Совршено го опишавте Охрид во времето кога Вие и Вашата партија бевте на власт. Престанете да мислите дека охриѓани имаат кратко помнење како Вас, се вели во соопштението од Градоначалникот Константин Георгиески со кое реагира на изнесеното на прес конференцијата од страна на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев. Во реакцијата од Градоначалникот се вели дека граѓаните се сеќаваат на летните сезони со реквизити за урбана опрема на секој чекор, на целата улица „Кеј Македонија“ кошаркарски и боксерски реквизити, улицата „Ванчо Николески“ беше претворена во базен и насекаде т…
Во организација на Атлетска Федерација на Македонија изминатиот викенд во Куманово се одржа Националното првенство за Млади пионери/ки, генерација 2008-2013. Натпреварот се одржа на 09.10. (сабота) и на истиот Атлетскиот Клуб “Охрид трчаТ” учествуваше со вкупно 32 атлетичари. После одржувањето на натпреварот се одржа и традиционалниот атлетски натпревар по повод националниот празник 11-ти октомври, Атлетски Митинг “11-ти октомври” во организација на Атлетски Клуб “Куманово” на кој АК “Охрид трчаТ” учествуваше со еден свој атлетичар.
На првенството за млади пионери АК “Охрид трчаТ” ги пос…
Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески заборавија што сè ветија дека ќе испорачаат во Баку, на УНЕСКО, на ветувањата на oхриѓани, обвини денеска на прес конференција Сашо Донев, Претседател на Ок на ВМРО ДПМНЕ – Охрид. „Се прикрија зад Акцискиот план и спокојно уживаа гледајќи дивопоставени тезги на секој агол во центарот на градот и на бучната музика која доаѓаше од терасите и шанковите на блиските плажи, за кои ниту денар и годинава нема да е исплатен ниту во локалниот, ниту во централниот буџет.И додека во строгиот центар на градот познатите локал…
На 8 септември, Денот на независноста, на патеката од Св. Наум до Охрид, по 33ти пат ќе се одржи Меѓународниот атлетски маратон. Меѓутоа, неизвесна е неговата судбина. Организаторите од Здружението „Охридски атлетски маратон 2012“ велат дека и покрај сите напори за одржување на оваа манифестација, ова можеби ќе биде последното издание на охридскиот атлетски маратон. „Сите години се судиравме со проблеми околу обезбедување на финансиски средства и повеќе немаме сили да продолжиме и понатака да се бориме. Не се потребни некои големи средства. Со 5-6 илјади евра може да се организира, но нем…
Туристички водичи го чистеа од отпадоци Стар Град, на потегот Горна порта, Дебој, Антички театар, Св Софија до пристаништето. Тоа е рутата која е класичен и неизоставен дел од секој разглед на Охрид кој го организираат за туристите. Поразителни се коментарите кои ги добиваме од туристите дека се згрозени од ниското ниво на свест за јавна хигиена во едно рајско место како Охрид, вели Горан Устијаноски, Kапетан на Капетанија на пристаништа и лиценциран туристички водич. Устијаноски кој е иницијатор на акцијата на туристичките водичи додава дека основната цел не им е критика кон јавното комун…
Денеска започна целосна реконструкција на улицата „ АСНОМ“ од кружниот тек на булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“ во должина од 630 метри. Целосно ќе се реконстра коловозот, ќе се нивелираат шахтите и сливниците, ќе се реконструираат тротоарите. Вкупната инвестиција околу 9 милиони денари а работите ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга. Зафатите треба да завршат во рок од 60 дена.„Со завршувањето на главната туристичка сезона, започнуваме со реализација на планираните градежни и инфраструктурни проекти. Сметам за потребно да ја информирам јавноста дека летниот пе…
Периодот на преговарање, договарање и молење заврши. Почетокот на акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти во Охрид се брои во денови, категоричен Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. „Јас уште еднаш апелирам до сите кои што добиле решенија за отстранување на објекти , независно дали се тоа платформи, тераси, бетонски бази и друг вид на нелегално поставени и изградени објекти , не ден поскоро туку час поскоро да почнат сами да ги отстрануваат . Рушење во Охрид ќе има многу скоро и да немаме математики одпосле да почнат сами да си ги отстрануваат објектите. “ – …
Денеска се навршуваат 10 години од кобното утро на 5ти септември 2009та година кога во Охридското Езеро потона бродот Илинден и во смрт однесе 15 туристи од Република Бугарија. Пред спомен обележјето на градскиот кеј, букети свежо цвеќе положија заменик градоначалникот Ристо Николески, амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија Ангел Ангелов и генералниот конзул Димитар Иванов, претставници на Капетанијата на пристаништата, Здружението 5 септември, политички партии и здруженија на граѓани.
„Прво за нас на Балканот е важна модернизацијата, за членството во НАТО и ЕУ зошто мо…