. Од таму потенцираа дека иако власта на СДСМ досега променила тројца директори, резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководел стручен и професионален кадар, кога биле одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години. Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот дека ја претапацир…

Окт 11, 2021

30-годишен охриѓанец со остар предмет повредил сограѓанин

На 10.10.2021 година во СВР Охрид приведен е Р.Ч.(30) од Охрид, кој претходно, во домот на З.С.(48) од Охрид, предизвикал вербална расправија и со остар предмет го повредил во левата натколеница. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Авг 13, 2019

Репертоарот на охридскиот театар ќе се збогати со уште една претстава

Репертоарот на охридскиот театар ќе се збогати со уште една претстава. Центарот за култура „Григор Прличев“ веќе е во преговори со режисерот Игор Ифковиќ од 1ви септември да започнат да подготвуваат нов проект, а тоа е претставата на Душан Ковачевиќ со наслов „Генерална проба за самоубиство“, која ќе биде финансирана од Министерството за култура. До средина на октомври треба да биде готова и Охриѓани да ја гледаат премиерата. Актерите во летниов период малку паузираа бидејќи во месец јуни заврши редовниот репертоар, а и голем дел од претставите на фестивалот Охридско лето се одржаа во Цента…

Авг 13, 2019

Електричните тротинети се повеќе ги има на улиците и шеталиштата

На нашите улици и шеталиштата во овие летни месеци е тренд да се возат електрични тротинети. Ова превозно средство станува се популарно и се користи за превоз до плажа, до продавница, по кејот. Досега од СВР Охрид не евидентирале сообраќајни несреќи предизвикани од лица кои управувале електрични тротинети. Посочуваат дека е потребно да се користи заштитна кацига заради лична безбедност на лицата кои ги управуваат тротинетите. Како и во многу други земји, ова превозно средство не е регулирано ни во нашиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од Министерството за внатрешни работи …

Авг 13, 2019

Под контрола ставен шумскиот пожар во близина на селото Велмеј

Ставен е под контрола шумскиот пожар кој три дена беснееше на планината над селото Велмеј. Пожарот бил пријавен во ТППЕ Охрид, на пладне на 11 август. Во гаснењето на пожарот не можел да се вклучи човечкиот фактор заради непристапноста на теренот и густата вегетација па на помош се вклучиле два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување. Авионите за гасење пожари со 10 лета интервенирале во справување со шумскиот пожар која зафати и опустоши над 50 хектари шума, претежно со ниска стеблеста вегетација и даб, информира дип. шум. инж. Јовче Цветкоски, раководител за безбедност на шуми во   Ј…

Авг 12, 2019

Од ОК Вмро Дпмне упатија обвинувања до Локалната самоуправа за состојбите во образованието

Катастрофална е состојбата во образованието. Нема ништо од најавениот инвестициски бум, ниту од грижата за најмладите, обвини на денешната прес конференција Сашо Донев, претседател на ОК Вмро Дпмне. Тој обвини дека Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески тоа го докажале со ребалансот и драстичното кратења на милионски суми и пренамена за враќање стари обврски. „ Од последните извештаи се гледа дека и од тие скратени средства во образование и детска заштита најголемиот дел се дозволило да бидат повлечени (извршени) од добро познати доверители. Зошто градоначалникот Г…

Авг 12, 2019

На охридските плажи нема знаци кои ќе ги предупредат капачите

Плажите се омилено место во овие екстремно жешки денови, но малкумина знаат дека кријат и безброј опасности. Капачите не знаат каква е конфигурацијата на дното на езерото, каде има карпи, а каде песок, колку е длабочината на водата на одредени места, кои се црни точки, дали има подземни извори и вртлози, дали на оние плажи каде има мост тој е безбеден и тн. Не беше така одамна кога на плажите, посебно на оние уредените и покрај хотелските комплекси постоеја знаци од кои можеа да се добијат вакви информации. Сега од некогашните обележја нема ниту траг, а нови не се сетил никој да постави.Ние…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top