Основното јавно обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако ја прошири истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше уапсена.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба, со тоа што преку Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец издејствувала на бизнисменот Орце Камчев да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот „Империја“. Според истрагата, Јанева се стекнала со 298,000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.
Јанева, според обвинителството, имала на…
Поради големиот интерес на охриѓани Црвен крст Охрид започнува нов, есенски циклус на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language). Подготовката, која во вид на часови ќе започне да се реализира на 05 септември 2019 г, ќе трае 10 недели, а ќе ја спроведува волонтер на Мировен корпус Македонија, кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид. TOEFL (Test of English as a Foreign Language) е најраспространет и светски прифатен тест за проверка на знаењата за англискиот јазик.
9000 унвирезитети, колеџи, агенции го признаваат тестот и тоа во 130 земј…
„Покажуваме дека може да се промени начинот на кој Охрид се грижи за своите жители, од сите села и населби, за децата, за младите, за постарите и оние на кои им е потребна посебно внимание, затоа што социјален град значи грижа за секој поединец кој го има својот дом тука, истакна на денешната прес конференција Снежана Дическа, кандидатка за советничка од листата на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“. Постојано ја негуваме солидарноста и меѓугенерациската почит и затоа во претстојниот мандат преземаме конкретни мерки за подобрување на условите за повозрасните лица, кажа Дическ…
Денес, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со директорот на средното училиште, Сашо Недески, извршија увид за текот на активностите.
Привршуваат работите околу изградбата на спортската сала во Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“. Најголемиот дел од активностите за изградба на салата, која се протега на 650 м2, се завршени, а во наредниот период следува финализирање на зафатите и опремување со сите потребни спортски реквизит.
Изградбата на салата е дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во сорабо…
Фестивалот Охридско лето запиша уште едно успешно издание во богатата фестивалска историја, изјави директорката на оваа национална установа, Наташа Поповиќ на завршната прес-конференција. На фестивалските сцени годинава продефилираа 500 уметници од 23 земји од светот, но и гости од земјава и странство кои допатуваа за да ја следат фестивалската програма, рече Поповиќ, на завршната прес конференција.
„Огромен беше бројот на оние кои бараа резервација за свеченото отворање што за нас е доказ дека „Охридско лето“ и годинава понуди квалитет што го препознаваат и надвор од нашите граници. Антич…
Двајцата јуниори кои се докажани натпреварувачи на бројни меѓународни натпревари, кои после 7 годишен труд се изборија за критериум за учество на Светско првенство. Тие покрај бројните меѓународни медали освоени на бројни турнири,тие успешно положија и за црн појас И дан, кој беше последниот критетиум.
Двајцата се во врвна форма поради подготовките за Светсктот првенство, одлична демонстрација на целокупната техника, тест на снага(кршење штици), специјални техники(кршење штици во висина со атрактивни удари), самоодбрана , физичка спремност, форми(борба со замислен противник), спаринг(борби…
Претставата „Одисеј“ со која завршува Фестивалот Охридско лето е копродукциски проект на театрите „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин театар и Театар „Навигатор“ од Скопје. Александар Попоски режисерот на претставата кажа дека за да се донесе оваа претстава на Охридско лето и да се соберат актерите од сите овие куќи е како да се состави мозаик на камчиња, слики кои пред 5-6 години се растуриле по светот. „Овие луѓе патуваат, играат, настапуваат насекаде низ светот и воопшто не е едноставно да ги со…
Фудбалерите на ФК Охрид на домашен терен утре ќе ги пречекаат противниците од струмичкиот ФК Беласица. Изминативе 40 дена поминаа во знакот на интензивни подготовки па охридските фудбалери ветуваат добра игра. Спортскиот директор, Александар Мартиноски ги покани љубителите на фудбалот утре на СРЦ Билјанини извори. „Да дојдат и да не поддржат. Ние за возврат ќе им понудиме добра игра и забава, а ќе извојуваме и прва победа оваа сезона“, кажа Мартиноски.
„Ние како стручен штаб сме задоволни од периодот на подготовки. Со сите сили ќе одиме на добри резултати. Играчите ги издржаа подготовките…